- Член од
- 23 февруари 2005
- Мислења
- 2.460
- Поени од реакции
- 44
Барем четвртина од жителите се на работ на сиромаштијата, највисока стапка на невработеност во Европа, платите пак најниски на Балканот
Секоја новоимненувана македонска влада секогаш одново на големо ја прикажува својата успешност при изведувањето на општествените и стопанските противкомуистички реформи. Тоа го тврдат и во најновото дело на повеќе од 14.000 страни, кое го приложија минатиот месец во седиштето на ЕУ. Претставниците на македонскта власт очекуваат дека одговорите ќе бидат позитивно оценети и дека најмалата балканска држава уште во Септември ќе стане кандидатка за влез во високото европско друштво.
Многубројни угледни македонски економски аналитичари пак во тоа се сомневаат иако сакаат нивната држава што побрзо да стане членка на ЕУ. Се согласуваат дека државата е доволно цврста и сигурна откога во пракса заживееја бројни договори кои ги договорија пред три години. Според нивно мислење клучен проблем е дали сиромашна земја со уште посиромашно население може да стане членка на ЕУ. При тоа предупредуваат дека најмалку четвртина од населението живее на работ на сиромаштијата, дека Македонија има највисок степен на невработеност во Европа(скоро 40%), личниот доход на тие што се вработени е најмал на балканот(во некои области и стопански гранки загарантиранта плата изнесува едвај 40 евра, во Бугарија се искачи на 61 евра ). Надворешниот државен долг изнесува околу две миљарди долари, негативата со размената со странство скоро миљарда. Стопанството пропаѓа, македонските производи се неконкурентни и на европскиот пазар се потполно невидливи, домашниот пазар е заситен со странски производи.
Од осамостојувањето на македонското стопанство му оди многу слабо, во некои делови од државата секоја година е се полошо. Приватизацијата како темел за сеопшта транзиција, заостанува. Околу тоа, помеѓу другото зборува и податокот дека лани приливот од непосредните странски вложувања бил едвај 130 милиони долари(2003 година изнесувал 96 милиони долари). Општо гледајќи, со оглед на сегашната и некогашната стопанска моќ и природните ресурси, тоа е многу малку и со споредба со соседните земји(Црна Гора која има трипати помалку жители имаше приближно ист прилив на странски капитал). Очигледно е дека интересот на странските инвеститори и оваа година нема да биде поголем. Странските вложувачи повеќе ги интересира инвестирање во помали фирми со помала моќ, големите фирми се веќе пропаднати или работат со минимален капацитет. Можеби странските вложувачи чекаат на момент кога државата ќе се одлучи да го продаде еден од најголемите стопански гиганти(се споменува електро стопанството) и да добие највеќе пари.
Владините стручњаци навестуваат разни нови закони и проекти за излез од длабоката економска криза и при тоа со сигурност тврдат дека е последица од политичката нестабилност. Сега се покажа дека виното е сеуште еден од најважните извозни производи и дека се уште се продава добро на странскиот пазар. Во последно време навестуваат и зголемување на извозот на јагнешко месо, млечни производи и ран зеленчук.
При ова, владата смета на уште еден транзициски потег- изнајмување на странски стручњаци. Претседателот Бранко Црвенковски за свој економски советник го именувал Др. Владимир Глигоров, сега навестуваат дека во владата на премиерот Бучковски, како советник ќе дојде Теодор Вајгел, финансиски министер во владата на Хелмут Кол и еден од авторите на пактот за стабилност. Точно тие би го завршиле проектот за излез од економската криза. Инаку таквата пракса не е ништо ново. Своевремено, премиерот Љубчо Георгиевски за свој советник го имаше Анте Марковиќ. Иако не се знае точно колку во суштина тој помогнал во стопирањето на пропаѓањето на македонското стопанство, во Македонија тие заслуги не му ги признаваат. Вистината е дека сеуште тече судскиот процес помеѓу Марковиќ и македонската влада.
Дело, Љубљана 18.03.2005