Скарани градови: Прилеп против Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата Arch Enemy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти не го одговори, значи незнајш или немаш завршено!

Дојди, види и уверисе сам:smir:!!!

Епа штом немаш завршено,биди тука следните 5-10 минути за да ти напишам подетален одговор.

Истражвањето за средовековна Битола почна од пред едно 30тина години.

До денес е утврдено дека Битола се протегала во централниот дел на денешниот град.

Ко се копаше градскиот пазар(за канализација)е откриена основа на ѕид долг 21 метар а широк 1.60 метри, 2 до 3 пати поголема од вообичаната дебелина за градски ѕид и тоа претставува дел од обрамбениот градски бедем.

Остатоци од средновековни градби најпрво беа најдени крај старио Безистен, потоа на улицата Иван Милутиновиќ, на булеваро Први мај, во црквата „Свети Димитрија“, во Јени-џамија, на битолското Кале и на други места.
Старио град во правецот југ кон север почнувал од реката Курделес, па продолжвал по левата и десната страна од теко на реката Драгор, опфаќајќи ја и Баирската населба. Во правецо запад кон исток постојат постари наоди кај црквата „Свети Архангел“ на влезот во градот, потоа околу Охридска улица се' до месноста Маркалиев Бунар под Јени-маале.

Според битолските археолози, најстара населба во средновековна Битола била Баирската.
Ова го потврдуваат и остатоците од катедралната црква (10-11 век) изградена во времето на цар Самуил, на локалитетот Кале, односно на битолскиот рид. Црквата била изградена како епископско седиште на тогашната патријаршија, а се претпоставува дека токму во неа бил крунисан за цар најстариот син на Самуил, Гаврило Радомир. :baeh:
Во внатрешноста на градот имало 77 манастири и цркви. Во 2002 година и практично се потврди тезата дека во темелите на џамиите лежат остатоци од средновековни христијански цркви. На пример, при сондажните истражувања во Јени-џамија се откриени темели од црква

Нешто поконкретно за средовековната црква св Ѓорѓи, на чии темели е изградена џамија.

http://www.makdenes.org/content/article/1757599.html

Тоа би значело дека во 10, 11 век овој простор бил епископско седиште и дека продолжил да живее и понатаму по пропаста на Самуиловата држава

Епископско седиште кај шо бил крунисан Гаврило Радомир,ок ?
 
Значи сепак нешто имало, не било само лединка!!!
 
Да,само проблемо со Битола беше шо за разлика од Охрид и Прилеп градбите и остатоците кај шо беа очигледни,во Битола требаше да се копа оти изгледа средовековниот град бил машки изгазен и како шо рековте Прилепчани,Битола стана голем турски град :kesa:,тука нема дилема дека Битола беше практично турски град и толку изграден и з

збогатен од турците и евреите шо се населија од Шпанија.(Ова е за Битола во турскио период)

А средовековна Битола,мала мистерија за многу луѓе,пак бил голем град и епископски центар како Хераклеа.
 
Да речите дека Битола во СРЕДНОВЕКОВИЕТО била позначаен центар од Прилеп е исто како јас да речам дека во ТУРСКО Прилеп бил позначаен од Битола.Едноставно има факти!!!
 
Зависи,средовековенио период јас го рачунам од кај 10 век до заземањето на Цариград од Турците 1453 мислам дека беше.

Во пораното средовековие,цар Самуил,Гаврил Радомир,Јован Владислав би требало Битола да е позначајна,во времето на В’лкашин и Марко , Прилеп е главен :toe:
 
Освен Охрид како подвижна престолнина на Самуил е Прилеп и Струмица.За жал Битола во тој период докажано е дека не можи да се спореди со градовите лидери во средновековието.Прилепската тврдина ја сочинуваат 3 одбрамбени појаси, од која остатоци има и денес, а онаму каде што е разурната се познаваат темелите.Па така отприлика може да се утврди како изгледал стариот град Прилеп со многу кули и порти,кој по својата површина односно големина е на 3 место на балкано.Континуиран живот има од железно време па се до подпаѓањето под турска власт со што почнува да опаѓа моќта на Прилеп.Значајно е што покрај богатите средновековни пронајдоци пронајдени се и монети од Аминта III и предмети стари дури по 6 000 години.Во подножјето на Марковите Кули би требало да се наоѓа Античкиот град Керамија за што сведочат многу од монетите и античките плочи со некакви натписи пронајдени во местото познато како ЗАГРАД, и на дел од населбата Варош, но местото не е истражено.Во југозападната страна во подножјето на Марковите Кули во средновековието се формирал и епископски центар со 77 цркви од кои денеска се зачувани 8 и често се на мета на посетителите од цел свет.Стариот град Прилеп или Маркови Кули како тврдина во еден од најживописните предели во нажата земја заедно со многубројните цркви остаток од некогашните 77 (го вбројуваат Прилеп како еден од најголемите духовни центри)се пред влез во УНЕСКО!:smir:
 
Да речите дека Битола во СРЕДНОВЕКОВИЕТО била позначаен центар од Прилеп е исто како јас да речам дека во ТУРСКО Прилеп бил позначаен од Битола.Едноставно има факти!!!

Имаш некоја топ листа на средновековни значајни градови? некоја цариградска листа?? или и ова испаѓа како листата на УНЕСКо за која утврдивме дека од Прилеп нема ни трага ни гласа.

Која средновековна комисја го прогласи Прилеп за најзначаен град и каде е тоа објавено?

Дали си ги читал пишувањата на Садуин (хроничар) и Хусеин кои го опишуваат освојувањето на Прилеп и Битола од страна на Тимурташ, Прилеп се предал веднаш без борба (јакиот утврден град) додека Битола била долго и жестоко освојувана или како запишале Турците “се воделе жестоки борби а бојното поле се претвори во алеја на беда и пустош) За разлика од Прилеп кој ги отворил портите и им се предал на Турците, Битола дбила да ја прифати турската власт и долго давала отпор. Турците по освојувањето ги разурнуваат градските зидишта на Битола и го палат и пљачкосуваат градот (додека Прилеп соработува и е веќе Турски град.
 
Освен Охрид како подвижна престолнина на Самуил е Прилеп и Струмица.За жал Битола во тој период докажано е дека не можи да се спореди со градовите лидери во средновековието.Прилепската тврдина ја сочинуваат 3 одбрамбени појаси, од која остатоци има и денес, а онаму каде што е разурната се познаваат темелите.Па така отприлика може да се утврди како изгледал стариот град Прилеп со многу кули и порти,кој по својата површина односно големина е на 3 место на балкано.Континуиран живот има од железно време па се до подпаѓањето под турска власт со што почнува да опаѓа моќта на Прилеп.Значајно е што покрај богатите средновековни пронајдоци пронајдени се и монети од Аминта III и предмети стари дури по 6 000 години.Во подножјето на Марковите Кули би требало да се наоѓа Античкиот град Керамија за што сведочат многу од монетите и античките плочи со некакви натписи пронајдени во местото познато како ЗАГРАД, и на дел од населбата Варош, но местото не е истражено.Во југозападната страна во подножјето на Марковите Кули во средновековието се формирал и епископски центар со 77 цркви од кои денеска се зачувани 8 и често се на мета на посетителите од цел свет.Стариот град Прилеп или Маркови Кули како тврдина во еден од најживописните предели во нажата земја заедно со многубројните цркви остаток од некогашните 77 (го вбројуваат Прилеп како еден од најголемите духовни центри)се пред влез во УНЕСКО!:smir:

Интересно и за Битола пишат дека имало баш 77 цркви , како шо ти пишав погоре,а и то епископски центар кај шо бил крунисан царо Гаврил Радомир.
Изгледа ко ќе видиш во Македонија сегде цркви и манастири без број :toe:
А и самата Хераклеа Линкестис суштествувала во прераниот среден век,темното доба,како најголем град во Македонија заедно со Стоби и била потврдено епископско седиште.
 
Во многу од архивите и записите на средновековните патеписци и писатели.Самите остатоци се доказ а не зборуванјето на празно.Исто така еден од нашите преродбеници во неговата поема запиша "Прилеп тоа славно име"(Димитар Миладинов или Рајко Жинзифов мислам беше).На секој мој податок ти си толку длабоко погоден и возвраќаш со провокација или се правиш слеп при очи.Не знам дали би ти одговорил ако продолжиш вака "конзулски" да се однесуваш a изгледа тоа и го сакаш.
 
Можи оттогаш и нетрпение на Битола со прилеп, кога Прилепчани преминаа на Турска страна и без борба се предадоа. Веројатно (како Турски град и тврдина) од Прилеп идеше и помош и храна за Турците кои ја напаѓаа Битола.
 
Имаш некоја топ листа на средновековни значајни градови? некоја цариградска листа?? или и ова испаѓа како листата на УНЕСКо за која утврдивме дека од Прилеп нема ни трага ни гласа.

Која средновековна комисја го прогласи Прилеп за најзначаен град и каде е тоа објавено?

Дали си ги читал пишувањата на Садуин (хроничар) и Хусеин кои го опишуваат освојувањето на Прилеп и Битола од страна на Тимурташ, Прилеп се предал веднаш без борба (јакиот утврден град) додека Битола била долго и жестоко освојувана или како запишале Турците “се воделе жестоки борби а бојното поле се претвори во алеја на беда и пустош) За разлика од Прилеп кој ги отворил портите и им се предал на Турците, Битола дбила да ја прифати турската власт и долго давала отпор. Турците по освојувањето ги разурнуваат градските зидишта на Битола и го палат и пљачкосуваат градот (додека Прилеп соработува и е веќе Турски град.

Во тоа време градот го бранеле само мал број на војници, но историчарите тврдат дека најголемиот дел од војската на Волкашин , Крали Марко па и на Самуил била од Прилеп и прилепско и дел од Струмичко!!!Помирисе!!!Прилепчани отсекогаш биле воинствен народ кој знае што сака!!!
 
Во тоа време градот го бранеле само мал број на војници, но историчарите тврдат дека најголемиот дел од војската на Волкашин , Крали Марко па и на Самуил била од Прилеп и прилепско и дел од Струмичко!!!Помирисе!!!

Ако Прилеп го бранеле “само мал број на војници “ кое е твое произволно тврдење а Битола била била добро бранета и утврдена и давала долг и жесток отпор до крај, значи во тоа време Прилеп бил треторазредна и неважна населба а Битола силен утврден град кој го бранеле до последен.
 
Можи оттогаш и нетрпение на Битола со прилеп, кога Прилепчани преминаа на Турска страна и без борба се предадоа. Веројатно (како Турски град и тврдина) од Прилеп идеше и помош и храна за Турците кои ја напаѓаа Битола.

Нетрпението доаѓа од тоа што покрај скромната историја на незначителната Битола, во 18 век Турците Битола ја прават еден од центрите на европскиот дел на Турција, а Прилеп од 1395 год. почнува да ослабува и од трговско-санаетчиски центар да се преориентира кон производство на тутун поради слабата економска ситуација.
 
Турците биле јунаци кои освоиле големи пространства и владееле со векови над разни народи
И тие знаеле да ценат јунаци и храбри луѓе и со презир да гледаат на предавници и кукавици.
 
Ако Прилеп го бранеле “само мал број на војници “ кое е твое произволно тврдење а Битола била била добро бранета и утврдена и давала долг и жесток отпор до крај, значи во тоа време Прилеп бил треторазредна и неважна населба а Битола силен утврден град кој го бранеле до последен.

:pos2:Цел балкан го смета Прилеп за еден од најдобро утврдени градови а ти негираш!!!:pos2:ова е крај на програмата!!!:pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom