- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.968
Странскиот блог „The Blonde Gypsy“ има стории за повеќето земји од светот, меѓу кои и за Македонија. Девојката која го води блогот, Лариса ака „Blonde Gypsy“ (Русата Ромка), напишала сторија за 15-те работи кои мора да ги знаете ако патувате во Македонија.
Таа Македонија ја опишува како земја во која се чуствувала преудобно, каде и да била, и дека била многу поподготвена за туристи за разлика од нашите соседи Косово и Албанија. Според неа, прашање на време е само кога Македонија ќе биде „нападната“ од џет-сетерите. Исто така пишува дека има многу работи кои мора и вредат да се видат.
Посебен акцент наметнува на убавината на Скопје, односно на проектот „Скопје 2014“, а исто така го споменува и Битола, како вториот по големина град и град кој не смее да се одмине. Секако не избегнува да се спомене и Балканскиот бисер, Охрид, местото каде, според неа, може да се види едно од најубавите зајдисонца.
Имено, не само градовите оставиле голем впечаток кај Лариса. Храната и виното се нешто што таа го оценува како одлично, а исто така фасцинирана е од нашето природно богатство, од тоа колку богата природа имаме.
Извор: denesen.mk
Целата статија напишана на англиски можете да ја прочитате тука
Дава интересен осврт на нашата држава иако во еден од коментарите оставени на статијата напоменува дека планира да дојде и на лето затоа што верува дека тогаш ќе ја начека истата во сосема ново руво.