Нова ГОДИНА - леле шо ќе облечам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanes
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
Шо ќе носите за нова година???? Купивте уште немојте да се решите хехееееееее НЕШТО фармерчиња и ке го опнам капутон со некоја добра кошула хехе
 
Зар уште има луѓе кои се оптеретуваат дека мора да изнакупуваат нова гардероба за Нова година?
 
Штом ја отвориле темава...изгледа постојат.:nesvest:
 
Зар уште има луѓе кои се оптеретуваат дека мора да изнакупуваат нова гардероба за Нова година?

точно! не се замарам толку со ќе облечам за нова година....
сигурно нема да е нешто разголено ко за на лето и да се смрзвам :vozbud:
темава...:uvo:
 
У-ла-ла...

Добро што ме потсети.
Заборавив на козметичар да закажам!

Инаку гардеробата ја набавив од Грција, чевлите од Италија, шминката од САД ми ја прати тетка ми. Едвај чекам да дојде, само уште 8 дена . :pipi:
 
Танес бееее, ме изнасмеа вака сабајлечки. Ќе облечел капут со кошула - :pos:
 
нова година ко и секоја вечер, облеката шо е важна толку
 
Штом ја отвориле темава...изгледа постојат.:nesvest:

Ако се правиме на будали, не се замараме :)

Не дека јас сум преоптеретен, но секако дека ми е важно да изгледам ок на Нова Година...како и секој друг ден.

А можам да замислам по аналогија на математичка прогресија, колку за новогодишната гардероба се оптеретуваат луѓето (особено девојките) кои за секојдневно излегување на кафе во град трошат по саат и пол за селекција на облека.
 
Ако правиме будали од нас па да земеме и да се замараме.:)

Нова година си е Нова година. Мене искрено ден како и сите други денови. Значи исто како што се мислам што би облекла за најобично излегување, така и за фамозната Нова година. Сигурно дека не би се помачила да избирам балско светкави фустани, или што ти ја знам.
 
Ne se zamaram mnogu alisakam da izgledam ubavo za nova godina...si kupiv se so mi trebese za prva i vtora vecer...za treta :DDDDDne se optovarvam do tolku:D
 
Eпа јас се замарам за разлика од вас. Сакам да изгледам убо, впрочем сите околу мене ќе изгледат убо. Битно ми е да бидам убо облечена, не мора кузнеј шо, ама сакам да си бидам средена.
Сеуште немам излезено да видам шо располага Битолава, а сигурно ќе има нешто убо.
 
Eпа јас се замарам за разлика од вас. Сакам да изгледам убо.
Па тие што не се замараат не значи дека не сакаат да изгледаат убо. Убаво де.

Само не си прават ментална тортура дека мораат да купат тоа и тоа, да биде такво и такво...
 
Eпа јас се замарам за разлика од вас. Сакам да изгледам убо, впрочем сите околу мене ќе изгледат убо. Битно ми е да бидам убо облечена, не мора кузнеј шо, ама сакам да си бидам средена.
Сеуште немам излезено да видам шо располага Битолава, а сигурно ќе има нешто убо.
Тие што сакаат да изгледаат убаво, изгледаат убаво секој ден. Воопшто не сакам луѓе што се мачат да изгледаат убаво само неколку дена во годината, а другите денови се запуштаат.
 
Бидејќи не сакам да трчам на 31 по продавници и да гледам што ќе носам,таа обврска(да јас така ја гледам,како обврска) си ја завршив многу порано.
Си купив црно едноставно фустанче,ташна и ќе носам штикли кои што ми се преубави и немам потреба да купувам нови.
Задоволна сум од изборот,башка знам дека тоа ќе го носам и во други прилики и нема да бидам накитена како елка туку едноставно а убаво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom