Што научивте од вашите родители...

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
Научив многу...
Научив да верувам во себе и да верувам дека ако имам доволно верба, успехот нема да изостане.
Научив да бидам искрена, она што сум; научив да бидам позитивна и насмеана.
Научив дека не треба да се предавам, туку да се борам.
Научив да бидам одговорна и вредно да работам; научив дека без труд нема ништо.
Научив да им помагам на луѓето секогаш кога им треба помош, дури и ако не ја заслужуваат.
Научив дека колку повеќе оставаш зад себе, толку повеќе наоѓаш пред себе.
Научив дека парите и не се толку важни во животот; се живее и без нив, ако има доволно љубов, хармонија и разбирање во семејството.
Научив да ризикувам, да не жалам за минатото, да одам само напред... научив да сонувам.
Научив дека и кога нешто е премногу тешко или црно, сепак треба да ја задржам смислата за хумор и да гледам на посветлата страна од животот.
Се што знам за животот научив од нив, а знам и дека имам уште многу за учење...
 
на одговорност,
принципиелност,
објективност,
ефикасност,
почит кон другите,
скромност,
сериозност,
рационалност,
култура,
неџаболебање за безвезе,
да гледам на кафе
да си носам чадор со мене ако е смуртено,
да проверувам дали е се исклучено пред да излагам,
дека ако стаам сол нема да се свари, а ак не стаам нема да се испечи,
и дека гордоста иде пред љубовта (и тука беа секоаш во право),
и како да се однесувам со моите деца.
 
Се надевам дека сте научиле многу....Ама на темава издвојте некоја поголема работа.


....Синко свести се , нема пријатели денес....се е од корист (ова од искуствата на татко ми ):toe:

istoto i mene mi go veli tato:pos2:
 
Штознам ретко прифаќам туѓи совети дури и да грешам нешто, повеќето гледам сам да научам што како а не од други било тоа дали се родители, роднини или пак пријатели. Не значи ова дека ништо баш не сум научил али сепак никогаш од никого не примам совети да ги прифатам целосно едноставно не верувам на никого освен на самиот себе знам барем дека со намера неможам да се зафркнам самиот :)
 
Мислев дека немав што да учам веќе.
Но сфатив дека до ден - денес немав научено која е границата до која треба да бидам толерантен према другите. И научив никогаш да не оставам на случајноста да го одреди моментот. Научив секогаш јас да си ја моделирам среќата.
 
Дека не се прават деца ради ќеиф на ку*от.
 
Дека љубовта кон оние кои не ти се семејство, не се цени.
 
Мене ме праеле у гз како би имала сасвим доволно среќа у животу да не треба ништо друго да ми биде кажано.
 
-Не седи на промаја.
-Не оди бос на плочки.
-Лубеницата е најдобар десерт у галаксија.
-Кога некој не се согласува со тебе, дери се.
 
Кој се вратил од странство во Македонија се заебал .
 
Не научив многу ама ми дадоа се што може да се даде , слобода да си бидам свој и да го видам светот со мои очи.
Најубавиот дар што може некој да го добие.
 
За женски,за другари,за животот,за проблемите и сите срања шо се имаат случено.. Ги ценам премногу !!!
 
Многу научив.Научив да бидам свој,да избројам до 10пред да донесам одлука,многу ретко може некој да ме испровоцира,научив и дека секогаш може повеке,дека тоа што е мое самото ке дојде,живеј денес но мисли и за подобро утре.
 
Да бидам чесна и искрена, да живеам од мој труд, да не се обидувам да бидам нешто што не сум и да јадам навреме хахахахха :)))) а да, и на промаја да не седам оти главата ќе ме боли :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom