Космофон понуди најниски цени за државната администрација

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во јавниот повик за избор на мобилен оператор за администрацијата, Космофон понуди најниски цени, и тоа за 30% пониски од едниот, и 50% пониски од другиот оператор. Во пакетот на Космофон нема месечна претплата, 2 денари е минута разговор, а 0,9 денари СМС порака.

Станува збор за годишен бизнис вреден десетици милиони евра, а доколку Владата го избере Космофон, тоа значи дека Премиерот, министрите, војската, полицијата и пратениците ќе добијат службени телефони со нов префикс.
 
Според она што беше спомнато во вестите, сегашната понуда е за трипати поефтина од тоа што го плаќале до сега.
 
Како сакаш кажи, тоа маѓарските фирми, керки фирми и сл. ќе останат најмалку без 1/4 од приходот(не профитот)
 
Ништо необично, кога владата прв пат склучи договор беа само мобимака сега има конкуренција. Како што реков ништо необично.
 
Абе во суштина КОСМОФОН се компанија која според редовните финансиски извештаи секоја година ја завршува со загуба.

Пред некое време беше објавено дека конечно компанијата годинава оствари подобри резултати (линк) со раст на приходите и намалување на загубата, па според ова се надевам дека цените понудени на тендерот се добро осмислени и покрај тоа што се далеку од стандардните и нормални цени, но овој пат се работи за голем корисник-нешто на што КОСМОФОН обрнуваат големо внимание и нивната политика главно се заснова на привлекување на големи корисници.

и уште ова оф топик: Честито t-mobile спонзорство на форумов, тоа значи дека и ние сме дел од маркетинг планот на овој моќен мобилен оператор.
 
Cosmofon nudi naj niski ceni za site :) i za postpaid i za prepaid i za ALO ALO fiksna telefonija:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom