Секоја Нова Година истиот кичерај!

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Возраст
36
Едно нешто не можам да сфатам. Во текот на целата година има пристојна и нормална гардероба по бутициве, барем во Скопје.
Каде побогу се губи таа гардероба за време на празниците? Се нудат само безвезно кичерајски парчиња, преполни со светки и штрасеви.

Мислам, океј е малку да се засветка за НГ, интересно е, невообичаено и гламурозно...ама да бидеш подвижна диско топка?

Цел избор се сведува на сатенски фустани (што повеќе личат на ноќници) или до пич, или да бришат паркет, наредени со секакви страни објекти.:icon_lol:

Заспива модата за Нова Година?
 
Богами заспива...секој пробува да изгледа што подобро и да носи нешто невообичаено...а на поголемиот дел од денешната младина вкусот за мода и за сопствен стил им е сведен на нула така да од нивните комбинации нема да испадне ништо освен или просечна комбинација за некоја прослава или некоја комбинација што ќе те направи предмет на исмејување и озборување.....
 
Зар вреди воопшто да се коментира?
Веке е банално.
Ама во никој случај неможеш да смениш ништо.Никој од нас.
Не знам како не им е глупаво само...
Сите се исти.Клонови.Толку ли немаат никакво чувство за креативност?
Да бидеш малку поразличен,да облечеш нешто поинакво од другите.
Сите сакаат да бидат забележливи.А како да бидат,кога секој е идентичен на претходниот.Досадна слика.
Секоја чест на тие што се доволно храбри да носат нешто што не е по стандард и со кое ризикуваат да бидат исмеани...
Сепак,на тие ке имаат гордост да кажат дека го следеле сопствениот разум.

п.с ко на пример ја...нели,секако...:pos2:

Богами заспива...секој пробува да изгледа што подобро и да носи нешто невообичаено...а на поголемиот дел од денешната младина вкусот за мода и за сопствен стил им е сведен на нула така да од нивните комбинации нема да испадне ништо освен или просечна комбинација за некоја прослава или некоја комбинација што ќе те направи предмет на исмејување и озборување.....
Инаку,ја и он у последно време трипуеме дека сме модни критичари,па ете за тоа се осетив доволно компетентен за да постирам на темава...:pos2:
 
Fabullous_178 напиша:
Инаку,ја и он у последно време трипуеме дека сме модни критичари,па ете за тоа се осетив доволно компетентен за да постирам на темава...:pos2:


пеер супер ни оди како модни критичари бе....поширокава маса да почне да прима модни совети од нас и да ги слушне нашите оцени за нивниот вкус и стил да ти кажам дека ќе има позитивни промени....пеер ние сме тука во велес андерграундот бе...ќе воведеме урбан андерграунд....:vozbud:
 
Едно нешто не можам да сфатам. Во текот на целата година има пристојна и нормална гардероба по бутициве, барем во Скопје.
Каде побогу се губи таа гардероба за време на празниците? Се нудат само безвезно кичерајски парчиња, преполни со светки и штрасеви.

Мислам, океј е малку да се засветка за НГ, интересно е, невообичаено и гламурозно...ама да бидеш подвижна диско топка?

Цел избор се сведува на сатенски фустани (што повеќе личат на ноќници) или до пич, или да бришат паркет, наредени со секакви страни објекти.:icon_lol:

Заспива модата за Нова Година?

Абе исто ќе биде секоја Нова Година додека има луѓе што ја купуваат таа „облека„. У некој од тренди бутициве, со цени да те удри гром кога ќе ги видиш, да стават фустан со лампиони на него, женската поопулација ќе се потепа која прва да го купи. Морам да признаам дека машките си имаат некои стандард комбинации фармерка, кошула и изгледаат сто пати подобро од накинџуренине девојчиња.
 
ова и јас го имам приметено , навистина лошо ехјјј аман со тие светки , реси , глупости _ЦИГАНСКА работа!

пс.Браво скулгрл за темава... убаво си го забележала хосов у продавнициве...
 
Така е-новогодишниот кичерај има голем број приврзаници.Ама мене ми е забавно како ги гледам растраштани да си купат што поатрактивен минич, светликав лилавкаст комбилизон, да се ,,дотераат,, и слично.Тој менталитет кој масовно се шири е одличен како предмет за исмејување и оценување како не треба.Ама некако како од година во година ништо да не се менува.Сепак мислам дека годинава има мало подобрување во однос на претходните години.Барем во мојот град.
 
После зашто не одам на шопинг пред нова година...

Ама како сум се изнасмеала во петокот, бившата наставничка по германски ми кажуваше што се случува по продавниците во трговски кога цените се изгор и вработените ги интересира само како да го продадат секое парче облека.
Си разгледува гардероба жената и се врти, гледа девојче облекло сатенска сукња која воопшто не и стоела убаво и ја правела да изгледа како тетка, ама продавачкава почнала : “Леле девојче, преубаво ти стои, купи си ја...“ и девојчево уште толку зе запалило.
Продавачкава се тргнала и професорката моја и вика : “Земи си нешто што ќе ти одговара на годините, не ти личи ова“, ама на девојчево нели, повеќе и одговарала реакцијата на продавачката и си ја купило сукњата.

Зборот ми е дека стварно претеруваат со кичерајски ствари, на кои премногу им ги дигаат цените и едвај чекаат некое зелено у паметот да ги банкротира родителите.
 
Lol.
Не би рекла дека секоја година е истиот кичерај.

Секоја наредна Нова Година се полош и полош е кичерајот.

Оваа година ми се чини полоша од претходната.
Одам да разгледам, и гледам:
Лилаво,лилаво,лилаво и златно,лилаво,лилаво и сребрено,лилаво,лилаво и црно,лилаво,лилаво и сиво,лилаво,лилаво..
и:
- црни чипкасти корсети со кожни златни додатоци и нормално: златен штрас.
- црни вечерни фустани, со сребрени риги и фарбели од чипка. И нормално штрас.
- Златно со сребрени риги блузичка ко за базен,со врвци околу вратот и на средина на деколтето еден брош огромен во форма на Плејбој зајачето и цело со циркони.
- Пантолони, какви и да се,од сатен да се.И штрас.
- Бунди а.к.а дифтици (јамболии), со шари како кравата Милка.
И тоа во разни варијации, црно со бели дамки, бело со црни дамки,крем со кафеави дамки,итд.
- Ташни:ЛИЛАВИ и ЦРВЕНИ: Лаковани со синџири,нитни,циркони,штрасеви,наводни змиски дезени, кичасти и глупи форми а.к.а тотално неупотребливи.
- Чевли и чизми: Лилаво,шпиц,штрас,чат-пат лаковани со синџири,лилаво,шпиц,шпиц,циркони,лилаво,лилаво,златно,златно и лилаво,лилаво и сребрено,лилаво,лилаво.

КАТАСТРОФИ!
Се прашвам наредната година шо ќе се деси. :pos:
 
Еј да стварно , одвај најдов нешто што е нормално во се. Многу малку светки има тоа што ќе го носам, колку ете Нова година бла бла, колку нема еуфорија толку последен ден купив што ќе носам зашто ама ич не се замарам, гајле ми е. Повеќе ќе бидат нагласени деталите, така сакав. А по бутиците катастрофа, и по Скопје и по други градови шетав по два дена во секој ама џабе. Многу кич, претерано кич, премногу светки и премногу скапо за просечен македонски џеб, нели?
 
Ах колку си во право, слично нешто се случува и по бутиците низ Струмицава, но јас не ја наоѓам вината во продавачките туку во самиот народ кој бара и купува токму ваква облека за дочекот, ко да е последното на свет и мора да биде лскаво сатенско или чипка. Дури и оние чиј стил е сосема поразличен од тоа, за Нова Година си купуваат нешто екстравагантно кое воопшто и не им прилега.
Причината? Па ваљда затоа што немаме кога и каде да носиме ваква облека, па дочекот ни се чини како идеална прилика. Сепак, тоа си е работа на вкус, а задачата на бутиците е да го задоволуваат нашиот вкус, што значи дека она за кое има побарувачка а кое се троши, и наредниот дочек ке биде повторно актуелно, и се така секоја и секоја година излозите ќе се преполни со кичести фустанчиња во кои девојчињата (зборува за девојЧИЊА зашто најчесто помалите сакаат да изгледаат кичесто за Нова Година, а постарите размислуваат дека не е толку значаен дочекот за да купат нешто што никогаш повеќе нема да го облечат) ќе изгледаат како лампиони. Ах па можеби и затоа бе сакаме да изгледаме како лампиони, зашто не потсеќаат на елка, елката на Нова Година, итн итн се соживуваме со празниците!
 
Катасрофа невидена, сите накитени како новогодишни елки. Претерано е она што се случува и што го има по продавнициве. Ама па и продавачките не се виновни. Виновни се потрошувачите, што бараат тоа и им се понудува. Потоа станува навика да се носат само светкави парчиња облека за Нова година.

Оние што не скаат да светкаат повеќе од елката, си избираат модел уште од поодамна и тоа е тоа. Сепак не сакаат сите да бидат кич на Нова година.:) Ама па се е до вкусот. Секогаш ќе постојат онакви кои ќе се залажат и ќе купат нешто мислејќи дека така ќе изгледаат повозрасно и поубаво (а всушностќе бидат само смешни копии една на друга, ама ајде).
 
Не е проблемот во тоа што се продаваат фустани како за на бал. Проблемот е во малолетничките кои сакаат да ги носат, а нема да слават на бал, туку во некоја гајба. И им фалат едно десет години за да им прилегаат на возраста.

Секој си купува според свој вкус, возраст и место каде што ќе слави.
 
Причината? Па ваљда затоа што немаме кога и каде да носиме ваква облека, па дочекот ни се чини како идеална прилика.
За ова изгледа се работи.Немање пари, и малку прилики да се изгледа подотерано од обично.Ама жалното е тоа подотераното за некои што претставува. Не ми е јасно оти тинејџериве еднаш не сватат дека не мора да се облечени како другите, дека слободно можат да бидат ,,дрски,, и да се облечат понеобично и да отскокнуваат од стандардот.Или барем некој да им каже дека треба да се облечат вкусно и долично за нивни години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom