Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
ovaa tema e edna od NAJDOBRITE temi na forumov, bravo za Sephirot so otvoril vakva tema, koja mnogu mi pomogna,pozdrav
 
Графичка картичка (или зошто поѓаволите неможам да заспијам секоја вечер)
Графичката карта е додатна копмонента која се шиба во компјутерот за да ви овозможи ненормални перформанси главно во видео игрите или пак во апликации за анимирање и проектирање. Постојат 2 компании кои што произведуваат графички јадра, а тоа се Нвидиа и АТИ (сегашно АМД пошто ги купија). Компаниите како Асус, Палит, МСИ, Инно3д итн само ги откупуваат чиповите од овие горниве и ги произведуваат графичките картички.

Е сега ОВА Е МНОГУ ВАЖНО! Бидејки постојат луѓе кои се лажат на бројките и мислат дека 8400GS е појако од 7950GT заради тоа што е нели 8000ка, моја должност е да објаснам како сето тоа функционира и ЗОШТО ПОЃАВОЛИТЕ 8400GS НЕ Е ПОЈАКА ОД 7950GT А ИМА ПОГОЛЕМ БРОЈ!!!


Ке ја земеме Нвидиа 7600GT пример.

-Првата бројка 7 означува број на генерација, во нашиов случај 7ма генерација на чипови од Нвидија
-Втората бројка означува КЛАСА на картичката (односно колку е јака!!!!) броевите од 1 до 4 се ниска класа, 5-7 се средна класа а 8 и 9 се висока класа. Затоа 8400GS e шит, пошто е со 4ка, а 7950GT е 10 пати побрза оти е класа 9
-Третата бројка означува ревизија на чипот, значи 7950GT е нешто подобрена верзија од 7900GT (ама не многу)
-Четвртата бројка е увек нула хехехехе
-Ознаката со букви на крајот на шифрата всушност означува до кој степен е функционална картичката во даден опсег на некоја класа. На пример 7600GS и 7600GT, двете се во иста класа, но GS ознаката на едната покажува дека јардото е нешто подослабено и дека е послаба од 7600GT, ова GT е ко кај автомобилите.


Графичките карти се компоненти кај кои најбрзо се развива технологијата и секој месец искача по нешто ново. Ако чекате на нешто, ке умрете од чекање, а ако фркнете премногу пари на графичка, наредниот месец коа ке излезе некоја дупло поевтина а дупло појака од вашата, ке се мавате од земја. ЗАТОА ВНИМАТЕЛНО!!!


sto si pisuval deka 7950 e pojaka od 8400 si se zasbal mnogu
sto ima vrska vtorata i tretata brojka
najvazna e prvata !!!!!!!!!!!!!
:vozbud::pos2::pos2::pos2:
 
Епа Миовски, слободно купи си 8400GS и после врати се на форумов да ме прашаш зошто неможеш да играш игри без да ти сецка ко ненормално! Јас нема да ти одговорам, само ке ти тргнам сеир малце.
 
На стариот мој комј. имав АМД процесор и неможев да заспијам од него ако го оставев преку вечер да работи,да даулодира нешто или.....загреваше ко трактор и од тоа цркна жалниот(изгоре:pos2:):salut:
 
Sephirot
Може ли малку податоци (подетални, искуство)околу споредувањето на активно и пасивно ладење.
Ме умреа тоа вентилаторите-бука
Сличајно ми се најде парче цца 1.5 кг спец. бакарна легура,изработив те го прилагодив да може да се прицврсти,и сега тера само со еден релативно спор но тих вентилатор на куќиштето, сега засега функционира до кога...
 
Пасивно е ок, се додека има нешто да го врти воздухот и да внесува свеж од надвор, како на пример твојот еден кулер. Све зависи од тоа колку TDP е опремата во куќиштето (колкава топлина ослободува). Ако имаш делови со висок TDP си наебал со пасивно.

Бтв ми дае идеја за статија, само треба прво да завршам со испитиве (до 15ти)па да напишам све за ЛЦД монитори па ова со ладењево. Дужам ептен:smir:
 
Си се снашол супер, само пази 1.5кг е многу за плочата и процесорот, глеј внимателно да го наместиш, да не ти се откорне нешто.
 
Не бери гајле за тоа Машинец сум, има систем еластични стегачи директно за носечката конструкција на куќиштето
 
Ова нешто се зафркаваш, или толку ти е знаењето? :)

[Sarcasm on]

Најважна во графичките е четвртата бројка.
Ако таа е 0 значи е произведена во Кина и е од спорите модели.
Ако е 1 значи е од USA и е Меинстрим.
А ако е 2 значи дека е оригинал од Шведска и растура.

Првата и втората бројка се небитни,а уште помалку дали е GS, GT или LE:kesa:

[Sarcasm off]
 
Респект за темава...
Само да прашам,колку е една плочка рам од 1 гига?? И од каде?
Фала однапред
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom