Што научивте од вашите родители...

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
па толерантен сум...егоизмот кај мене доага до израз кога барам цигара на гага...
али најважното е НЕ ПРАВИ ДЕЦА КОГА СИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ=ЈАС:vozbud:
има и куппозитивни работи и кои ги научив.....но оваа погоре треба да се има предвид......ако некете вашето дете да биде ромуланец:toe:
 
научив мноу работи од моите родители како на пример да не бидам нарцис да не се преценувам премногу дека сите се луѓе да не подценувам никој а со тоа воедно и да навредувам а и ќе учам уште многу
 
Научив многу како на пример да не избрзувам во одредени ситуации д не лажам и уште многу други работи
 
Научив дека колку и да негирам, 99% од ситуациите тие се во право. :toe:
Научив дека колку и да не можам да сфатам, прават се за мое добро.
 
Дека чист образот железни врати отвора...
 
Ме научија само да разликувам што е добро,а што лошо. После мое си е тоа како ќе го прифатам и по кои патишта ќе тргнам.
Никогаш не биле строги, не ме казнувале, имаат голема доверба во мене,се шо ми викаат е само : помисли со твоја глава
мое е како ќе го сфатам тоа..
 
Научив дека не сум баш секогаш во право. Дека треба да се борам за тоа што го сакам. Да бидам одговорна и совесна. Да мислам пред на направам нешто.
 
Научив никогаш да не велиш никогаш и дека општеството како што е не толерира искрени и нелицемерни индивидуи.
Научив дека не можеш да веруваш речиси на никого и дека ретки се оние луќе кои навистина ти мислат добро.
Ме научија да созреам порано од другите и да се соочам со суровата реалност
Ме научија да се осамостојам и да се борам за тие работи што ги сакам сама
 
Што научив од моите родители? За жал...само да не се мешам кај што не ми е место! Тоа ми е од пракса со нив! Научив да бидам се што тие не се, да бидам реална!:toe:
 
* Научив да ги сакам луѓето околу мене.
* Научив да почитувам.
* Научив да го ценам тоа што го имам.
* Научив да делам.
* Научив дека не секогаш ќе го добивам тоа што го сакам.
* Научив да се радувам на малите работи во животот,на ситниците.
А тоа што никогаш не го научив [барем не до сега] е дека...
* Избувливоста не ми носи ништо добро.Само лоши работи кои што подоцна тешко се поправаат.
 
научив многу работи, но најважно научив да бидам упорен во се што го правам и да не се откажувам за она што го сакам.
 
Научив многу како и сите ние. Но мислам дека во животот преку искушенијата најдобро се учи, да бидеш сам и полн со самодоверба дека се е возможно и никогаш да не се откажуваш.
 
Многу имам научено од моите, но татко ми гледајќи го и слушајќи го научив дека неможеш цел живот да се ограничуваш, плашејќи се од другите.. кој што ќе рече, кој што ќе направи..
татко ми, каков и да е, колку и да немаме некој татко-ќерка однос е човекот од кој постојано учам..
 
ништо посебно...да учам многу за да завршам факултет побрзо за да можам да си плаќам стан за да не ме гледаат појке дома :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom