Не знам дали сте ги гледале на А1, вести, имаат рубрика А1 сторија и прикажаа две фамилии македонски, едната од Битола едната од Кичево или Кочани не сум сигурен ги мешам

Луѓе, не сум можел да спијам два дена ако ми верувате. Бедотија невидена. Тој од Битола имаше ми се чини 5 деца.. 5 еј!! ПЕТ Македонци родил на ова време и животот го натерал да се појави пред камера и да изјави дека кога се враќал дома навечер без пари му идело да се запали со бензин со се целата фамилија... затоа што не можел да издржи веќе и по пет дена дома не биле јадени. Цела зима не се грееле.. куќата што да ви кажувам. Распаѓање. Тој од Кичево молел секој ден во проданица за леб и му давале се сожалувале комшиите.. и он имаше околу 3-4 деца, без мајка. Дома судови миеше со пепел затоа што немал пари сјај да купи... (додека пишувам раце ми се тресат ако ми верувате) Знаете ли колку напатеност видов во нивните очи. Човек, Македонец, татко.. достоинствен и во својата мака... ја изнесува трагедијата пред цела македонска јавност.. и? Никому ништо.. После тоа пуштам друга програма и ја глеам Рада (или било кој друг неќам да алудирам на партиска припадност, таа се погоди тогаш) како кења за евроинтеграцијата.
Што мислите како се осеќав?