Мојата мајка.
Едвај и да ја познавам. Кога мислам на неа, и некогаш случајно зборувам за неа зборувам со горчина и омраза. Мојата мајка искрено и не ми недостига. Барем не сега. Ретки се тие моменти кога ми недостига таа, а тоа се визити, празници и родендени. Никогаш ни ми направила торта, ни некоја француска салата, ни руска, ни некои колачиња за на маса.
Никогаш не ни ми рекла дека ме сака, никогаш јас не сум и' го кажал тоа. Не ни сакам да го чујам тоа од неа, не би менало ништо. Едноставно, кога ќе ја видам, еднаш на еден месец, некогаш на два, јас не знам како да постапам со неа. На пример - со другарите се поставуваш другарски, со девојките поинаку, со комшијата поинаку, а со неа? Искрено уште и немам научено и во нејзино присуство не знам како да се однесувам. Повеќето време се однесувам како странец (ако ова повеќе време може да се каже како време од 2 часа во месецот).
Мојата мајка не ми е идол, ама јебига, некој рекол не може секоја жена да биде мајка. Не се слагам со тоа, ама какви ги има на светов, се тешам и се соочувам полесно со реалноста.
Ми недостигаше на времињата кога бев помал, кога моите другари се фалеа колку добри јадења готват нивните мајки, кога некогаш за ручек им направиле пица, кога се фалеа дека нивната мајка е строга.
И се' е до навиката, јас сум навикнат цел живот без неа, па сега и два дена да живее заедно со мене под ист покрив, би ми било неугодно и би се чувствувал вознемирено и чудно.
Јас не можам да разликувам и се чудам до ден денес како може мајка некој да не сака, а го чисти, го пере, го храни, Господ да чува од неблагодарни копиљаци кои на моменти ги пцујат своите мајки. Некогаш кога некој ми зборува како неговата мајка била строга, старомодна и лоша, ми доаѓа да му ја залепам една и да му кажам да оди и да ја гушне, мада и да изгледа некој филм заедно со неа.
Би сакал да ја запознаам повеќе, и' давам во последно уште шанси, ама некако тешко ги искористува. Која е причината.. не знам.