Владата бара мобилен оператор за државната администрација

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Проценките се дека јавната администрација и органите на државната управа годишно за мобилни и разговори преку фиксни телефони трошат околу 50 милиони евра
B649ED63D4F04E469BCCEE6C1A0E6642.jpg
Владината служба за општи и заеднички работи вчера објави јавен повик за избор на мобилен оператор кој ќе им нуди услуги на органите на државната управа во 2008 година. Според повикот, пакетот на услуги треба да содржи еднаква тарифа кон сите мобилни и фиксни мрежи, која ќе изнесува најмногу до 3,3 денари по минута разговор, тарифирање по секунда од почетокот на разговорот, бесплатни разговори помеѓу претплатничките броеви и минимален буџет за набавка на нови мобилни апарати од 7.000 денари со сим картичка. Владата во тендерот, кој е објавен врз основа на заклучок од седница бара цената за СМС и ММС пораките да изнесува најмногу два денари за порака и покриеност на мобилниот оператор на целата територија.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески неодамна во интервју за ВЕЧЕР најави дека Владата ќе распише тендер за избор на мобилен оператор, кој ќе и нуди услуги на јавната администрација. Според него, вакво нешто досега не било понудено бидејќи мобилниот оператор ќе се бира секоја година. Проценките се дека јавната администрација и органите на државната управа годишно за мобилни и разговори преку фиксни телефони трошат околу 50 милиони евра, па според тоа логично е изборот на мобилен оператор да се направи во транспарентна постапка.
Трите мобилните оператори во земјава вчера реагираа на рокот до кој треба да се поднесат понудите бидејќи тој траел само три дена, а во јавниот повик пишувало дека рокот на поднесување на понудите е пет. Операторите забележуваат и на тоа што повикот се објавува на само шест денови пред почетокот на новата година, кога и официјално стапува на сила новиот Закон за јавни набаки кој предвидува други процедури при јавни постапки.
-Со вакви непрецизни и нејасни рокови и одредби во јавниот повик се чини дека намерно се избегнува рокот за стапување во сила на закот за јавни набавки - велат од операторите.
C678603F233A9A4E803AE55852EB8DA5.jpg
Од Владината служба за општи и заеднички работи велат дека мобилните оператори непотребно реагираат бидејќи тие уште во петокот биле известени и писмено и усмено за јавниот повик. Дневниот весник во кој бил направен закупот требало да го објави повикот уште во саботата, а не вчера (понеделник) и затоа во него пишувало дека рокот на доставување на понудите е пет дена.
-Мобилните оператори за јавниот повик знаеја уште пред десетина дена. Ова не е класичен тендер. Откако ќе ги добиеме понудите од сите мобилни оперетори ќе објавиме тендер за избор на најповолна понуда - вели Васе Доневски, директор на Владината служба за општи и заеднички работи.
Според критериумите во владиниот тендер најповолната понуда ќе биде избрана врз основа на три критериуми - цената на секунда појдовен национален сообраќај, цената на роамингот и на СМС и ММС пораките.

Радмила Ј.НИКОЛОВСКА
Светлана БЛАЖЕВСКА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom