Омилени стихови од македонски поети

  • Креатор на темата Креатор на темата F84EVER
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не сликам, јас водам љубов со платното

Беретка и мантил се артистички
дресови од некои други времиња.
Сликам гол, угол гол.
Целиот сум со флеки од бои.

Шарен, разнобоен, како паунот
што се перчи на платното.
Една капка ми падна врз курот
кој ми е дигнат затоа што
сликањето ми го дига.

Пастрмката и шишето црвено вино
нема да завршат како мртва природа –
виното ќе го испијам а рибата ќе ја
пуштам да плива на дното на сликата,

веднаш под рибата на мојата сакана,
која ми позира и кога не е тука.
Ја гледам како се шминка во таксито,
како ја отвора влезната врата,

како влегува во сликата како
во када со жешка миризлива вода,
и ме чека да ѝ го истријам грбот,
со четката за сликање.

Јовица Ивановски
--- надополнето: Sep 10, 2011 8:13 AM ---
Бевме, а сега не сме

Да не беше ти во мојот живот
и јас не би бил јас
она што сум сега
да не бев со тебе
сето ова време
и ти би била поинаква

Така, колку и да сакаме
било да се видиме
или ненавидиме
ние сме делови од другиот
и јас од тебе и ти од мене
и никој не нè прашува

Животот е сепак убав, возбудлив
а ние, вакви-какви сме
во овие тешки тела
кои јадат, пијат, пушат,
зборуваат, одат, спијат,
стареат и умираат
без моќ јасно да чувствуваме
нам ќе ни остане само
понекогаш да се чудиме
зошто некое куче, без видлива причина,
доаѓа да го погалиме
или зошто некоја проста песна (токму таа),
нè трогнува до плачење

Тихомир Јанчовски
 
Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."

И кога ко игла ти прободе уши -
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, -
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...

И после! И после - в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.

А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов - кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила -
ко елени брзи и лесни ко птица.

А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце
 
Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.
Ацо Шопов
 
П О Р А К А

Ела -
Нашето доодување допрва почнува!
Ќе го започнеме патот изутрина,
голема, бистра, единствена изутрина,
наша изутрина -
Ти понеси до грска - две разбирање
јас ќе ти донесам ракатка љубов
и ќе ти наберам недоброј стракови доверба,
штотуку никнати,
кревки,
затоа убави, -
И знаеш, во името на нас,
на сите зла што глодале низ нас,
дај да им речеме едноставно
Д О Г Л Е Д А Њ Е !
Нема тука што!
И да ги пратиме злата, еј дури онаму,
петлите денот кај не го будат,
кај нема зелени бушавости,
ни пчошки лај,
во таква невратка -
Така олеснети, смеолики, смеоносни,
со многу мир за претстојните немири,
светлооди, бистродуши, до зарек блиски
ќе си преминеме отаде Лета
за да веруваме дека никогаш
на овој брег не немало.


Гане Тодоровски - “Божилак“
--- надополнето: Nov 6, 2011 10:49 PM ---
Молчи!
Не кажувај ништо,
те молам,
и кога мислиш дека баш мора!

Не, не кажувај, голтни,
барем два-три реда.
Не сум јас слепа знај,
се`во очите ти се гледа!

Злата Бундалеска - Карапанчева
 
Псалм 103


Дали Те заборавивме
Или нè заборави?
Дали Те оставивме
Или нè остави?

Во очи ни погледни,
Низ душа ни помини,
До скришни темнини,
До темни изѕемнини,
И вера ни дај,
И верба ни дај,
Не нè оставај,
О, блажен Адонај.


Михаил Ренџов
 
Tamo zorata greit dusata
i s'nce svetlo zajdvit v gorata.
Tamo darbite prirodna sila
so s'ta raskos gi rasturila:
bistro ezero, gledas, beleit
ili od vetar sinotemneit:
pole poglednis, ili planina
-segde Bozeva je hubavina.

Tamo po s'rce v kaval da sviram,
s'nce da zajdvit, ja da umiram!


Константин Миладинов-Тага за југ
 
Кога ја љубев Дениција,
Како да калемев светлина на мракот,
Како да топев снегови фатени во движење,
Како да станував единствен сведок,
За бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
Како да му пронајдував брзина и на каменот,
Како да ја одделував душата од телото,
Како да го палев барутот
На тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
Како да внесував летен воздух во воздух зимен,
Како да добивав телефонска врска со сонот
Од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
Како што ги отварав пролетните аптеки,
Свестени во гласот од славејот,
Како што славејот ги спријателуваше небото и земјата,
Како што таа ми ја одземаше тежината,
Додека трчав кон неа,
Како што не можев да видам ништо освен неа,
Како што таа живееше додека јас умирав,
Како што и јас не знаев и како би умрел,
Ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
Како да учествував во создавањето
На првата Македонска Држава.
 
СПОМЕН ЗА СЛАВЕЈ

Тој час мој заден спомен да бим бидел —
Јас тебе, вишен Славеј, би те видел
И оној килим по рудини твои
Со златест прелив како со трепет сум пазел
По таа убост леко да би газел.
На цветна лака се намерив скоро,
Не цвеќе било — девојчинско оро,
Не цвеќе било — малесорски вити,
Со нивна лика гора лика кити.
Тој час мој заден поглед да би бидел,
Во сиња магла Струга би ја видел;
Од врвот вишен, пред нерврат да фатам,
О езеро, јас поздрав ќе ти пратам.

Блаже Конески
 
...Ти ме призираш од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започнува по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира
мислејќи само на тебе Дениција...''

Петре М. Андреевски
 
Во се’ да дојдам сакам јас
До сржта сама:
во труд во потрага на ат,
Во дневна драма
До суштината на своите дни,
До причината.
До корените нејзини,
До срцевината.
 
Лажни пророци

Ќе дојде време на лажни пророци
што божем во мое име
ќе ве збираат по плоштадите,
ќе креваат врева до небеси,
ќе се бувтаат во градите.
Немојте да им верувате!
Тие мислат само на себеси.
Бес ги распина внатре
душите да ви ги затре.
Тие варосани гробови!
Не да им станете робови!

-Блаже Конески
 
Младост од Ацо Шопов
Секоја утрина се будам млад како сонцето
што далгите но сонот ги позлатуво.
Како успокојува таа млодост непрестајно раѓана
и каква надеж обогатува!
Ho минат бргу миговите на утрината
и еве: вeкe и пладне наближува,
една мисла бавно над ведрината
потајно се спушта и загрижува.
A кога во нокта како пред огледало
минотото се слее вo иднината
беспоштедно ме прогонат во мракот
двете будни очи нa вистината.
Ho утредента пак станувам пробуден од сонцето
што далгите на сонот ги подмладува,
па не знам дали од љубов или од омраза
сo таа младост за се ме наградува.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
ДОЛГ и ПРАО

(на Крсте П. Мисирков)


1.

И кажа
за тие наши работи,
за тие болки
под саѓосаниот снег на лагите,
над таа црна земjа Македониjа
секоj збор ти беше вооружена sвезда.

" Време jет да отфрлиме
од очите наши мрежите..."

Време е нашите очи
кон своето сонце да се свртат,
и време е над ножовите
своj нож да кренеме,
да зборуваме за своjата жед
и за своjата чоештина,
да го прегрнеме сопственото име
- грозно извалкано, свирепо унижено,
но како здивот наш, како лебот,
како билките и сонцето
неуништиво, неспепелено во достоинството.

И кажа се'
што беше ти се збрало во чемерната душа,
го пресече jазелот на натрупаните нелепости
над името
на своjата милуана татковина.


2.

Со туѓа песна не jа китиме софрата,
со туѓи очи не гледаме во своjот леб,
не е доцна нашето наше да е,
не е доцна да си jа исполниме празнината.
Време е наш петел да пропее
и лебот да се дарува од оваа софра,
и да се sида каj што се запрело.
Време е да се распердашат лагите
и пред наша порта да си се жаламе.
Време е да се престориме невреме
за неканетите,
та црната им мисла
вратот да си го скрши. ...


http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=15594



http://www.youtube.com/watch?v=8gsaKiszdEw
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom