14 години од масакрот кај Вејце

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Масакрот кај Вејце ќе ни биде вечен пример за храброста на Македонецот, но за жал и пример за тоа како Македонецот страда од своите изроди, како и секогаш во историјата. Исто така, за жал, масакрот денес е заборавен. Ден денес масакрот кај Вејце не е расветлен, политичарите намерно го избегнуваат овој црн ден во поновата историја на Македонија. Овие осум херои ден денес го немаат заслуженото место во македонската историја. Ништо не се знае за нив. Затоа јас решив да ја отворам темата со цел да се дознае барем малце за нивните дела кој не смеат никогаш да бидат заборавени.

Да се потсетиме: Масакрот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакар во поновата историја на Р. Македонија. Масакрот се случи на 28 април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот биле живи запалени. Терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени и целосно изгорени.

Сите ние ќе бевме помирни ако би загинале во директна борба со непријателот. Но, најмногу боли тоа што сите беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји. За разлика од нив, семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата. Македонската јавност не смее да ги заборави.

Уште повеќе боли што патролата била предадена за пари од Игор Манојлевски, тогашен началник на Секторот за полиција на СВР Тетово. За него велат дека, наводно, единствено знаел каде, во каква формација и во кое време ќе се движи комбинираната патрола за Вејце. За продадената информација бил награ ден со околу 700.000 швајцарски франци, а терористите кој го извришиле масакрот добиле парична награда од милион евра.

Масакорт кај Вејце неможе ниту да се заборави, ниту да се прости. Вечна ви слава :(
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Слава им
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Вечна им слава на овие луѓе.

Иначе, на ова гадон Мирко Попов споменикот на бранителите му бил наци по малку...
Споменикот на „Паднатите херои“ личи на некој нео-класичен (ако не се лажам) монумент, со намера да се добие некаква епска димензија во тој простор, што е оневозможено од начичканите споменици директно пред него. Генерално не би имал нешто особено притив поставка од овој тип (иако делува малку наци), но навистина е грозно во комбинација... http://okno.mk/node/22250
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Ај Тетовчани на форумов, кај е овај Игор, после ова го ставиле во Скопје во Карпош началник за награда, кај е сега?

ГОДИШНИНА ОД ЅВЕРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ТЕТОВСКО

Роднините на масакрираните бранители бараат одговорност за Вејце
За учество во масакрот ќе бидат обвинети уште дваесетина лица, од кои повеќето се Македонци

Семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце бараат македонските органи сериозно да се зафатат да ги пронајдат и да ги казнат виновниците за ѕверскиот масакр што пред една година беше извршен врз осумте нивни синови. Тие велат дека виновниците нема да ја избегнат одговорноста, бидејќи ако македонските судови немаат сила да им изречат казни, тоа ќе го стори новоформираниот Меѓународен кривичен суд во Хаг.

На 28 април лани терористите во заседа ја пречекаа и со пушки и ракетни фрлачи ја нападнаа патролата кај селото Вејце. Осум лица беа убиени откако ѕверски биле измачувани. Најмногу од масакрираните биле ранети, а потоа бодени и сечени со нож и живи запалени.

Другите осум члена на патролата успеале да се спасат.

- Помина цела година од масакрот, а случајот не доби соодветен третман од органите на прогонот и во правосудството. Скопското обвинителство ја отфрли нашата кривична пријава против 10 актуелни и поранешни високи функционери како директни и индиректни виновници за масакрот, меѓу кои е и претседателот на државава. Поднесовме приватна тужба против нив во Основниот суд 1 во Скопје, иако не веруваме дека ќе биде поведена постапка. Но, виновниците нема да останат неказнети. Идното лето ќе профункционира Меѓународниот кривичен суд во Хаг, надлежен за вакви дела - изјави адвокатот Игнат Панчевски, правен застапник на семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили во Вејце, на вчерашната прес-конференција.

Семејствата на загинатите ги обвинуваат како индиректни виновници за масакрот претседателот Трајковски, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Доста Димовска и Љубен Пауновски, бившиот началник на Генералштабот на АРМ Јован Андревски, лидерите на двете албански партии Арбен Џафери и Имер Имери и самопрогласениот лидер на ОНА, Али Ахмети. Тие обвинуваат и тројца тогашни полициски началници - Шаиб Билали, Ѕвонко К. и Игор Манојловски. Тие ги повторија сознанијата дека патролата намерно била испратена во Вејце за да биде ликвидирана. Целта, наводно, била да се деморализираат македонските безбедносни сили и да се оправдаат добиените пари за извршување на злосторството.

- Најголем дел од директните учесници во масакрот е ликвидиран, но има и живи, кои сега сами се фалат што направиле во Вејце. Наскоро тужбата ќе ја прошириме со уште дваесетина лица, од кои најголем дел се Македонци. Кај еден Македонец беа најдени 600.000 ГМ, што е дел од парите за масакрот. Парите потоа ги снема, но ние ќе откриеме кој се "почестил" со нив. Другото лице за кое постојат индиции дека ги предал нашите сили едно време го снема и се мислеше дека полицијата си ја работи работата, но тоа подоцна се појави со повисок чин. Како поинаку да се протолкува тоа што не било испратено засилување за заштита на патролата, освен како предавство - вели Панчевски.

За нив, наводниот интерес на Хашкиот трибунал за случајот "Вејце" е "обична фарса наменета за смирување на духовите".

- Тврдам дека Хашкиот ад хок трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија никогаш нема да ги гони извршителите на масакрот, бидејќи тие не се припадници на воена формација. Хаг е заинтересиран за други случаи, како што е оној во Љуботен. Канцеларијата на Хашкиот суд во Скопје досега не побарала од нас докази што би можело да бидат вклучени во нивната истрага за случајот - вели Панчевски.

Натали Н. Сотировска
 
• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
По примерот на Сопот, сега треба изјаснување и за Вејце

Помина 28-ми април во уште едно потсетување дека пред 14 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

Злосторството кај Вејце и понатаму останува мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Вејце.

Затоа, откако по 25-та политичка бомба на СДСМ, случајот „Сопот“ повторно ја бранува јавноста со барањата за негово преиспитување, сосема оправдано е сега испитување и на злосторството кај Вејце.

За потсетување, на 4 март 2003, на локалниот пат Сопот-Сушево во местото викано „Божја дупка“ од подметната експлозивна направа загинаа двајца НАТО војници од полскиот контигент, како и Крунислав Кипријановски од Куманово. Од страна на Државното обвинителство беа обвинети 11 локални Албанци, а Основниот суд во Куманово истите ги прогласи за виновни и донесе осудителна пресуда.

Во овој контекст, на 13 јули 2009, поранешниот амбасадор на НАТО во Македонија, Николас Бигман, во телевизиско интервју зборуваше дека вината кај обвинетите за Сопот не е докажана, а во овој контекст беше и погоре споменатата политичка бомба на СДСМ за случајот Сопот.

Меѓутоа, амбасадорска изјава постои и за случајот „Вејце“, заради што, оправдано може да се побара испитување на злосторството и кај Вејце.

Имено, во тоа време, покрај Николас Биган, на моќната четворка меѓународни претставници во нашата држава и припаѓа и тогашниот амбасадор на ОБСЕ во Македонија, Крег Џенес (останатите двајца се амбасадорите на САД и ЕУ, Лоренс Батлер и Донато Кјарини).

Кога тогашниот министер Љубе Бошковски пројави желба да го расчисти случајот „Вејце“ по судски пат, Крег Џенес експресно дојде во МВР за да упати директна закана, ако се преземе што било во тој момент против лицата од терористичката група, Македонија ќе биде обвинета за провоцирање нова војна во земјата.

Но, најинтересно во таа прилика е што Крег Џенес во МВР категорички ни изјави и вети дека веднаш по наредните парламентарни избори во Македонија, тој лично ќе се заложи да се расчисти случајот Вејце, бидејќи и на нив им се познати извршителите. Но, следните избори кои беа на 15 септември 2002 одамна завршија, Љубе Бошковски беше депортиран во Хаг, а до денешен ден, овој случај сеуште нема официјална разрешница.

Инаку, освен на Џенес, работите беа познати и за МВР. Според Информацијата на македонската тајна полиција до тогашниот министер Љубе Бошковски насловена како „Сознанија за громорозното убиство во с.Вејце-Тетовско“, заведен под ев.број 470 од 13 ноември 2001, детално се опишани учесниците во терористичката акција кај Вејце во која беа убиени и масакрирани осум македонски бранители, а споменатите лица како извршители останаа на слобода, а некои од нив станаа и владини функционери.

Инаку, неколку дена пред нападот, извршителите се подготвувале и вршеле обука во логор на Косово, во непосредна близина на нашата граница и нивна задача била да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника.

Ова не случајно го потенцирам, бидејќи терористичката група на ОНА однапред го знаела движењето на патролата составена од македонските бранители кои настрадаа кај Вејце, а своевремено беа фатени и сигнали од разговор помеѓу лица од касарната во Тетово и терористичката група лоцирана кај Вејце, која ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на војнички задачи.

Значи, по примерот на „Сопот“, сега е најсоодветно да се актуелизира и случајот „Вејце“ и притоа уверен сум дека Џенес, со задоволство ќе прифати да сведочи.

Истовремено, верувам дека и албанските политичките претставници во земјата не би имале ништо против една ваква иницијатива за расчистување на контроверзните настани од нашето поблиско минато, дотолку повеќе што, само со рамноправен третман на случаевите како „Сопот“ и „Вејце“, Македонија ќе покаже зрелост и демократски капацитет на нејзиниот пат кон евро-атланските интеграции.

Дотолку повеќе, изборите од 15 септември 2002 година кои Крег Џенес ги посочи како пречка привремено да не се расчистува случајот „Вејце“, одамна се завршени. Дури, расчистувањето на случајот „Вејце“ сега ќе оди многу полесно, бидејќи и МВР и Крег Џенес (ОБСЕ) точно знаат што се случи кај Вејце.

Значи, во моментот недостига само иницијатива.

За сега, едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 кога дојде до промена на власта, немаше интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, контроверзната загуба на бранителите останува неразјаснета.

Јанко Бачев
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
136
Дали се знае кој е Игор што ја предава патролата и дали уште е во одбранебени структри?
 
Член од
28 април 2022
Мислења
1

Појма неам к'ј је сега Игор. Знаем дека брат му је у Тетово, позната градска фаца. Беше до скоро претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово, пратеник у Собрание, кандидат за градоначалник на Тетово.

Горан се вика, доктор, држи амбуланта у градот.

За брат му не знаем ништо.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Дали се знае кој е Игор што ја предава патролата и дали уште е во одбранебени структри?
тогаш кажуваа дека генерал од штабот на АРМ се јавувал на службите на вујче, а тие преку сателитски мобилни ги известиле учките... не е само Вејце, па и Карпалак...
сите тие работи се испланирани од служби на вујче ама за народот полесно да проголта
( без бунтување) Охридски договор... генералот после во пензија го пратиле...
Автоматски споено мислење:

По примерот на Сопот, сега треба изјаснување и за Вејце

Помина 28-ми април во уште едно потсетување дека пред 14 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

Злосторството кај Вејце и понатаму останува мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Вејце.

Затоа, откако по 25-та политичка бомба на СДСМ, случајот „Сопот“ повторно ја бранува јавноста со барањата за негово преиспитување, сосема оправдано е сега испитување и на злосторството кај Вејце.

За потсетување, на 4 март 2003, на локалниот пат Сопот-Сушево во местото викано „Божја дупка“ од подметната експлозивна направа загинаа двајца НАТО војници од полскиот контигент, како и Крунислав Кипријановски од Куманово. Од страна на Државното обвинителство беа обвинети 11 локални Албанци, а Основниот суд во Куманово истите ги прогласи за виновни и донесе осудителна пресуда.

Во овој контекст, на 13 јули 2009, поранешниот амбасадор на НАТО во Македонија, Николас Бигман, во телевизиско интервју зборуваше дека вината кај обвинетите за Сопот не е докажана, а во овој контекст беше и погоре споменатата политичка бомба на СДСМ за случајот Сопот.

Меѓутоа, амбасадорска изјава постои и за случајот „Вејце“, заради што, оправдано може да се побара испитување на злосторството и кај Вејце.

Имено, во тоа време, покрај Николас Биган, на моќната четворка меѓународни претставници во нашата држава и припаѓа и тогашниот амбасадор на ОБСЕ во Македонија, Крег Џенес (останатите двајца се амбасадорите на САД и ЕУ, Лоренс Батлер и Донато Кјарини).

Кога тогашниот министер Љубе Бошковски пројави желба да го расчисти случајот „Вејце“ по судски пат, Крег Џенес експресно дојде во МВР за да упати директна закана, ако се преземе што било во тој момент против лицата од терористичката група, Македонија ќе биде обвинета за провоцирање нова војна во земјата.

Но, најинтересно во таа прилика е што Крег Џенес во МВР категорички ни изјави и вети дека веднаш по наредните парламентарни избори во Македонија, тој лично ќе се заложи да се расчисти случајот Вејце, бидејќи и на нив им се познати извршителите. Но, следните избори кои беа на 15 септември 2002 одамна завршија, Љубе Бошковски беше депортиран во Хаг, а до денешен ден, овој случај сеуште нема официјална разрешница.

Инаку, освен на Џенес, работите беа познати и за МВР. Според Информацијата на македонската тајна полиција до тогашниот министер Љубе Бошковски насловена како „Сознанија за громорозното убиство во с.Вејце-Тетовско“, заведен под ев.број 470 од 13 ноември 2001, детално се опишани учесниците во терористичката акција кај Вејце во која беа убиени и масакрирани осум македонски бранители, а споменатите лица како извршители останаа на слобода, а некои од нив станаа и владини функционери.

Инаку, неколку дена пред нападот, извршителите се подготвувале и вршеле обука во логор на Косово, во непосредна близина на нашата граница и нивна задача била да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника.

Ова не случајно го потенцирам, бидејќи терористичката група на ОНА однапред го знаела движењето на патролата составена од македонските бранители кои настрадаа кај Вејце, а своевремено беа фатени и сигнали од разговор помеѓу лица од касарната во Тетово и терористичката група лоцирана кај Вејце, која ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на војнички задачи.

Значи, по примерот на „Сопот“, сега е најсоодветно да се актуелизира и случајот „Вејце“ и притоа уверен сум дека Џенес, со задоволство ќе прифати да сведочи.

Истовремено, верувам дека и албанските политичките претставници во земјата не би имале ништо против една ваква иницијатива за расчистување на контроверзните настани од нашето поблиско минато, дотолку повеќе што, само со рамноправен третман на случаевите како „Сопот“ и „Вејце“, Македонија ќе покаже зрелост и демократски капацитет на нејзиниот пат кон евро-атланските интеграции.

Дотолку повеќе, изборите од 15 септември 2002 година кои Крег Џенес ги посочи како пречка привремено да не се расчистува случајот „Вејце“, одамна се завршени. Дури, расчистувањето на случајот „Вејце“ сега ќе оди многу полесно, бидејќи и МВР и Крег Џенес (ОБСЕ) точно знаат што се случи кај Вејце.

Значи, во моментот недостига само иницијатива.

За сега, едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 кога дојде до промена на власта, немаше интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, контроверзната загуба на бранителите останува неразјаснета.

Јанко Бачев
тој од тие, што е сега во властта, има образ во Украина да кажува прикаски за воени злосторства во ехЈу, ај Сребреница, па и Рачак.. а ШТО НЕ КАЖА дека украинските пилоти со Сухоите по наредба на Борис ја спречија толпата од косовската паравојска КЗК да ги ликвидира македонските граничари на караулата Радуша???????
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ВАКА?!?!?!?! ДО КОГА????

Kajgana Shop

На врв Bottom