Фан Клуб: ПСЖ

  • Креатор на темата Креатор на темата centarec
  • Време на започнување Време на започнување
20651926.jpg
 
Вчера пријателската со Челзи заврши 1-1. По едно добро полувреме за двете екипи, првото за нас, второто за нив. Сите играчи кои што се на турнеата добија шанса да играат.

Следна пријателска е против Вашинготон во сабота вечер во 1 и пол.:)
 
Силва дупе невидено!!!!!
 
кога се прекина вечерва со ДЦ Јунајтед?на полувреме или па продолжи?
 
кога се прекина вечерва со ДЦ Јунајтед?на полувреме или па продолжи?
На средина на прво полувреме. Саат време имаше прекин па после продолжи.

Иначе Ибра во првата акција воопшто во ПСЖ постигна гол, одлично отварање на кариерата во клубот, се надевам дека така и ќе продолжи.:P
Еве го голот.
 
da gi vidime princevive sto ke napravat , ke gi bide ili ne :D


aj avtogol maxell :D
 
Очај.

Среден ред како и да немаат ПСЖ. Овој Шантом 3 фатални грешки напрај, што конечно една од тие фатални грешки мораше да ја казнат Лориент. Бодмер е тежок просек, без никаква идеја и техника а игра клучен креативец моментално во утакмицава и конечно овој Верати прв пат го гледам а толку го возвишија детето што стварно очекував нешто вау од него али во првиве 45 минути е дух на терен.

Се на се ништо не функционира вечерва за ПСЖ што повеќе и од сигурно е дека ќе го забележат првиот пораз. Па откако ќе се врати Пасторе би требало да се потсреди средниот ред и дефинитивно и те како ќе се потсреди одбраната со Силва.
 
Лоша утакмица вчера, поточно лошо прво полувреме, се гледа дека не се уиграни сеуште поготово средината каде имаше доста грешки. На полувреме изгледа Анчелоти ги искарал убаво па друга песна се пееше во второто полувреме. Имаше игра и шанси само фалеше завршница. Сигурно имаше над 10 шанси во второто полувреме, меѓутоа слаба реализација и затоа е 2-2 а можевме и пресврт да направиме.Се на се, фалеа неколку играчи од прв тим, некои се приклучија покасно на подготовки па не се спремни така да би требало понатаму се подобро и подобро да се игра. А и овие Лориент ни се баксуз некој. Лани исто во прво коло ни се паднаа и изгубивме, оваа сезона нерешено. Ај барем подобар старт имавме од лани што ќе рече титулата нема кај да бега.:P

Шала на страна, не гледам некој тим што би бил конкурент оваа сезона, можеби Лил ама и тие не ми се нешто посебно. Единствен проблем би можел да биде истиот поради кој и лани не освоивме - многу нови играчи и им треба време за уигрување.

Од новите засилувања Ибра даде 2 гола и беше добар, Лавеци имаше доста грешки ама ко за прва утакмица не е лош, исто и Верати имаше неколку грешки но со оглед на годините и неискуството ок е. Неколку пати даваше добри долги топки во празно, не за џабе го викале новиот Пирло.:D
 
Gi gleav hajaltsite, Ibra 10 gola mozese da dade ... pokraj tie 2, i uste 10 da namesti, ako nema povredi sezonava ovoj igrac ke go rusi rekordot vo postignati golovi vo prvenstvovo milion %, a i PSG rutinski ke osvojat.
 
Им текнало да отворат официјален канал на Јутуб на овие од лигата, па ај да ги промовираме малку.:D
ПСЖ - Лориен

Сако изјавил дека нема да си оди, а можно е Луиндула или Оаро или пак и двајцата во пакет да одат на позајмица во Малага.
Нескенс Кебано кој што е најавуван како голем талент ќе оди на позајмица во Каен во втора лига.

Наредна утакмица е со Ајачио на гости. Ќе биде жустро на тоа стадиончето мало, се надевам на прва победа сезонава.:)
 
Нека се замараат другите со репрезентации, овие си уживаат со скара.:P

553663_511386068887787_1758644868_n.jpg



Вчера капитенот Жале го имаше првиот настап за Франција. Редно беше после толку фалење од Анчелоти. Шала на страна апсолутно заслужено му е после добрите игри лани а и на припремите.

Му текнало на овој да се прибере.:)
549737_10151377952473298_1170595836_n.jpg
 
Тапа игра вчера, тапа тактика од Анчелоти без вистински напаѓач. Средината многу слабо играше, фалеше играч кој ќе ја пренесе топката од средина до напад а кога ќе се направеше шанса фалеше некој кој ќе финишира. Се гледа дека не се уиграни и треба да помине време за да се среди тоа. А и тешко е да се игра на гости на Корзика, доста "жежок" терен е а и теренот како терен им е катастрофа, права нива.

Наредна утакмица со Бордо на домашен терен. Бордо е солидна екипа која би требало да се бори за излез во Европа така да ќе биде тешка утакмица. Се надевам на прва победа сезонава.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom