Малолетници во театар

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.307
Од поодамна практика е средните школи и професорите по македонски јазик да организираат групно одење во театар на учениците.
Така во театар добиваме група на луѓе која е помлада од 18. Галами, не ја интересира претстава, се глупира, се смее кога има и кога нема потреба, ја отежнува работата на актерите, на редарите, им смета на оние кои дошле со љубов да гледаат... бла бла бла.
А знам и за пример низ разни театри кога актерите револтирано ја напуштале сцената, знам за примери кога не толку револтирано, актер излегувал на сцената да моли за мир за да може претставата да се одигра. Зар не е ова патетично?

Од друга страна одењето на театар на младиот човек е од важно значење за оформување на личноста.

Што правиме? има ли место за дебата на темава?
 
Има место за дебата. Да почнеме од тоа дека сите генерализации се неточни, вклучувајќи ја и оваа:).

Прво, не сите малолетници се однесуваат како наведениот пример. Има некои кои навистина ги интересира претставата, а не се дојдени само за да покажат какви мангупи се.

А освен тоа, публиката и над 18 не е цвеке за мирисање. Не е дека галамат, или се смеат неконтролирано, ама не го научиле непишаното правило дека после секој чин не се ракоплеска.

Во моето прилично долго искуство во одење на театар, ми се нема случено некој актер да си отиде од сцената. Е сега, постарите и поискусните актери знаат за време на галамата да направат пауза и да чекаат таа да се смири, а оние помладите продолжуваат со глумење, и ние сме осудени да слушаме ракоплескање наместо репликите на актерите.

Чаре за ова не гледам, единствено да прават посебни претстави за училишта, а посебни за редовни посетители, затоа што друга опција - нема.
 
Има место за дебата. Да почнеме од тоа дека сите генерализации се неточни, вклучувајќи ја и оваа:).

:helou:
Сите генерализиации се неточни, но велат “покрај сувото и суровото гори“
noodle напиша:
А освен тоа, публиката и над 18 не е цвеке за мирисање. Не е дека галамат, или се смеат неконтролирано, ама не го научиле непишаното правило дека после секој чин не се ракоплеска.
Се сложувам, но е ирелевантно
noodle напиша:
Во моето прилично долго искуство во одење на театар, ми се нема случено некој актер да си отиде од сцената
Сакаш да кажеш дека лажам? Актер си замина од сцената, и таа не продолжи.
noodle напиша:
Чаре за ова не гледам, единствено да прават посебни претстави за училишта, а посебни за редовни посетители, затоа што друга опција - нема.
Јас гледам. Родителите дома да си ги дигаат малку на клоци децата и да ги воспитуваат место да им купуваат мобилни телефони.
Второ решение е да нема карти по училиштата. Кој навистина сака да дојде, ќе дојде. Попуст за ученици е друга работа.
Трето решение е како што кажа, иако тогаш претставите за ученици ќе бидат калакурница (се извинувам за фрнацускиот)
Четврто решение е отстранување од салата на оние кои очигледно не им е таму местото иако тоа е малку неизводливо признавам.
Петто решение е... колку сакаш ќе најдам. Ако сакаш да решиш еден проблем, ќе го решиш па макар да треба и на Марс да одиш!

И Нудл, те молам кажи ми колкаво е твоето прилично долго искуство со театарот (години колку имаш де) и како тоа не ти пречат малолетните девијантни педерчиња, мочковци и курвички кои ја уништуваат уметноста. Би сакал да ме викнат на писмена работа на еден нивни час да им го загорчам јас нивниот живот малку, а и би сакал да присуствуваат нивните родитеели роднини и пријатели да гледаат како ги гњавам и да видат како не можат да направат добра писмена работа пошто мене така ми паднало на памет, ете, да се изживувам врз нив!!!
 
Виктор неможеш да генерализираш стварно.. Ете јас имам 15 години - Што значи под 18, па пак одам на театар, навистина сакам да ја следам претставата, и знам колку е лошо кога некои дечиња се изживљаваат зошто сум била и од таа страна..
Но има и возрасни што си праат муабети преку 5 реда, и исто тоа со аплаузи после секој трет збор, така да не е само до малолетниците.. Појше би рекла.. До менталитетот..
Иначе имам и ја видено глумец да напушти сцена што е крајно непрофесионално.. Но сум видела и многу подобро решавање на проблемот, кога глумецот престана со претставата и им се обрати на децата што глумеа лудила во публика.. Па да видиш кога им кажа два збора како се заќутеа.. Глас не им се слушна цела претстава..
Сакам да кажам има секакви дешаваљки ради тие *мангуперења* по претстави ама ко што кажав еднаш.. Најнепрофесионално е глумецот да ја напушти претставата. Има и други решенија.. А и плус имаат право и да побараат тие што прават галама да ја напуштат салата.. За се има решение.
 
Викторгг, знам точно на што мислиш ама не е секогаш така. Има исклучоци.Како што има невоспитандуси и сероњи од деца, има и воспитани кои обожаваат да одат на драма и да поминат 2-3 часа гледајќи ја актерската уметност.
Јас сум од тие вторите.
Мислам дека се зависи од домашното воспитање и училиштето поточно професорката која ги носи.
На пример ние бевме на една драма со ученици од една истакната скопска гимназија, не сакам да кажам која
, не е битно, и тие ученици се однесуваа како неандерталци, буквално како да излегле од камено време, додека ние ќутевме а и не смеевме да шушнеме од професорката.Од мојот клас тие што не се по драмата искрено си кажаа и останаа дома, а тие што ги интересира дојдоа.
Колку само се разочарав што ништо не можев да слушнам. Дури на крај актерите ја истакнаа својата разочараност од тие деца, зашто беа пред нас, во првите редови.
Мај поинт ис, дека не може се буквално да се генерализира, секогаш има чесни исклучоци.
 
Јас се` уште се бројам во публиката на која се однесува темава, и дека малолетници се однесуваат несоодветно во театар... Да, се сложувам, ама тоа не значи дека луѓето над 18 се нешто подобри. Знам мои врсници што правеле за време на претстава, знам и возрасни посетители што правеле. А не е за фалење.

Конкретно, какво однесување сум видела од (безобразни) деца...
Во прв ред седев, а пар седишта понатаму седеше тип со слушалки на уши и семки си грицкаше. Неколку минути подоцна, целата сала беше известена дека дечкото си слушал пренос од натпревар, како и дека резултатот е израмнет, благодарение на неговото дерење.
Актерот кој беше прекинат додека зборуваше, се спушти до самиот раб на бината, му прос`ска нешто низ заби на дечкото, го навреди, колку што чув, па на паузата си отиде.
Друга ситуација, еден до мене што седеше си носеше шише вино и уште минимум 2 други шишиња. Си пиеше што си пиеше, после тоа заспа и ми падна врз мене.
Трето, фрлале по актерите на сцената. Буквално, ги гаѓале. Демонот од Демонот маало беше последната каде што се случи ова, некој од првите редови фрли некаква игла или нешто такво, и го погоди актерот. Човекот се наведна, го зеде тоа, што и да беше, се насмеа и продолжи. На крајот, нормално, не се поклони и демонстративно ја напушти сцената.
И ред други глупости, како дремење на цела претстава, а дојде сцена со голотија/секс, одма сите се будат, се дерат, “ракоплескаат” и свиркаат. На Диво месо се случи ова, баш паметам.
Еднаш, не можеа да се сопрат телефоните од ѕвонење, ни редари ни ништо не помагаше, па актерот застана, им` се обрати на децата и најкултурно во две реченици им` објасни дека се невоспитани и дрски. Не од што сфатија, ако тројца во салата разбраа дека тоа не беше дел од сценариото, ја глава сечам.

Вината ја гледам во родителите, не професорите. Од дома се учи дека на театар не се оди во минич од 20 сантима, не се зборува на телефон за време на претстава, не се аплаудира на секој чин, не се носи цела продавница од грицки, не се дофрла на секоја можна реплика, не се утепуваш од смеење ако направат некоја грешка на сцена итн.

Велат дека се принудени да одат на театар од професорите. Човек се труди да ги образува и научи нешто, а тие тврдат дека не ги интересира и мораат зашто темите за писмена работа се од одгледаните претстави. Нека си одат тогаш само средношколци, кој колку ќе види и разбере, таква писмена нека си направи. Има народ што сака да гледа на раат. Јас си одам на театар секако, и без професорката да ми стави "нож под врат".
 
:helou:
Сите генерализиации се неточни, но велат “покрај сувото и суровото гори“

Се сложувам, но е ирелевантно

Сакаш да кажеш дека лажам? Актер си замина од сцената, и таа не продолжи.

Јас гледам. Родителите дома да си ги дигаат малку на клоци децата и да ги воспитуваат место да им купуваат мобилни телефони.
Второ решение е да нема карти по училиштата. Кој навистина сака да дојде, ќе дојде. Попуст за ученици е друга работа.
Трето решение е како што кажа, иако тогаш претставите за ученици ќе бидат калакурница (се извинувам за фрнацускиот)
Четврто решение е отстранување од салата на оние кои очигледно не им е таму местото иако тоа е малку неизводливо признавам.
Петто решение е... колку сакаш ќе најдам. Ако сакаш да решиш еден проблем, ќе го решиш па макар да треба и на Марс да одиш!

И Нудл, те молам кажи ми колкаво е твоето прилично долго искуство со театарот (години колку имаш де) и како тоа не ти пречат малолетните девијантни педерчиња, мочковци и курвички кои ја уништуваат уметноста. Би сакал да ме викнат на писмена работа на еден нивни час да им го загорчам јас нивниот живот малку, а и би сакал да присуствуваат нивните родитеели роднини и пријатели да гледаат како ги гњавам и да видат како не можат да направат добра писмена работа пошто мене така ми паднало на памет, ете, да се изживувам врз нив!!!

Aх Викторе колку погрешно си ме разбрал...:pipi:

Не реков дека лажеш, туку дека на мене не ми се случило да замине актер од сцена. А ако на мене не ми се случило, не значи дека воопшто не се случило. Не сум јас општ фактор...или?

Моето долго искуство го опфаќа цел репертоар на Драмски и пола од МНТ, значи мене не ме тераат професорите да одам на театар, не одам за да искуцам поени кај нив, туку на театар одам, од своју, како да кажа вољу, или можеби затоа што ми е во крвта.

И за крај, не знам зашто си помислил дека не ми пречат девијантните педерчиња, мочковци и курвички кои ја уништуваат уметноста.(копи - пејст:pipi:). Напротив, премногу ми пречат. И сосема те поддржувам во идејата да им го загорчиш животот. It would mean a lot to me.:smir:

Greetings!:helou:
 
Затоа што сум се нашла и од другата страна односно на театарската сцена знам како изгледа чувството кога префрлува публиката на секоја реплика, свирка и се однесува некултурно, се разговара на телефон... Ми идеше тогаш да се симнам и да им покажам каде им е местото на таквите гледачи.
Темава е на место, факт е дека малолетниците се тие што повеќе ја уништуваат атмосферата, но и возрасните не се ништо подобри. Впрочем секогаш има исклучоци.
Имаше еден период кога редовно ги следев претставите во Антон Панов - Струмица, можеби посетеноста е мала но барем одат луѓе што навистина се заинтересирани да погледнат нешто и подоцна да искоментираат за претставата.
Оние организирани посети на средношколци веќе речиси и ги нема затоа што интересот на учениците за посета на театар е многу слаб ( зборувам за кај нас ), во основно одевме ама повеќето се однесувавме како што доликува.

Кој не е заинтересиран подобро воопшто да не оди на претставата.
 
аљки ради тие *мангуперења* по претстави ама ко што кажав еднаш.. Најнепрофесионално е глумецот да ја напушти претставата. Има и други решенија.. А и плус имаат право и да побараат тие што прават галама да ја напуштат салата.. За се има решение.
Како што се бара професионализам од актерите, така се бара и од публиката. Актер е, не е робот па да не му пречат секакви доскочици, секој нормален би заборавил и реплики и се, и нормално-би добил желба да отера неколку пубертетлии со здивени хормони во три лепе. Напуштање на бина оправдувам кога ќе ти дојде преку глава. И да сум на нивно место, би бојкотирала секаква претстава на која публика се такви створења.

Дајте ве молам не правете споредби меѓу малолетници и возрасни кои одат во театар. Знаеме, малолетните најчесто одат затоа што професорите ги тераат и кур ги боли за тоа дека се однесуваат како идиотчиња. Исклучоци има, ама ретки. Возрасни си идат најнормално за да гледаат престава и да уживаат во тоа. На некои што правеле проблеми не сум налетала досега, и дури чудно ми паѓа кога ве читам дека и тие се однесувале како дечишта. Како и да е, јас не верувам во тоа.

Еве еден пример:
Бевме на претстава во Голема станица, пантомима. На името не се сеќавам, не е ни битно. Актерот даде се` од себе да ни приреди прекрасна изведба, но за жал тој напор не беше ценет од повеќето ретардоси од моја генерација. За време на претставата, единствен збор што актерот го изусти беше „Ало“. На тоа од задните редови се огласи едно сочно и гласно „Подржи га мало“.

Па со кој памет, ебате беља?
 
Од поодамна практика е средните школи и професорите по македонски јазик да организираат групно одење во театар на учениците.
Така во театар добиваме група на луѓе која е помлада од 18. Галами, не ја интересира претстава, се глупира, се смее кога има и кога нема потреба, ја отежнува работата на актерите, на редарите, им смета на оние кои дошле со љубов да гледаат... бла бла бла.
А знам и за пример низ разни театри кога актерите револтирано ја напуштале сцената, знам за примери кога не толку револтирано, актер излегувал на сцената да моли за мир за да може претставата да се одигра. Зар не е ова патетично?

Од друга страна одењето на театар на младиот човек е од важно значење за оформување на личноста.

Што правиме? има ли место за дебата на темава?

И тоа како има место за дебата. :smir:
Театарот е место каде што имаме можност да се доближиме до уметноста, но ние се разбира дека секогаш наоѓаме начин како да го уништиме она што треба да не научи на нешто. Причината поради која на моменти и воопшто не ми се оди на театар е токму девијантното однесување на неколкумина во публика, сакајќи да бидат интересни нели. Тоа што тие неколкумина претставници на таа генерација може да уништат за момент, е сосем непоправливо и од од голема важност за понатамошното опстојување на театарот и уметноста. Секој еднаш ќе рече крај - не одам во тетар затоа што не можам да уживам во претставата. Потоа ќе пропаѓаат претставите, актерите нема да прифаќаат да учествуваат во некоја претстава - изреволтирани од фактот што се појавила некоја група на дечишта која ја уништила минатата претстава, ја прекинала неговата изведба..

Иначе имам и ја видено глумец да напушти сцена што е крајно непрофесионално.. Но сум видела и многу подобро решавање на проблемот, кога глумецот престана со претставата и им се обрати на децата што глумеа лудила во публика.. Па да видиш кога им кажа два збора како се заќутеа.. Глас не им се слушна цела претстава..
Сакам да кажам има секакви дешаваљки ради тие *мангуперења* по претстави ама ко што кажав еднаш.. Најнепрофесионално е глумецот да ја напушти претставата. Има и други решенија.. А и плус имаат право и да побараат тие што прават галама да ја напуштат салата.. За се има решение.

Не, воопшто не е непрофесионално да актерот ја напушти сцената. Непрофесионално е што дозволуваме некој да го уништи трудот на професионалецот. Никој не сака да биде прекинат во својата работа, а најмалку треба да се прекинува оној кој се обидува да го принесе делото поблиску до нас. Да се биде актер не е лесно. Потребна е огромна концентрација, и не е сеедно кога нечие пискаво гласче ќе те прекине.
Се случило актер да си замине од претстава и јас сосем го поддржав во таа негова постапка. Околу сите галамеа, вревеа, јас ништо не слушав од она што се зборуваше на сцената. Актерот во неколку наврати замоли за тишина и кога виде дека нема каде демонстративно ја напушти и претставата и сцената.

Викторгг, знам точно на што мислиш ама не е секогаш така. Има исклучоци.Како што има невоспитандуси и сероњи од деца, има и воспитани кои обожаваат да одат на драма и да поминат 2-3 часа гледајќи ја актерската уметност.
Јас сум од тие вторите.
Мислам дека се зависи од домашното воспитање и училиштето поточно професорката која ги носи.
На пример ние бевме на една драма со ученици од една истакната скопска гимназија, не сакам да кажам која
, не е битно, и тие ученици се однесуваа како неандерталци, буквално како да излегле од камено време, додека ние ќутевме а и не смеевме да шушнеме од професорката.Од мојот клас тие што не се по драмата искрено си кажаа и останаа дома, а тие што ги интересира дојдоа.
Колку само се разочарав што ништо не можев да слушнам. Дури на крај актерите ја истакнаа својата разочараност од тие деца, зашто беа пред нас, во првите редови.
Мај поинт ис, дека не може се буквално да се генерализира, секогаш има чесни исклучоци.

Сега ти генерализираш. Точно дека културата зависи од домашното воспитување, ама па каква врска има истакнатата скопска гимназија.:uvo: Секаде има секакви. Ќе повторам пак зависи од домашното воспитување, а не од тоа дали е од оваа или од онаа гимназија. Ако дома не те научиле како треба да се однесуваш во театар, како да покажеш почит кон некоја постара личност..професорот сигурно нема да те научи. Професорот може да те образова, да ти помогне да се усовршиш, а родителот е оној кој треба да те воспита.

Вината ја гледам во родителите, не професорите. Од дома се учи дека на театар не се оди во минич од 20 сантима, не се зборува на телефон за време на претстава, не се аплаудира на секој чин, не се носи цела продавница од грицки, не се дофрла на секоја можна реплика, не се утепуваш од смеење ако направат некоја грешка на сцена итн.

Велат дека се принудени да одат на театар од професорите. Човек се труди да ги образува и научи нешто, а тие тврдат дека не ги интересира и мораат зашто темите за писмена работа се од одгледаните претстави. Нека си одат тогаш само средношколци, кој колку ќе види и разбере, таква писмена нека си направи. Има народ што сака да гледа на раат. Јас си одам на театар секако, и без професорката да ми стави "нож под врат".

Професорот не принудува никого. Професорот нуди карти за претстава, а оној кој знае како да се однесува ќе ја прифати понудата. Меѓутоа факт е дека не се прифаќаат картите поради тоа што професорот ги принудува туку поради причина да излезат и да се истакнат на глупав начин. Ако немаш пари како може професорот да те принуди да одиш некаде. Тоа претставува само глупав изговор за уште поглупаво однесување.
 
noodle напиша:
Не сум јас општ фактор...или?
Така се претстави, и не... не си. Како ни јас впрочем. И не ми кажа дали си средношколка, немаш опција пп иначе немаше да те прашувам јавно. За дискусијата е важно дали си или не си сепак.
Скулгрл напиша:
Возрасни си идат најнормално за да гледаат престава и да уживаат во тоа. На некои што правеле проблеми не сум налетала досега, и дури чудно ми паѓа кога ве читам дека и тие се однесувале како дечишта. Како и да е, јас не верувам во тоа.
Ниту јас, иако навистина голем дел не се запознаени со етиката на театарската публика. Каснат на престава, седнуваат кај сакаат, ракоплескаат каде не треба. Ама барем се мирни додека има актери на сцена. А за тоа е темава. :wink:
 
Точно е дека имаме некултурна театарска публика и меѓу возраните, ама она што и мене ми се пружало како впечаток генерално за малолетната публика било не само некултурно туку девијантно однесување на оваа група на би рекла случајни посетители на претставите. Значи не е идејата да навредиме културни дечиња кои знаат да почитуваат уметност, секоја чест, туку се работи за тоа на каков начин да го исконтролираме или спречиме девијантното однесување на овие групи кои,,дошле да гледаат претстава,,. Кој е виновен не знам.Дали се родителите дали се професорите кои немале осет да дадат и најмала забелешка за тоа какво однесување треба да се презентира за време на театарска претстава, ама ова дефинитивно е проблем, ама како и се друго кај нас не се истретирало на соодветен начин.
 
Да, одвратно и патетично...Знак на некултура, знак за голема неодговорност и на педагозите....А и децава ни немаат некоја култура, која беше инсталирана на овој или оној начин во нашето време
 
За шо е дебатата?!децата кој не се културни за време на претставата...има луѓе(редари)ганстерите за уши и надвор и претставата продолжува,а после тоа професорите да им одржат лекција Култура-поим видови и карактеристики.
Ама е крајно непрфесинално актер да зи замине од сцена,зошто ако тоа го направи сигурно му недостига уште многу работа.
 
По се изгледа дека тие си ја заборавиле работата:uvo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom