143 400 - Помош за поплавените подрачја

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Како што се собравме и дониравме за Србија, а потоа и за ланските поплави низ другите делови на Македонија, ајде и сега да се организираме и да им помогнеме на луѓето кои сега настрадаа.
Подолу се неколку поста од Фејсбук, надоврзувајте се со понатамошни информации за собирни места за донации.
Може да се приклучите и на групата на Фејсбук.
На оваа мапа може да ја следите состојбата и да најдете каде има активни пунктови за донации.
Бројот за донации е 143 400 од сите оператори.

Доколку сакате да донирате преку банкарска трансакција тоа може да го направите на следниве сметки:
Донација на средства во денари:

Фонд на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
жиро сметка: 300000001327966
даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка


Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228


ФОН универзитетот дава бесплатно сместување во десетина апартмани
Почитувани - Të nderuar,
ФОН Универзитет ги отвара вратите и нуди бесплатно сместување и згрижување на лицата кои го изгубија својот покрив на главата во синоќешните поплави.
Десеттина апартмани од студентскиот кампус кои се наменети за визитинг професорите ќе бидат ставени на располагање се до почетокот на новата академска година 15 септември.
Воедно во кампусот ќе се отвори и пункт за сите хумани луѓе кои сакаат да донираат неопходни намирници за настраданите во поплавите.
Ве молам доколку познавате лично некој од настраданите пренесете им ја оваа информација со цел да им помогнеме што е можно побрзо!
Со почит ,
Сефер Цаноски Генерален Менаџер на Универзитетот ФОН
Контакт телефон 02 244 5569
Лица за контакт-
-Илоски Зоран (менаџер на студентскиот кампус) 070 215 428
-Емине Јакупи 072675911
Хотелот Мега исто така дава бесплатно сместување


Паркинг Општина Центар овозможува бесплатен паркинг за возилата на настраданите и сместување во нивните деловни простории


Донирајте, споделувајте и дополнувајте практични информации!

Напомена: Темава НЕ е за политички расправии, исправање криви дрини и кооперациски муабети меѓу експерти за метеорологија, сообраќајни инженери и слични сезнајковци. Сите постови кои се во таа насока ќе бидат избришани.
 
Последно уредено:

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
pustiv 200 d ne e nekakva suma se nadevam deka ke odat vo vistinski race ,utre ako ima punkt vo resen ke odnesam voda i imam dve led elericina mozebi ke im se najdat na lugeto kaj so nema el energija ,ke kupam i nekoja konzervi riba i kasicki za decinata
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ти, ти што мислиш „абе ајде ја ќе им донирам, нека си средат таму владите, општините, кај јас со просечна плата/студент сум/неам кеш ќе донирам“, смени го мислењето!
Погрешно е, верувај. Значи, не размислувај повеќе. Земи го ебаниот телефон и сврти на 143 400. Сега. Веднаш.
Не дај Боже да ти затреба и тебе еден ден...
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Донирав 200 денари. Не се тоа пари кои ќе променат нешто, но ако се собереме цела држава и донираме сите по 200 денари тогаш има значење. Синоќа имав идеја да разговарам со колегите од мојата фирма и сите да собереме парични и материјални средства и да ги донираме колку што може побрзо.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Донација на помош во: храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина и други артикли можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст.
Донирајте ја вашата облека во контејнерите за собирање на облека, на следниве локации:
-Пред Црвениот крст на Република Македонија
-Пред Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз“
-Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ општина Аеродром
-Пред општинската организација на Црвен крст Карпош
-Пред општинската организација на Црвен крст Чаир
-Пред ТЦ Скопје Сити Мол

Пунктови за донации во Скопје:
1. МИТ Универзитет, Центар, City Gallery 10-17 часот
2. Поранешен Жито Лукс, ул Иван Аговски бр 10, Карпош 1
3. Сите основни училишта, општина Аеродром, 8-20 часот
4. ВЕРО центар, од 13 часот
5. НАНО бар во Дебар Маало, секој ден, 8-01 часот
6. Момин Поток
7. ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ 25-ти Мај се наоѓа во Ченто таму е крајниот пункт за предавање на донациите
8. Општина Гази Баба
9. Во ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром во Горно Лисиче и Долно Лисиче е отворен пункт за собирање на донациите, 8.8.2016 г. од 8-22ч
10. Пункт за оставање и за подигање донации во Инџиково: кај автобуската кај игралиштето.
11. Хуманитарна организација " Св. Спас " – Драчево, Информации на тел. 078/383-743 отец Оливер
12. Кисела вода, пред маркетот Веро, 8-20 часот
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183



БРАВО, СЕКОЈА ЧЕСТ (y)
Сите фирми што се во можност треба ова да го направат. Можеби неможат да донираат сите 1 милион денари, но колку што можат сепак е помош.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Гази Баба бара доброволци за расчистување на последиците од невремето

Општина Гази Баба апелира до сите граѓани на Република Македонија, кои имаат желба, волја, време и простор, да се вклучат како доброволци во акциите за справување со последиците од обилните врнежи и катастрофалното невреме што ја зафати оваа локална самоуправа.

Граѓаните кои сакаат да се вклучат во акциите за чистење на теренот, може да се пријават во општината Гази Баба на телефонскиот број 02/322-6655. Можат и во три временски интервали, во 10, 13 и 17 часот да дојдат во просториите на општината, на улица „Архимедова“ бр.2, од каде организирано ќе бидат однесени до населените места каде се спроведуваат акциите.

Пожелно е граѓаните кои ќе се вклучат во акциите, доколку се во можност, да понесат со себе и определен соодветен алат, кој ќе им помогне во работата.

– Граѓани на Скопје и на Македонија, повеќе од добредојдени сте да помогнете да се справиме со заеднички сили со оваа природна непогода, порачуваат од општина Гази Баба.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.178
Колко стотчиња порано сам пуштаја за џоинт,греота е ск да не пушту некое стотче за расплакани лица. У било какфи случаји, а највише у овакфи, треа да бидемо ЗАЕДНО!
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Од нашето семејство неколку стотина денари досега преку јавување, се надевам дека ке имаме време и да купиме нешто од средствата кои се потребни и ке ги оставиме на пункт.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Треба да се јавиме 10,000 пати за да се соберат 1,000,000 ден. колку што донираше телекабел и шпаркасе поединечно (за овие само знам), и не викам дека нема поента да се јавуваме и донираме тука сакам да прашам каде се најголемите македонски компании, нели чувствуваат некоја општествена одговорност да споделат од милионите евра добивка за луѓето кои изгубиле СЕ, како на пример: Телеком, Т-Мобиле, Рудник САСА, Усје, ВЕРО, Адора Инженеринг, Лукоил, ВИП-ОНЕ, ЕВН, Битолска Млекара, Реплек, Пивара, Алкалоид, КАМ, ОРКА, Тинекс, Спорт-Лајф...и др.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Треба да се јавиме 10,000 пати за да се соберат 1,000,000 ден. колку што донираше телекабел и шпаркасе поединечно (за овие само знам), и не викам дека нема поента да се јавуваме и донираме тука сакам да прашам каде се најголемите македонски компании, нели чувствуваат некоја општествена одговорност да споделат од милионите евра добивка за луѓето кои изгубиле СЕ, како на пример: Телеком, Т-Мобиле, Рудник САСА, Усје, ВЕРО, Адора Инженеринг, Лукоил, ВИП-ОНЕ, ЕВН, Битолска Млекара, Реплек, Пивара, Алкалоид, КАМ, ОРКА, Тинекс, Спорт-Лајф...и др.
па добар дел донираа веќе..

http://www.fakulteti.mk/news/16-08-09/telekom_kje_donira_2_000_000_denari_za_semejstvata_od_poplavenite_podrachja.aspx
http://www.fakulteti.mk/news/16-08-09/vip_so_donacija_od_1_000_000_denari_za_nastradanite_od_nevremeto.aspx
http://www.fakulteti.mk/news/16-08-09/ugd_donirashe_25_toni_pakuvana_voda_za_poplavenite_podrachja_vo_skopje.aspx
https://www.facebook.com/pages/Alkaloid-AD-Skopje/158292730878865
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
пишав неколку пати на фејсбук сега ке пишам и тука... ве молам проширете ја оваа молба предлог идеа ....

значи треба да се побара од поголемите нафтени гиганти како што се макпетрол лукоил макоил и останатите бензиски станици за секој литар наточено гориво да одвојат по половина денар во наредните недела дена барем и тие пари да се искористат за помош и санација на сега веќе разрушените подрачја.... и онака имаат милијарди можат барем едно хумано дело да направат - исто како што направи макоил за поплавите во србија и пред некоје време за во тетово.!

нешто како ова
 

Kajgana Shop

На врв Bottom