Земјоделците ќе добијат кредит со 4% камата
Ленче Николовска
26.11.2007 19:21
Надмината главната пречка за поголеми инвестиции во земјоделското производство, Владата ќе овозможи земјоделски кредити кои досега беа со 7% камата, земјоделците да ги добијат со 4% конечна камата.
Досегашните комерцијални кредити со 8-9% каматна стапка, сега преработувачите и трговците ќе ги добиваат со 5% камата. Разликата во каматната стапка ќе ја субвенционира Владата.
„Ова се каматни стапки што веќе ги договоривме преку Министерството за финансии и со банките во РМ, некаде за околу 3% се намалуваат каматните стапки во однос на претходно што беа, 7, 8, 9% кај банките, а истовремено штедилниците коишто претходно ги одобруваа средствата, со стапки од 10-18%, со нив договоривме стапка од 6% за примарното земјоделско производство, односно 6,5% за секундарното земјоделско производство“, изјави Зоран Ставревски, потпретседател на Владата.
Субвенционирањето на дел од каматите, според преработувачите, треба на терен да покрене поголем инвестициски процес за производителите и загарантиран откуп на земјоделските производи.
„Тие кредити ние не ги земаме за нас, туку за откуп. Ако ние сме сигурни дека нашата калкулација е добра, зборуваме дека не мора да откупиме за 100.000 евра, ќе ги откупиме за 200.000 евра, нема да го откупиме за милион евра, ќе го откупиме за 2 милиони евра, затоа што знаеме дека не влегуваме во загуба“, вели Виктор Петков, претседател на Асоцијација на преработувачи.
„Во вакви стимулации, 1 милион евра финансирани од државата, прават минимално 15 милиони евра додатен извоз од нас“, додаде Петков.
Со намалувањето на каматите, Владата ги помага и домашните винарии да бидат конкурентни на странските трговци.
„Се со единствена цел винариите винариите, како малите така и големите винарски визби во Македонија, да обезбедат средства за исплата на грозјето, за да не се повтори она што ни се повторува две години, ланската, а особено оваа година кога голема количина на квалитетно винско грозје замина на пазарите надвор од Македонија“, рече Кире Андов, винарија „Пивка“ Неготино.
За поволните земјоделски кредити Владата обезбеди фонд од 20 милиони евра, со што директно влијае за поголем развој на агрокомплексот.
Превземено од А1
Мислам дека е најефективен метод како да се стимулираат домашните инвестиции преку намалување на каматните стапки односно цената на парите. Се разбира со ова се избегнуваат можните нечесни корисници на земјоделски субвенции.
хир ја гоу