Што научивте од вашите родители...

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
абе кој родител лошо му мисли на детето, тие си трубат, што е можно на подобри работи ме учат ама.....сега за сега не палат кај мене. здравје понатака може
 
Многу начив од моите родители...научив како да живеам....
 
Многу важни работи....искренос,лојалност,да имам цврст карактер, да разликувам шо е лошо а шо не! и уште многу сеа ама...
 
Ако сакаш да имаш доволно пари, треба да бидеш вреден и макотрпно да работиш, тоа е единствениот начин за материјатлна сигурност и Секој труд вложен во нешто, можеби нема одма, ама некогаш ќе ти се исплати.
 
Ништо... изгледа не по нивна вина....
Како тече време нивните грешки ги правам и кога ќе ми се случи некоја последица ми се враќаат бои од нивниот живот и си викам „ааа да!“.... ептен сум тупава како можеа толку тупава да ме остават, или не сваќав ништо па се откажале... треба да имаш нерви за мене да ме научиш нешто, нон стоп запаѓам во невољи и чудни фрки, пола живот потрошив на чудни непознати луѓе... да умрев не ќе знаев дека има луѓе што и гомцето што го сериш би го искористиле...
Секој родител прави се што може најдобро, некој мисли дека пари требаат трча по пари, некој по воспитување образование, секој негде претерува и негде крати ама прават најдобро што знаат... има дел што паѓа и на децата или ќе сватат ќе научат или животот ќе ги научи со тек на време.... тоа е.
 
Да не трчам во партии. Работа во државна администрација е за мрзливи и неспособни. :icon_lol:

Да ја сакам таа што ме сака мене.

Нема пријатели туку вечни интереси. Најдобар пријател е твојот брат.
Секој прави како што му одговара, луѓето не се такви како што изгледаат.:pipi:

Доволно е ова што го научив.
 
Зошто мислиш дека е лош?
Затоа што не вреди да бидеш лош со луѓето само затоа што некои (повеќето) би ти се качиле на глава, кога би бил добар. Со тоа што не си добар со нив, ќе си наштетиш многу повеќе себе си, одколку што вреди тоа што нема да ти се качат на глава.
Инаку, скроз ми е јасно дека денес, во ова општество, добрината не се смета за доблест, на која треба да и се одаде признание, туку слабост која треба да се искористи.
 
Затоа што не вреди да бидеш лош со луѓето само затоа што некои (повеќето) би ти се качиле на глава, кога би бил добар. Со тоа што не си добар со нив, ќе си наштетиш многу повеќе себе си, одколку што вреди тоа што нема да ти се качат на глава.
Инаку, скроз ми е јасно дека денес, во ова општество, добрината не се смета за доблест, на која треба да и се одаде признание, туку слабост која треба да се искористи.

Ако не си добар кон луѓето, не значи дека си лош нели. Има една сива зона на рамнодушност „што сакаш прави само мене не ме замарај“. Едно е да си добар, друго е да си лош. Немаш потреба лошо да им правиш на луѓето, али воедно и немаш потреба да бидеш добар кон секоја будала. Од фала не се живее, напротив се се злоупотребува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom