За мажите: машинка за бричење или стариот добар брич?

Здраво. Каде во Скопје може да се најде берберски бриџ - straight razor ?
Сакам да си купам. Гледам на интернет има евтини за по неколку долари. Дали некој се бричи со таков ? Мене меракот за таков бриџ ми е огромен. Поздрав
 
Пред месец дена купив Philips S1100/04, жичана машинка за бричење со три трклца или како ги викате..

Првиот пат, како што имам чуено и од други, се исипав на долниот дел од брадата каде е потенка кожата. Вториот пат многу понежно триев со машинката. Се опорави брадата за една недела. Кружно вртиш, ни прејако ни преслабо.. Сега немам никаков осип.

Разликата од брич е што не те пече кожата како што знае после бричење и е рамномерно избричена брадата. Кога ќе порасне расте како под милиметар.

Побрзо е да се избричиш со брич, но 2-3 мин повеќе не значат ништо ако знаеш дека крајниот резултат е подобар со машинката.

За баќембардите некако тешко ги фаќа, дури и со делот за тример на брада. Тука удирам двапати на суво брич. Ништо страшно.

Се на се, повеќе се ужива со машинка да се бричиш, а и кожата ми е помалку иритирана сега.

Thumbs Up.
 
Gillette Fusion во пакет со гел за бричење во Кам е 299 денари. Кертриџи 2 у пакет се 550. Која е логиката?
 
1aaf72309b8f7828692cb57f4f746a22.jpg

Кај нас кај може да се најде барем нешто слично?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
01_Mach3_razor_UK_dt.jpg

Ваков користам бидејќи и татко ми користи таков па купуваме по едно пакетче патрон со 4 во него жилети или како и да се вика сето тоа

Најчесто земаме и гел за бричење бидејќи гелот подобро бричи. Мене ме нервира што неможам убаво да си ја избричам брадата да ми е како бебешко газе мазно, мора 2-3 пати да поминам кај што не сум се избричил добро па се отупуваат жилетите и тоа на жилетите плавото горе кое немам поима како се вика се троши брзо.

Можеби сум пишал тука можеби и не но ајде ќе пишам
Не сум се бричел никогаш на бербер некако избегавам тоа и никогаш машинка не сум пробал.
 
Последно уредено:
Машинка за шишање, со двојка ја проаѓам, најдобра работа. Пари не фрлам, а и изгледа добро.
 
Порано користев Gillete Sensor Excel ама тие ножињата ги направија скапи како да се од злато па почнав да користам бричеви за една употреба и супер сум задоволен.
Последно купив од тинекс Bic 3 Action кога беа на акција и одлични се.
Сега гледам има на акција некои Wilkinson бричеви ама ги немам користено.
 
Кога не можев да најдам Gillete имав два пати купено такви пред една декада и веќе никогаш повторно. На најголем непријател не би му ги препорачал.
Една употреба со нив сфати ја буквално како една, пошто за повеќе не се. Она мекото горе се кине на парченца одма, влакната се заглавуваат меѓу сечилата и за жива глава не се вадат, а тие пак сечилата после првото бричење се распаѓаат. Да не зборам дека со нив се касапев, лом се правев. Не знам дали беше до нив, или јас бев толку неписмен тогаш.

Веќе подолго време си користам машинка и бричот ми е за овде-онде фаќање, па исто почнав да купувам од овие пофушарајските и најзадоволен сум од овие од КАМ.

lalin-man.jpg

Вредат ИЧ пари. И што е најбитно се за повеќе од една употреба. Бар со комбинацијава со машинка комотно тераат неколку бричења.
 
Долги години су користел Wilkinson Hydro 5 ок беше ама во последно време бааѓи ја иритираше кожата. Пробав ваков брич и сум засега презадоволен.

816F5YbsRVL._SL1500_.jpg

Одлично чувство и кожата нема гајле исто така долгорочно е поефтино.
 
Ми треба машинка за бричење и кратење на брадата, поточно не сакам до крај да се бричам туку да носам рецимо брада од една недела. Да ми препорачате некоја до 4000 илјади, од Нептун по можност зашто имам ваучери за таму. Јас ја гледав оваа ама не сум сигурен дали со оваа може само кратење на брадата илити стрижење како што го викаме ние.
 
Па со машинка за стрижење ја кратиш, ќе ставиш кое сакаш висина кец двојка тројка и тераш, тие за бричење ниско ја кратат на нула.
 
Ми треба машинка за бричење и кратење на брадата, поточно не сакам до крај да се бричам туку да носам рецимо брада од една недела. Да ми препорачате некоја до 4000 илјади, од Нептун по можност зашто имам ваучери за таму. Јас ја гледав оваа ама не сум сигурен дали со оваа може само кратење на брадата илити стрижење како што го викаме ние.
Јас имам една машинка за потшишување од Агротехна, ја користам околу 4 или 5 год. и сум задоволен. Ја кратам на нула брадата, чешлите за должина не сум ги користел никогаш. Не е гломазна и е практична за пакување кога одам по одмори/викенди. Имам и две за бричење, ама многу ретко ги користам. Тример немам користено, поим немам како е... Ова е моделот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom