Мистичен
Човек
Најновиот предлог на посредникот во преговорите за името Метју Нимиц за државниот врв на Македонија е добра основа за решавање на спорот за името. Владата и релевантните политички партии од опозицијата имаат неколку суштински забелешки што деновиве ќе му бидат испратени на посредникот.
Тоа е суштината на трескавичната акција на шефот на државава Бранко Црвенковски, кој ги мобилизира Владата, опозицијата и поранешните министри за надворешни работи за да покаже висок степен кооперативност во преговорите со Грција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не застанал зад овој став и побарал повеќе време за добро да се проучат предлозите на Нимиц. Предлогот бил неприфатлив и за поранешниот посредник во преговорите Вања Тошевски и за Александар Димитров, поранешен министер за надворешни работи. Премиерот Владо Бучковски, пак, не оставајќи време за поширока дебата за предлогот за името, на лидерската средба најавил дека Владата позитивно ќе одговори на предлогот.
На македонската јавност веќе и се познати деталите на главниот документ на Нимиц. За државниот врв тие главно се прифатливи, иако многумина тврдат дека не станува збор за модификуваната двојна формула, туку за сосема нова, тројна формула со ограничен век на траење до 2021 година. Во предложената резолуција се навестува и отворање нови преговори, за 15 години. Проблематични се и две од трите варијанти за името што ги понуди Нимиц, бидејќи тие повлекуваат потреба за интервенции во Уставот.
Сепак, се чини дека најпроблематичен е прилогот на предложената резолуција. Во точката седум од прилогот пишува дека терминот „Македонија“ ќе се користи за означување географска област што опфаќа делови од неколку држави во регионот, вклучувајќи ја и Грција, и дека името е од важност за поврзување на нивните историски, културни и други основи. Нимиц предлага ниту една држава во меѓународната комуникација да не може само за себе да го користи името Македонија. Тоа подразбира дека Македонија го губи ексклузивитетот на името, а право да го користат добиваат повеќе балкански земји. Но, ниту една од државите што се предмет на спогодбата нема да тврди дека има ексклузивно право на придавката „македонски“, што значи дека сите ќе можат да го користат тој термин. Тоа, според упатените, значи дека не ќе може да извезуваме „македонски производи“, туку прво „производи од Република Македонија“, а потоа „производи од Republic of Macedonia“. Во графите за национална припадност и за државјанство, според овие толкувања, не ќе може да се впишува „Македонец“ или „македонско“, а јазикот, според прилогот на предложената резолуција, ќе се нарекува „Macedc“.
Иако Нимиц, како што дознаваме, официјално не поставил рок во кој Владата треба да одговори на предлогот, претставниците на државниот врв брзаат да одговорат, дури и по цена да не се постигне консензус меѓу релевантните политички субјекти. Меѓународните фактори вршат неофицијални притисоци, а и нашите сакаат да покажат колку се конструктивни, коментираат упатените. Причина повеќе е и тоа што премиерот Бучковски вчера требаше да отпатува во Брисел, каде што очекувале да го слушнат ставот на Македонија за предлогот на Нимиц. Министерката за надворешни работи Илинка Митрева ќе патува за Париз, а претседателот Црвенковски ќе биде на загрепската средба на државници од Централна и од Југоисточна Европа.
Американците веќе искажале нестрпливост. Амбасадорката Џилиан Миловановиќ завчера го прашала шефот на државава за неговиот став.