Фан Клуб: ПСЖ

  • Креатор на темата Креатор на темата centarec
  • Време на започнување Време на започнување
Јбг имаше уште неколку души пишуваа ама ги снема у последно време:)

Од идната сезона се очекува наплив на "фанови":P


Откако дојде Анчелоти по дифолт и јас го пратам тимот кај што е тренер. Така беше и со Челзи а и ете сеа ќе биде и со ПСЖ. Никогаш не сум следел француско првенство, само онака површно, но некако интересен е стилот што се игра и брз и динамичен фудбал се практикува, бар на овие утакмици што успеав да ги ѕирнам последнава со Евиан и против Тулуз.

А на место си дека ќе има наплив од фанови од следна сезона гарант арапите нема да штедат на трансфери, а и верувај Леонардо - Анчелоти ќе бидат win win ситуација мислам дека ќе напраат супер тим за да им парираат на најдобрите во ЛШ наредна година.
 
Откако дојде Анчелоти по дифолт и јас го пратам тимот кај што е тренер. Така беше и со Челзи а и ете сеа ќе биде и со ПСЖ. Никогаш не сум следел француско првенство, само онака површно, но некако интересен е стилот што се игра и брз и динамичен фудбал се практикува, бар на овие утакмици што успеав да ги ѕирнам последнава со Евиан и против Тулуз.

А на место си дека ќе има наплив од фанови од следна сезона гарант арапите нема да штедат на трансфери, а и верувај Леонардо - Анчелоти ќе бидат win win ситуација мислам дека ќе напраат супер тим за да им парираат на најдобрите во ЛШ наредна година.
Нешто слично на италијанско првенство е, многу тактика меѓутоа доста поотворена игра и како што викаш брз и динамичен фудбал. Сеа не е како во Шпанија или Англија ама ете нешто измеѓу.
Иначе тоа италијанското го влече Анчелоти па мора да игра со 3 дефанзифци во средина, се надевам само привремено додека не се врати Пасторе.:)
Кога сме кај Пасторе, почнал да тренира со остатокот од екипата и можно е да изигра некоја минута со Ница во недела.:)
 
Последниве две утакмици со Ница и Монпеље нерешени и сега имаме само еден бод предност пред Монпеље а 6 пред Лил.

Еве хајлајтс од утакмицата со Монпеље. Бомба на Алекс за водство, а после за израмнување добар пас од Пасторе до Менез кој ја измрда одбраната на Монпеље и му додаде на Оаро кој само ја бутна топката во гол.:)

Наредна уткамица дебри со Лион на гости. Се игра во сабота во 21.

Во купот во четврт-финале ќе играме со Лион на домашен терен, најверојатно на 20ти Март.;)
 
Страшна утакмица синоќа, до последна секунда. Еден другар ја имаше икс и ја гледавме душата муизлезе
 
Vo letniot preoden rok, klubot ke se obide da go dovede vo svoite redovi clenot i defanzivecot na Real Madrid, Pepe. Se naveduva deka francuskiot klub e spremen da ponudi 25 milioni evra za portugalskiot fudbaler..:sneaky:
 
Малце падна у форма тимот. Последниве неколку утакмици или нерешени или вадење во последни минути. Вчера и пораз од Лион во купот.
До крај на првенството има 10 кола. Потешки утакмици се наредната против Бордо, со Марсеј и со Лил. Другите се горе-доле лесни, мада со оваа форма тешко и тоа. Веројатно ќе ги среди Анчелоти па ќе се радуваме на лигашка титула после 18 години:) Моментално бегаме 2 бода на Монпеље и 9 на Лил.

Како што пишав погоре, наредна утакмица е со Бордо дома во недела во 21. После смената на тренерот Бордо се дигнаа малце и се на 8мо место. Најверојатно нема да играат Маќсвел и Шантом кои се повредени. Како и да е одиме на победа:P
 
Вечерва француското "Класико" ПСЖ - Марсеј. Двете екипи се во лоша форма, последниве 4 утакмици немаме победа, а Марсеј пак во последните 13 утакмици во сите конкуренции имаат 12 порази:) Меѓутоа ова е дерби и формата не игра никаква улога, поготово што ова е најголемото дерби во Франција. Пред првата утакмица сезонава бевме во одлична серија па сепак изгубивме 3-0.
Иначе утакмицава нема да се игра на Паркот на принцовите туку на Стад де франс поради големиот интерес и од бизнис гледна точка повеќе им одговара на Арапите.:P

Мора да се тепа вечерва биејки вчера Монпеље тепаше и ни бега 3 бода со утакмица помалце. Заостанатата утакмица ќе ја играат во среда и тоа на гости со Марсеј. Ај може најомразениот ривал ќе ни направи услуга за да ја освоиме титулата.:D
 
Една убедлива победа против Сошо од 6-1, за да се врати малце самодовербата и да се покаже дека не се откажуваме од титулата по неколкуте слаби утакмици.
Монпеље си реди победи и тоа со некои бош голови ама јбг и среќата е дел од фудбалот. Бегаат 2 бода и имаат +1 гол разлика од нас. Наредно коло играт на гости со Тулуз кој се бори за 3то место па се надевам ќе кикснат. И ние имаме тешка утакмица против Лил на гости и ќе биде многу тешко али на мака се познаваат јунаците.:)
 
Отиде титулата..:mad:
После овој глупав пораз од Лил разликата меѓу со Монпеље е 5 бода на 4 кола до крајот. Незнам што бараше Анчелоти да го става во второ полувреме Сако, кога супер си беше одбраната. И секако по глупавиот фаул Сако добива црвен а Лил пенал и со играч повеќе ја свртеа утакмицата за 5-6 минути. Па уште во ситуација кога само победа му врши работа го вади Нене и го става Лугано, ко божем ни одговара резултатот и ќе се браниме до крај.
А и како ја почна со тројца дефанзивци во средина си мисли уште е во Италија и ќе тера со копачкиот фудбал.:facepalm:
 
Како се менуваат работиве упм, еден кикс на Монпеље и ете ги на 3 поени од нас и повторно сме во трка по титулата. Е сега интересно е што и Лил се вклучува во трката и се на -5 од Монпеље, а на -2 од нас. Имаат и меѓусебен дуел овие екипи па на нас би ни одговарало победа на Лил за да ни направат услуга за титулата (се разбира доколку си го завршиме нашиот дел од работата):)

Еве ги головите од вчерашниот меч со Сент Етјен. Стрелзи Нене и Пасторе. Добра игра од наша страна можеше и поголема да биде победата, но како и да е трите бода се најважни.

Наредно коло играме на гости со Валенсиен кој е на 5 бода од испаѓање па ќе имаат за што да играат и не очекува тешка утакмица. Монпеље игра на гости со Рен и тоа без Белханда кој им е еден од главните играчи па ете шанса за враќање на првото место.:)
 
Ние некако си ја завршивме работата, победивме 3-4 на гости кај Валенсиен, ама и Монпеље си тепаа. Сега ни останува идното коло да се надеваме дека Лил ќе ги победи, а верувам ќе имаат мотивација, бидејки сеуште се во трка за титулата.

Еве ги головите од вчерашниот меч.

Наредно коло играме дома со Рен.
 
Големи вложувања ова година ПСЖ заслужува да биде шампион и според прикажаното ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom