Борат и Али Џи се мртви

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.299
Веб-сајт
www.flickr.com
Саша Барон Коен на Дејли Телеграф му ја откри суровата вистина дека одлучил засекогаш да се збогува со збунетиот казахстански новинар, како и со неговото хип-хоп алтер его, Али Џи.
”Се случуваше и по 14 часа дневно да живеам во кожата на Али Џи и Борат, кои многу ги засакав. Признавам дека фактот што никогаш повторно нема да ги играм тие два лика е прилично тажна работа. Тоа е исто како да се збогуваш со некоја сакана личност”, признава 36-годишниот британски актер.
Збогувањето со двата лика значи и крај за интервјуата со нив. По нивното создавање, Коен многу ретко зборуваше пред медиумите во свое име, сметајќи дека така му е полесно и позабавно.
”Ако целата промотивна кампања за филмот за Борат ја водев како Саша Барон Коен, немаше сето тоа да се развие на истиот и успешен начин”, вели тој.
По, “смртта” на Борат и Али Џи, Коен ќе најде утеха во австрискиот геј репортер, Бруно.

Хепа народе, спремајте се за уште еден филм на Саша Барон Коен.
Бруно се појавуваше и во Али Џи Шоу, каде имаше по скеч или два по епизода.
 
ц ц ц баш штета:(
ама човекот е цар и сигурно ќе има смешки и со новиот лик шо че го игра:)
 
баш беше добар како можеа ова до го направат
 
Де бе... и Борат не беше нешто којзнае што (а се откажа мислам дека заради женаму имаше најави дека ке го остави :)). Мистер Бин беше каде каде поарен. А ке смислат нешто, нема тоа така да остане.
 
Бруно е многу крш лик, не знам колку имате гледано цели епизоди од Али Џи Шоу. Таму има по една сцена во секоја епизода.
 
Borat bese mn interesen, steta so go pravat ova..
 
Ali G Стварно легенда стана
и Borat исто
Само Бруно му е онака баш заебан лик
 
и сеа нема да се смееме :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom