Мистичен
Човек
Граѓаните по Нова година ќе плаќаат речиси двојно повисоки сметки за струја и во случај да остане сегашната цена за потрошен киловатчас, оценуваат професори од Електротехничкиот факултет. Со воведувањето на новиот тарифен систем од државната регулаторна комисија за енергетика, домаќинствата ќе имаат можност да трошат поевтина електрична енергија само девет часа во едно деноноќие (наместо 12 часа, како сега), додека цели 15 часа ќе имаат на располагање „скапа“ струја.
Само врз оваа основа, домаќинствата, практично, шест часа повеќе во текот на денот ќе трошат скапа струја. Предлог-тарифникот е полн со трикови и создава простор за манипулација и измама на потрошувачите. И цената на струјата да остане иста (1,2 денари киловатчас евтина, 2,4 денари скапа), ќе се зголемат трошоците при пресметките и на крајот домаќинствата ќе добиваат многу повисоки сметки - смета Ристо Ачковски, професор на ЕТФ.
Втор аргумент на експертите дека тарифникот силно ќе ги удри граѓаните по џебот е вредноста на ангажираната моќност, која со измените, наместо 1.33 денари, ќе скокне на 1,45 денари (45 отсто повеќе). Таа сума ќе се множи во сметката заедно со другите параметри, во кои сега ќе бидат вметнати и сезоната во која се трошела струјата и блокот на потрошувачката. Според пресметките на Ачковски, едно домаќинство што сега плаќа во просек по 2.000 денари месечно, со новините ќе мора од семејниот буџет да издвојува најмалку 3.800 денари месечно.
За „подебели“ сметки, вели тој, ќе се погрижат и трите тарифи, наместо досегашните две. Грубите калкулации кажуваат дека граѓаните ќе добиваат пониски сметки во летен период, но во зима, кога потрошувачката драстично се зголемува, ќе плаќаат дури двојно поскапо.
Новиот тарифник е многу сложен, создава можност за грешки и малверзации при читањето на струјомерите, а обичниот граѓанин многу тешко ќе може да ги разбере и да ги контролира своите сметки за струјата што ја потрошил - убеден е Ачковски.
За да се приспособат на новиот тарифник, граѓаните ќе бидат принудени да купуваат нови електронски струјомери за (три тарифи), чија пазарна цена е од 250 до 300 евра.
Од регулаторната комисија не се убедени дека граѓаните ќе имаат подебели сметки, со исклучок на оние семејства што трошат електрична енергија за затоплување (греалки, термопечки). Тие ќе бидат најпогодени и може со сигурност да очекуваат високи сметки, бидејќи, како што велат од комисијата, трошеле недомаќински.
Нив високите сметки ќе ги мотивираат да ја штедат струјата - велат од комисијата, а оние што ќе трошат до 165 киловатчаса ќе добиваат и помали сметки од сегашните - убедуваат членови на комисијата.
Според официјалните податоци од поранешното „Електростопанство на Македонија“, од вкупно 650.000 домаќинства во земјава, проблематични биле 56.000, кои во просек трошат повеќе од 10.000 киловат часа годишно или околу 30,6 отсто од вкупната енергија што се дистрибуира до граѓаните.
Ако им се верува на математиката на ЕСМ врз која е приспособен новиот тарифник, повеќето македонски семејства трошат од 200 до 500 киловатчаса месечно, а дури 27.000 потрошувачи трошеле по 84 киловатчаса. Енергетичарите последниов податок го оценуваат како нереален бидејќи едно домаќинство би потрошило 150 кв/ч месечно, по претпоставка деноноќно да држи вклучена само по една светилка.
Во регулаторната комисија очекуваат дека новиот тарифник да биде донесен најмногу за три месеци.