Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Јас најпојке се смеам кога ке вели некој сТрамота :pos:или пак сТрање :pos: или пак сТредно :pos: :pos: многу смешно ми е
 
Мислам дека се се` должи на недоволната информираност, најверојатно. Или пак одредени поединци не ја разбираат структурата на граматиката на македонскиот јазик, а можеби и само сакаат да се истакнат ама тоа го прават погрешно.
Инаку "т" на крајот на некој збор најчесто се додава во западно-македонските наречја. Можеби пак се кажува кажуваат така зборовите за да исмејат некого, навистина не знам.
За "сваќа" и "сфаќа" најверојатно се должи на изедначувањето на согласките по звучност.
Сепак вакви грешки ми се неприфатливи.
 
И зошто ли зошто пишуваат „сваќа“ место „сфаќа“?:)

Инаку тоа „т“-то се провлекува во повеќе зборови (базенТ, ресторанТ).
Eјјјј....и мене ме нервираат тие луѓе што додаваат букви без потреба.
А па кога ќе слушнам "фЛизер" наместо "фризер"...:nerv::ija::zid:
 
Правилно е да се пиши со„Т“,ама се изговара без„Т“
СТрамота се пиши,а се изговара срамота(без Т),или ресторан-Т се изговара без буквата Т...инаку не е грев да се изговата со Т...телефоно-Т,обично го изговараме без Т
 
Само колку не си во право....

Срам, срамови, срамота, се срамам, се срами, се срамат....
Ресторан - (фр. restaurant) Значи кај нас е прифатено БЕЗ Т
Телефон (машки род) - телефонот, телефонов, телефонон , како и сите машки именки, кои за жал во Битола се изговараат без Т
 
Е Димитар земи граматика за основно одд,и ќе видиш дека сум во право:)
Прифатено е без Т само во изговорот,а во пишана форма е со Т...
ТелефоноТ е правилно напишан збор,меѓутоа телефоноТ не е правилно изговрен!!
 
Greska Delux! Pobaraj ja ti gramatikata....:vozbud:
 
Јас имам прашање, кога сме веќе кај грешките.
На вести (и на други места), кога и да гледам/читам, константно луѓево велат/пишуваат администраторКА, докторКА, адвокатКА, претседателКА, амбасадорКА, лекторКА, директорКА...

На страна што се кладев, ирелевантно е тоа сега, ме интересира дали именкиве навистина имаат женски род или јас сум во заблуда?
Фала. :)
 
Mислам дека поправилно е кога се употребува универзалниот термин,без КА(без женски род).
 
Mислам дека поправилно е кога се употребува универзалниот термин,без КА(без женски род).
А зошто да немаат женски род? Тоа што во минатото имало само доктори мажи, незначи дека именките треба да останат така.

Јас како маж не би сакал некој да ме вика администраторка.
 
[/B]

Greska Delux! Pobaraj ja ti gramatikata....:vozbud:
Има зборови кои се пишуваат со две исти букви,а се изговараат со една
-пролетта
-одделение
-сообраќај(овој збор можен е да се изговори со двете оо)
Шо мислиш,како се изговараат првите две зборчиња?
 
Правилно е да се пиши со„Т“,ама се изговара без„Т“
СТрамота се пиши,а се изговара срамота(без Т)
Друже, ова тука си го кажал и немој на друго место, пошто ќе ти се дупнат од смеење :)
 
Правилно е да се пиши со„Т“,ама се изговара без„Т“
СТрамота се пиши,а се изговара срамота(без Т),или ресторан-Т се изговара без буквата Т...инаку не е грев да се изговата со Т...телефоно-Т,обично го изговараме без Т
Отприлеп да не си ти?

Eве ти неколку примери од македонскиот правопис:

срам... срамови
срамеж... срамежот
срамежлив... срамежливиот
срамежливец... срамежливци
срамежливка...
срамежливко... срамежливковци
срамежливост... срамежливоста
срамен... срамниот
срами... срамат
срамлив... срамливиот
срамливка...
срамливко... срамливковци
срамни,...срамнат
срамница...
срамниче... срамничиња
срамник... срамници
срамнува... срамнуваат
срамота...
срамотен... срамотниот
срамоти... срамотат
срамотија...
срамотник... срамотници
срамотница...

Отвори речник/лексикон и побарај ги.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom