Имав напишано пост,ама мислам дека малку беше да ја опишам мајка ми.
Жена што премногу работи, премногу се труди. Треба да се огледувам на неа, барем да бев 1% од она што е мајка ми ќе бев подруга личност. Комуникативна, отворена,колку ноќи нема проспиено заради мене.
Голема паничарка и да ми се случи нешто сакам таа да е последната личност што ќе дознае за тоа зошто се плашам за неа. Премногу се потресува...
Во последно време воопшто не ме разбира, исто уверена е дека пушам марихуана. Јас цигара неможам да поднесам,а не пак..
Веќе смачено ми е секој ден да ја слушам. Ја има и изгубено довербата во мене,а незам зошто.
Не викам дека не ме сака, ама сигурна сум дека повеќе го величи брат ми, тој е пример за дете, тој е најдобар, све што прави го прави како што треба. Јас треба од него да учам,не треба да му презборувам бла бла.
Но,како и да е сепак мислам дека нема да можам да го замислам животов без неа. Премногу ја сакам и ми е потребна во животов, се надевам дека ќе и се исполни желбата еден ден да го капи моето бебе...
