Македонец против ураганите

Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Возраст
122
Од МакФакс

Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во Соединетите Американски држави (САД).

Во писмото испратено до “Македонски глас“, неделник на македонското иселеништво во САД и Канада, изумителот Владо Филе наведува дека неговиот иzум ќе го спаси човештвото од страдањата што ги предизвикуваат разорните урагани.

Овој инжинер по агрономија, кој дипломирал во 1955 година, за својот изум ги известил американските власти од кои чека одговор на поставени барања.

Тој, како што пренесува Макфакс, изумот го условил со обединување на Македонија во нејзините етнички граници, со Пиринскиот и Егејскиот дел, повлекување на американските војници од Ирак и бара надокнада од три милијарди долари.
 
:ojea:




нека си го пази животот...

пошо имаше македонче шо пред некаде 20 години го „измисли„ моторот на вода (хидролиза, делење на водата на водород и кислород...)

и по некое време го отепаа мислам...
 
А измумот ќе им го отрие откако ќе ги исполнат условите, или? :wink:
 
Скептичното во мене вели дека типот е некоја тешка превара која си бара начин да се најде во весници али тоа со барањата кои ги има поставено, посебно делот за обединување на македонија води кон тоа дека типот е малце :lud: а таквите луѓе имаат некој креативен ум кој може да измисли такво нешто. а уште па кога ќе ми текне дека имаме иноватори како типот од кочани шо има печка на дрва на сред соба, без бурии да ја носат чадта во оџак, малце ме заскокоткува како ќе се развие сето ова. али што и да биде едно е сигурно, македонија нема да ги добие останатите делови :( ќе треба временска машина да измислиме па тогаш ќе мењаме граници :wink:
 
денес ја прочитав статијата , и ја барав темата. Човечето ако има измислено нешто, требало да оди некаде каде што ќе се осеќа побезбеден, вон границите на ЦИА, па да преговара со американците... а тоа со обединувањето можно е... ако имаат македонците поќе пари од грците и си го купат капиталот... поточно практично невозможно... а како замислува дека ќе се обедини македониа? Ќе оди буш и ќе му речи на грците, абе дај не заебавајте вратете му го солун... или пак воено ќе интервенира...:)) можеби .. према планов на македончево војниците од ирак ќе останат без работа па ќе може да ја извадат платата со тоа шо ќе ка нападнат грција.. :)))) ако има нешто, можел да земи нешто.. но со овие услови шо ги има поставено... се знае каде што не прави дупка доларот прави куршумот...
 
колку оптимизам се има собрано во вас, просто се воодушевувам... :roll:


ај да не ме свати некој погрешно, иронија требаше да биди...

па барајте го чоекот, дајте му убај совети...

а то со обединвањето на МК...

Грција изгуби СЕКАКВО гео-политичко значење за Американците...

а за другите „големи сили„ (тие шо мислат дека се големи) никоаш не ни имала такво нешто во последните 50 години...

значи...

без да се вртите во круг ко куче шо проба да си ја касни опашката...

не мора обединување да се свати секоаш со војни и крвопролевања...

кој ви всадил такви идеи бе, маме му .... :boks:
 
hm.. od sekogash mi bilo cudno konstruiranje drzava bez krvoprolevanje...
Objasni kako e toa mozhno :?:
 
Serdarot напиша:
не мора обединување да се свати секоаш со војни и крвопролевања...

кој ви всадил такви идеи бе, маме му .... :boks:

е ај кажи како американците на мирен начин ќе им објаснат на грците да ни одстапат дел од нивната територија :?
 
јас сум за да се бара човекот и да се вклучи во дискудијава... инаку грција има 4-5 мориња, како придобивка во првата светска војна и од та војна грција најповеќе профитира а најмалце војуваше....
 
DreamBeatDream напиша:
hm.. od sekogash mi bilo cudno konstruiranje drzava bez krvoprolevanje...
Objasni kako e toa mozhno :?:
Чешка и Словакија, Украина и други Руски држави, али Чеченија проли доста крв и надокнади...
 
Мистичен напиша:
Човекот (доколку навистина постои) ги "фура", не тупете мозок.
и демек?? ќе ја обединат МК, а него како на свирач на свадба ќе му залепат 3 миљари, и тој ќе му речи се зебавав бе... инаку се прозиваше филков мислам.. пиши во весник.. а имате идеја ако најдиме име и презиме како ќе го најдиме??.. во најлош случај да нема појма од интернет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom