Персеј VI Македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
Крајот на мај минатата година ќе остане во моето сеќавање и, се разбира, во сеќавањето на сите што ја сочинуваа делегацијата која отиде на гробот на последниот Крал на Антична Македонија – Персеј. Нашите домаќини – организаторите на Поетската средба на Европа што се одржува во Червара ди Рома, посетата на гробот на Персеј ја ставија и во официјалната програма, во наша чест, секако. Им благодариме на градоначалникот на Червара Џулио Роси, на Силвано Галон (претседател на Средбата) и, секако на професор Винченцо Бјанки, познат италијански скулптор, поет и голем пријател на Македонија. Со задоволство се сеќавам и на придружбата на љубезниот парох Дон Аугусто кој на мое барање ја документира посетата на ова светилиште. Последниот ден на мај 2005 година, јас и Борис Вишински, по 2167 години од смртта на последниот Крал на Македонија – Персеј, положивме букет свежо цвеќе. Нашите домаќини напишаа дека букетот е положен од Управата на Маљано деи Матси и Македонскиот народ.

Зашто да не?

Персеј, синот на Филип петти Македонски е последниот и најнесреќниот Крал на Македонија. Со поразот што го претрпел во Третата Римско-Македонска војна во 168 година пред нашата ера којашто се водила во Пелагонија, па се до Пинд, дефинитивно пропаѓа една од најголемите империи во светската историја – Македонската империја. Победник, римскиот конзул Лучо Емилио Паоло наредил Персеј со семејството (децата: Филип, Лариса и Александар) и кралската придружба да биде отведен во Рим, а потоа задочен во римската стратешка тврдина Алба Фученс.

Од Алба Фученс денес има само ѕидини кои ги чуваат тајните не само на македонскиот Крал Персеј, туку и на другите кралеви кои таму биле заточени. Во нивна близина ома мала убава населба чиј Градоначалник со големо внимание не дочека и ни приреди прекрасен прием кој, бездруго требва да му биде возвратен. Чествувањето на гробот на Кралот Персеј, според градоначалникот, требва да биде само почеток на една динамична комуникација меѓу Македонија и Италија. Желба којашто ја споделивме и ние. Со задовплство.


Заѓадочна смрт на Кралот Персеј
Поразот од Римјаните, пропаста на Македонската империја и заточеништвото биле доволна причина за страдањата на Персеј. Тој не бил обичен заточеник. Иако слободен да се движи во грсниците на градот Алба Фученс, тој бил будно следен. Не можеќи да се помери со сопствената и со судбината на Македонската Империја, според едни документи, по четери години заточеништво, Персеј се самоубил (според разкажувањето на Петерколо). Но, Диодоро вели дека две години откако бил префрлен во Алба Фученс, од војниците кои го чувале бил присилен да умре (никако не го оставале да спие). Истото го разкажува и Плутарх кога зборува за животот на Паоло Емилио. Но, истиот автор вели дека Персеј, според други автори, самиот и се препуштил на смртта отражуваќи се од јадење. Очигледно, за смртта на Персеј има орилично нејаснотии.

--- надополнето ---

- За првпат, по 2167 години од трагичниот крај на последниот Крал на Македонија Персеј, положен букет цвеќе на неговиот гроб во Маљано деи Марси (Италија) - Краток живот и на трите деца на Персеј: Филип, Лариса и Александар
- Дали гробот што здрачи низ вековите може да ја осветли и нашата сегашност?


Според достапните информации, животот на последниот Крал на Македонија згаснал во 162 година пред Христос (за годината на смртта на Персеј ореданијата не се едногласни и осцилираат меѓу 165 – Diodoro XXXI 9,5 – 163 - VELLEO 1, II, I–и 162 – PORFIRIO DI TIRO = FgrHist 260) И како што било ред во Римската Империја, Римскиот сенат, на сметка на државата му направил достоен погреб на Персеј и му изградил гробница. Таа се наоѓа надвор од границите на Алба Фученс, покрај патот Валерија – прометната сообраќајница во тоа време, веројатно за гробот да биде упадлив.


Несреќен Крал – несреќни деца
Персеј, според разположливата документација, имал три деца. Најстариот бил синот Филип, второто дете – керката Лариса, и третото – синот Александар. За Филип, кој бил несудениот наследник, се вели дека починал по две години. За смртта на ќерката Лариса, засега, нема податоци. За синот Александар се вели дека направил обид да ја избегне несреќната судбина на братот Филип и сестрата Лариса. Наводно се посветил на учењето, посебно на латинскиот јазик. Се вработил како писар во римската администрација и заработувал скромна плата. За жал, нито тој не поживеал многу долго.
Очигледно, децата на несреќниот татко, не ја избегнале несреќната судбина. Својот живот го завршиле кратко време по завршувањето на постоењето на Македонската Империја која и по толку илјади години го превлекува вниманието на научниците, па и на обичните луѓе.


Хронологија на откривањето
Посетата на гробот на последниот Крал на Антична Македонија – Персеј, исто како и неговото откривање имаат своја предисторија. Впрочен, познато е дека до некои значејни сознанија или откритија, честопати се доаѓа случајно.
Пред три години на мојата домашна адреса пристигна монографијата Виа Егнација од Макеле Фасоло (адресата, веројатно ја нашол на вебстраницата на Амбасадата на Италија во Скопие). Книгата веднаш го предизвика мојот интерес, па јас го поканив да ја посети Македонија за да ја запознае трасата на Виа Егнација што минува низ Македонија. Тој дојде во Македонија и го започнавме изодувањето на Виа Егнација, во придружба на проф. Виктор Лилчиќ (од Институтот за археологија во Скопје) и Енгин Нсух од Саводот за заштита на спомениците од Битола. Поменувајќи ги деловите на овој значаен антички пат во разговорите се навраќавме на подалечното минато и неговите рефлексии врз сегашноста. Токму тогаш јас дознав дека археолошкиот локалитет Градиште што се наоѓа во моето родно село Црнобуки е, всушност, античкиот град Персеида. Тоа сознание значеше почеток на моето мало патување во изторијата на Античка Македонија – најголемата империја во историјата на човештвото.

--- надополнето ---

Тежок пат за неупатените Историјата, поради лошата судбина на нашиот народ и на Македонија, никогаш не ми беше омилена. Но, Археолошката карта на Македонија, морав да ја читам повеќепати зашто мојот пријател од Рим Микеле Фасоло побара да му ги преведам на италијански јазик податоците за сите места каде што минува патеката на Виа Егнација. Преведувајќи делови од Археолошката карта на Македонија дознав дека во Црнобуки има десетина интересни археолошки локалитети, но за мене најзначаен беше локалитетот Градиште каде како дете по изорувањето на нивите собирав висаци и разни статуетки кои потоа ги носев во Музејот во Битола. Притоа добивав пари колку за купување на един кибрит. Кибритите брзо се трошеа, а дали статуетките уште се наоѓат во битолскиот музеј – не знам. Оние предмети на коишто се сеќевам, ги имам препарувано но не ги имам најдено (можеби и не се никаде изложени). Но, Градиште постои, а месното население љубоморното го чува од натрапниците кои трагаат по антички редкости.
Но, не беше лесно да се пронајдат податоци дека токму локалитетот Градиште е античкиот град Персеида. Очигледно, тежко за неупатените, зашто упатените секогаш се презафатени со други работи. Но, сепак, добив помош и дојдов до бараните податоци кои потврдуваат дека Градиште, относно Персеида е градот изграден од Филип петти Македонски во 183 година пред Христос, крстен по син му Персеј – последниот Крал на Античка Македонија. Тоа за мене беше вистенски предизвик. Се надевам дека ќе ги предизвика и археолозите од Македонија, а можеби и од странство докрај да ги утврдат сите релевантни факти.


Персеида – град изграден по кралски вкус
Според книгата ЌАнтички градови во МакедонијаЌ од авторот Иван Микулчиќ, издадена од Македонската Академија на Науките и Уметностите во 1999 година, античкиот град Персеида се лоцира во Црнобуки. Поточно, на ридчето Градиште кое се наоѓа на северната страна од селската црква “Свети Димитрија”.
Според забележувањата на Микулчиќ, Персеида е ЌПоставена на вештачки моделирана тераса која јазичесто избива од ридот и навлегува во долината на Шемница... Терасата одгоре е зарамнета со високо насипан раб, подѕидан со камен без малтер. Околу овај простор како рамка се протега уште една тераса, потесна и значително пониска од првата. И таа била заштитена со одбранбен ѕид граден на ист начин како и предходниот... Овај ѕид бил широк 2 метри. Само од север, преку рамно седло постоел лесен пристап. Укрепениот простор е голем 305 х 140/90 м. И зафаќал површина од 4,5 хектари. Во источното подножје се протега уште една стамбена тераса подпрена на горниот простор, но само делумно укрепена...“
Според согледувањата на Микулчиќ, оваа населба не се развивала постапно, туку била изградена наеднаш и строго плански. Тој мисли дека ова гратче живеело главно од експлотација на руди и обработка на метали од околните рудници и имало големо стратешко значење. Практично, од Градиште – Персеида битолскиот дел на Пелагонија се гледа како на дланка.

--- надополнето ---

Сознанија добиени по Вина Егнација Моите сознанија за Пресеида дојдоа со патувањето по римскиот пат Виа Егнација, а професорот Бинченцо Бјанки до лоцирањето на гробот на Кралот Персеј дојде истражувајќи ги мегалитските камења кои ги има во Чочарија, во Абруцо и во Скопје. Барајќи ги културноисториските врски меѓу Италија и Македонија, почетуваниот професор Бјанки воспостави уште една врска меѓу двете држави и двата народи – италијанскиот и македонскиот. Но, дали гробот што здрачи низ вековите може да ја осветли и нашата сегашност, најмногу зависи од нас самите. Љубезниот Градоначалник и сите наши италијански пријатели упатија топла покана до нашата локална власт за посета на ова светилиште и за воспоставување соработка. Поканата останува отворена, но за жал, се уште без отговор. Конзулска Битола – молчи! Зашто?
Во меѓувреме, во Битола е основано Здружение за промоција на Градиште – Персеида кое има амбиции да работи на расветлување на сите околности поврзани со овој значаен археолошки локалитет.

--- надополнето ---

Досега, науката има спротивставено две претпоставки за овој локалитет. Според првата од 1966 година, во која верува и месното население, професор д-р Иван Микулчиќ ја отворил можноста дека во „Градиште“ се наоѓала Перседида, престолнината на последниот македонски крал Персеј.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?52920-%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B5%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%E2%80%9E%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5%E2%80%9C-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B8

--- надополнето ---

http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/April.2006/stat_link4.html
 
Ех, почнаа со Александар трети, а завршија со Персеј. На Александар малку пред да умре му дошле во посета претставници од западните земји (главно од Рим) во наводно дипломатска посета, а всушност биле исплашени од неговите можни планови (за кои се “наслушнувало“) за нови Македонски освојувања, но овојпат кон Запад. Брзо после тоа, тој умре. Случајно?
Него го “суредија“, останатите ги раскараа (Divide et impera е нивна изрека...) без многу напор (можеби и самите генерали биле виновни за тоа), за да на крај “стават точка“ со крајот на Персеј.
Навистина несреќна е судбината да бидеш цар на распадната држава и да се обидуваш да го составиш распаднатото ткиво на она што некогаш беше светско царство... Слава му на Персеј - Борчеј!
 
Што значи Борчеј?
“Грците“ немаат гласови “Б“ и “Ч“. Наместо “Б“ викаат : “П“. Према тоа, името Персеј може да се чита и како Борче! А кое име е Борче не треба објаснување.
Истиот случај (уште поеклатантен) го имаме и со Тројанскиот принц : Парис, кој во тој случај би бил Борис (или Борец - како епитет за одреден војсководач чие што лично име не е зачувано). И, во приказната за Борис и Илинка (Парис и Елена) би станувало збор за некој Борец кој што бил испратен во дворецот на Агамемнон за да ја врати Илинката (жителката - племкиња на Илион - Троја) која била несреќна во бракот или пак политичките интереси поради кои бил склучен тој брак биле прекршени. Затоа Парис ја “грабнал“ Елена сосе мираз (!) и никој не му се спротиставил, затоа што тој бил во право со таа постапка. Инаку, како е можно од утврден град да грабнеш некого и тоа сосе мираз? Тоа е еден вид развод. Те прашувам, кога твојата сестра или ќерка е малтретирана од сопругот - дали не би заминал во куќата кај нејзиниот сопруг и дали не би си ја вратил дома, нормално, заедно со нејзините работи и миразот?
Инаку (“забегав“ од темата) имињата Борче и Борис ги ставив како своевидна тема за размислување. Можеби не сум во право, но можеби некој ќе го оправда моето мислење или ќе најде податоци кои ќе идат во прилог на истото. Во секој случај, зошто да не биде тоа така? Зошто да мора да биде поисправно мислењето на некој странец од нашето? Уште помалку Грчкото мислење, а факт е дека Илијада е преправана уште во антиката, зошто не би биле преправани и имињата на главните јунаци. Кога може Куфу да биде Кеопс, зошто не би можел и Парис да биде Борис?
 
“Грците“ немаат гласови “Б“ и “Ч“. Наместо “Б“ викаат : “П“. Према тоа, името Персеј може да се чита и како Борче! А кое име е Борче не треба објаснување.
Истиот случај (уште поеклатантен) го имаме и со Тројанскиот принц : Парис, кој во тој случај би бил Борис (или Борец - како епитет за одреден војсководач чие што лично име не е зачувано). И, во приказната за Борис и Илинка (Парис и Елена) би станувало збор за некој Борец кој што бил испратен во дворецот на Агамемнон за да ја врати Илинката (жителката - племкиња на Илион - Троја) која била несреќна во бракот или пак политичките интереси поради кои бил склучен тој брак биле прекршени. Затоа Парис ја “грабнал“ Елена сосе мираз (!) и никој не му се спротиставил, затоа што тој бил во право со таа постапка. Инаку, како е можно од утврден град да грабнеш некого и тоа сосе мираз? Тоа е еден вид развод. Те прашувам, кога твојата сестра или ќерка е малтретирана од сопругот - дали не би заминал во куќата кај нејзиниот сопруг и дали не би си ја вратил дома, нормално, заедно со нејзините работи и миразот?
Инаку (“забегав“ од темата) имињата Борче и Борис ги ставив како своевидна тема за размислување. Можеби не сум во право, но можеби некој ќе го оправда моето мислење или ќе најде податоци кои ќе идат во прилог на истото. Во секој случај, зошто да не биде тоа така? Зошто да мора да биде поисправно мислењето на некој странец од нашето? Уште помалку Грчкото мислење, а факт е дека Илијада е преправана уште во антиката, зошто не би биле преправани и имињата на главните јунаци. Кога може Куфу да биде Кеопс, зошто не би можел и Парис да биде Борис?

Наполно се согласувам, само сакав да допрецизираш :)
 
Persej e mnogu staro ime i e od pred Makedonskoto kralstvo a poteknuva od Balkanot i nema vrska so Grcija.Moja teorija e deka del od Pelazgite se identifikuvaat vo Peleset "morskite luge" koj go napadnale Egipet.Dosta e diskutirano za ova vo svetov i licno sum protiv vladeeckata teorija deka palestincite-filistejcite se nivni potomci.Vo antikata samo Persijancite i Peleset lugeto mozhat da se identifikuvaat po edno nesto....
Eve gi Persijancite...
http://www.corbisimages.com/Enlargement/IH076191.html
Eve gi Peleset
http://realhistoryww.com/world_history/ancient/Minoan_Greece_2.htm
 
И името на островот Крит е многу старо : можеби затоа што на тој остров бил крит (криен, сокриван) Богот Зевс од неговиот татко Крон (да не го изеде - всушност, тоа е борбата на Матријархат со Патријархат и преминот на едното уредување во друго, но тоа е друга приказна...)

И името на палатата и главниот град на истиот овој остров е многу старо : Кнос (ос). А со тој град и остров владеел Кнез (Кнос). а тој владетел, таа титула (име) си ја “заработил“ затоа што врз населението спроведувал Гнес - Гнетгнетување), односно владеел со својата моќ и сила.

Па така на тој остров си живееле поморските народи Пелагиос (затоа што Лага е влага, исто како Лагадин, Лагово, млака, Lac = езеро, водата се лачи и т.н.) исто како што си имаме племе Езерани така си имаме и Поморјани (поморски народи).

А кога веќе го спомнав Кнос и неговата истоветност со Кнез, да ја напоменам и Еврејската (најверојатно Арамејска) именка : Кнесет или што би рекле ние - Собрание (на Кнезови). Па така во Еврејскиот Кнесет си се собираат Еврејските Кнезови за да раководат со Израел...
 
Livii_liber-XLV-9_zps71a75b77.jpg


Titus Livius "Ab Urbe Condita", liber XLV, 9

"Така заврши војната меѓу Римјаните и Персеј, што без престан траеше четири години, и така престана да постои едно кралство, долго време познато низ голем дел на Европа, и низ цела Азија. Од Каран, нивниот прв крал произлезе Персеј четириесеттиот. Персеј дојде до круната во времето на конзулатот на Квинт Фулвиј и Лукиј Манлиј, ја доби титулата крал од сенатот во времето на Марк Јуниј и Аулиј Манлиј, и владееше единаесет години. Славата на Македонците беше никаква се' до времето на Филип, синот на Аминта, и иако во неговото време и со неговите напори почна да се зголемува, сеуште беше ограничена во рамките на Европа, ширејќи се само врз цела Грција, и дел од Тракија и Илирија. После силата на Македон се истури како потоп врз Азија, и во времетраење од тринаесет години додека владееше Александар тие ја потчинија под своја власт таа безмалку огромна област што ја сочинуваше империјата на Персијците, и потоа се рашири врз Арабија и Индија, се' до таму до каде што Црвеното море ја формира границата на земјата. Во тоа време нивната империја беше најголема во целиот свет, но со смртта на Александар беше растргната во повеќе кралства, каде што секој од неговите наследници се бореше да добие моќ за себе, притоа растргнувајќи ја целината. Од времето на неговата најголема слава до сега, неговата крајна пропаст, се одржа сто и педесет години."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom