- Член од
- 29 јули 2005
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 178
- Возраст
- 34
- Локација
- Riga
- Веб-сајт
- kajgana.com
УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ОД СВЕТСКИ РАНГ ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО БУНАРЏИК
Џонсон Мети инвестира 150 милиони евра во Македонија
Компанијата ќе инвестира во изградба на фабрика за катализатори во автомобилската индустрија, во која се планира да се вработат над 500 луѓе
Британската компанија Џонсон Мети ќе инвестира 100 милиони фунти (150 милони евра) во економската зона Бунарџик крај Скопје. Ова вчера го најавија премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески, соопштувајќи дека компанијата ќе инвестира во изградба на фабрика за катализатори во автомобилската индустрија. Според владините претставници, оваа инвестиција во Македонија претставува најголемо вложување на компанијата во Европа и нова гринфилд инвестиција во Македонија, по Џонсон Контролс.
- Со инвестицијата ќе се отворат над 500 нови работни места. Сепак, поважно е што ќе се отвори работа за многу други помали домашни компании кои ќе произведуваат делови за Џонсон Мети - вели Груевски.
Бордот на Џонсон Мети утврдил дека Македонија, покрај Чешка, Полска, Унгарија и Словачка, е најдобра дестинација за нивната инвестиција.
-На крајот се покажа дека добрата бизнис клима, одличниот прием и ниските трошоци за работната сила се главни аргументи поради кои компанијата се одлучи да инвестира во Македонија - истакна вчера Ставрески.
Според премиерот Груевски, Џонсон Мети планира до 2013 година од фабриката во Бунарџик да извезе катализатори во вредност до 3,5 милијарди евра. Освен изградба на фабрика во Бунарџик, компанијата планира дел од капацитетите што ги има во други држави да ги пренасочи во Македонија.
- Ова вложување ќе помогне во борбата за привлекување на нови странски инвеститори - потенцира Груевски.
Инвестицијата, според Ставрески, ќе и донесе значајни предности на Македонија бидејќи ќе претставува силен импулс за економскиот развој на земјава.
-Со неа ќе се подобри економскиот и политичкиот имиџ на Македонија. Инвестицијата ќе значи и силен импулс за македонските компании кои ќе соработуваат со Џонсон Мети бидејќи таа ќе повлече и други помали инвеститори да вложуваат во земјава - потенцира Ставрески.
Вкупната инвестија ќе се реализира во период од три години. Во првата година ќе се стартува со околу 50 милиони евра, а до крајот на реализија на инвестицијата сумата ќе достигне околу 150 милиони евра. Со инвестицијата во првата година од почетокот на работењето се очекува вработување за околу 300 луѓе. Почетокот на градбата ќе биде во вториот квартал на 2008 година, а производството се очекува да почне во април 2009 година.
( Р.Ј.Н - С. Бл.)
Извор:www.vecer.com.mk