Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Еј, малце кумановски сквернавења. Во некои од околните наСЕЛби, има двосеК и тросеК :nesvest:
Секако, мислам на двосеД и тросеД.
 
Читајќи на форумов, неколку пати наидов на зборот синојка :nesvest:. Не, не, не :nenene:, никако. Вистинскиот збор е синоќа, сношти или вчеравечер .:wink:
 
Ме интересира интересира дали за неточни ги сметате зборовите петличе и вагани.
Инаку ова се зборови од Прилеп и прилепските краишта, ама најинтересен збор во прилепскиот дијалект ми е чколија.
 
Ме интересира интересира дали за неточни ги сметате зборовите петличе и вагани.
Инаку ова се зборови од Прилеп и прилепските краишта, ама најинтересен збор во прилепскиот дијалект ми е чколија.

Петличе и ваган се дијалектни зборови и не можат да се сметаат за неточни, туку само за зборови што не се влезени во Речникот на македонскиот стандарден јазик. :helou:
 
Сфаќам---Сваќам ?

Можеби на прв поглед темава изгледа смешна, но сигурен сум дека 30 % од форумџиите нема да знаат што е правилно:

-Сфаќам
-Сваќам

За оваа тема добив инспирација од една кавга помеѓу два форумџии, кои што се докажуваја што е правилно...

Инаку едната форма се користи за изговор, другата за пишување

ПоздраФ :)
 
Веќе има тема за правопис.
Инаку многу пати сум кажала и ете уште еднаш...
Се пишува „сфаќам“ со ф. :)
 
Се пишува сваќаш.
Јас незнам што ве учат на училиште,ама очигледно ви фалат малку од тие старите `даскалици` што ги имав(ф)ме ние.
А оној Божино...барабар заедно со учителката која што ја прашал може да си стави една единица колку цела граф(в)а и да не пробува да ја поправи додека не научи толку добро граматика што у 5 саат сабајле да го станат да знае одма што и како се пишува.
 
Правилно е сфати, иако многумина по некоја логика мислат дeка е со "в". Тоа со созвучјата во примери како грав(ф) не важи овде :)
 
Се пишува сваќаш.
Јас незнам што ве учат на училиште,ама очигледно ви фалат малку од тие старите `даскалици` што ги имав(ф)ме ние.
А оној Божино...барабар заедно со учителката која што ја прашал може да си стави една единица колку цела граф(в)а и да не пробува да ја поправи додека не научи толку добро граматика што у 5 саат сабајле да го станат да знае одма што и како се пишува.

Зошто даваш примери од други зборови, само тоа не ми е јасно...
Ако во други зборови се изговара Ф а се пишува В, овде е обратно...
Се држам настрана од понатамошни дискусии со тебе - Не вреди:smir:
 
сфатете дека се пишува сфаќа...

доста со тоа.. се пишува семавор.. се чита семафор :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom