Едниот дедо е жив, господ да му даде здравје, со едната страна од телото е фатен но сеуште се движи со бастум пу пу да не го урочам. Душа од човек, живее во близина на моето школо па секогаш кога сум слободен одам да го видам затоа што гледам кога ќе ги види внуците е премногу среќен а со тоа и јас сум среќен.

Другиот дедо почина пред 9 години.

Си гледаше само за фамилијата друго ништо не го интересираше, работеше како директор во ОХИС, кога ќе го виделе работниците сите викале: бегајте директорот иде!

Кога бев мал ќе направев некоја беља па доаѓаа комшии на врата да се жалат од мене а ја и да бев и да не бев крив дедоми ме бранеше. Заедно гледавме Премиер лига, јас јадев млеко со кекси а он попара затоа што беше стар и болен. Уживаше да гледа бокс. Беше поштен човек, еднаш ќе се степаше со еден комшија затоа што го крадел во шах, едвај ги раздвоиле.

Имаше 2 браќа и 5 сестри, еднаш кога му беа на гости браќата беа да купат скара, едно 5 кила купија како што се сеќавам, но во скарата не им ставиле кромид. Кога му се вратија на тој го тераа пола вреќичка да чисти и да сецка.

Едниот беше кумановец а другиот галичанец (починатиот), пеколна комбинација сум јас.

Тоа ми оставило најмногу впечаток од галичанецот.