Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com
Во 2007 година Англија, со се земјите од Комонвелтот, кои се уште се под влијание на англиската традиција, прославија 60 години брак на актуелната англиска кралица Елизабета и нејзиниот сопруг - принцот Филип. Самиот факт дека двајца луѓе дури шеесет години живеат заедно, во брак, е настан сам за себе. А кога тој настан е од собата на англиската кралица, тогаш се работи за светска сензација. Токму така го разбрал ова и тогашниот британски премиер Тони Блер, кој го прогласи 20 јануари 2007, денот на шеесетгодишнината од кралскиот брак, за неработен ден.
Ова е исклучок во долгата англиска кралска традиција. Како што е исклучок и поклонувањето на кралицата Елизбета пред посмртниот сандак на загинатата принцеза Дајана. Никогаш претходно англиски монарх никому јавно се немал поклонето! А кралицата Елизабета, која го направила овој исклучок, добро ја знае традицијата: по кралицата Викторија, која 64 години владеела со Англија во 19 век, актуелната кралица Елизабета е најдолго на англискиот престол.
За таа пригода, државната телевизија БиБиСи емитувала документарец, во кој особено внимание е ставено на венчаницата на кралицата Елизабета, која во 1947 година ја креирал дворскиот креатор Норман Харнел. Венчаницата била со вел, долг повеќе од четири метри, извезен со мотиви од далечните земји кои во тоа време биле под англиското кралско влијание и власт. Во шиењето и везењето на венчалниот фустан учествувале 350 лондонски шивачки!
Во еуфоријата по повод шесте децении од англискиот кралски брак, отворени се многу теми на кои јавноста, особено онаа надвор од Англија, или заборавила, или првпат ги слушнала.