Мојата мајка..
Не знам од каде да почнам. Ја сакам, ја мразам, нормално за мои години.
Ја мразам..
..Силна жена е, само она си знае низ што се поминала, и поради нејзиното лошо искуство мене ме чува како под стаклено ѕвоно. Тешко ми е, се чувствувам како во затвор, немам дозвола да правам буквално ништо.. Понекогаш, во само дел од секунда ми поминува мисла низ глава дека можеби би било полесно да ја нема, но веќе во следниот момент се прашувам како сум можела да помислам такво нешто и се обвинувам себеси. Мисли дека треба да ги правам нештата на нејзин начин, по нејзини правила, како што мисли дека би било најдобро, но бидејќи имаме различен карактер се чувствувам како хендикепирана, не можам да ги правам нештата кои ги сакам, неможам да се изразам на свој начин, во најдобро светло.
Воопшто не ми верува и кога ќе изразам желба за нешто, ме потценува, не сум доволно добра за ништо. За се до сега сум слушала само .. " Не, не.. не си ти за тоа ".. Не сум.
Параноична е и тоа силно ми оди на нерви, можеби затоа што сум по природа мирна, па паранојата ме иритира.
И за крај, не ме слуша. Буквално го мислам ова. Сакам да и се отворам, сакам да и кажувам се, но кога зборувам, како да зборувам на ѕид. Ми возвраќа само бледи погледи и израз на лицето кој покажува дека не е присутна.
Ја сакам..
..Покрај се`, не можам да си го замислам животот без неа, ја сакам од овде до небо и до некаде ја разбирам зошто се однесува на тој начин.
Можеби многу пати сум плачела поради неа, можеби дневните нервози ми се поради неа, но ја сакам неизмерно многу.
Жал ми е за неа, за нештата што и ги приредил животот, па затоа не сакам да и правам плус проблеми и сиот бес што некогаш го имам спрема неа, го чувам за себе.
Ме изгледала, ми пружила се`, заслужува почит и љубов.
Мамо, Те Сакам.