Microsoft новости

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Microsoft издаде Security Essentials софтвер

Microsoft пред неколку месеци ја издаде јавната бета верзија од својот Security Essentials софтвер, а сега конечно ја излезе и официјалната верзија која може да се преземе од официјалната страница на компанијата. Ова е бесплатна алатка за заштита од тројанци, компјутерски вируси, spywarea и rootkits, а после серијата тестирањата, магазинот PC World даде добри оценки за Security Essentials. Имајќи предвид дека софтверот е бесплатен, голема е веројатноста дека ќе стане особено популарен меѓу корисниците.

Интерфејсот на програмот е прилично едноставен. Програмот работи „незабележително во позадина“, а корисниците добиваат известување само во случај да треба да преземат некаква акција.

Во моментов се достапни верзиите за Windows XP, Vista и Седмица.
 
Мајкрософт го пушти Windows 7, достапен и во Македонија

IT гигантот Мајкрософт денеска го пушти во малопродажба новиот оперативен систем „Windows 7“ низ целиот свет каде што работи. Производот е лансиран и во Македонија, а раководството на компанијата тврди дека „Windows 7“ ќе им ја олесни работата на компјутер на сите клиенти бидејќи нуди најнови иновации во пребарувањето, едноставност во користењето, мобилност, голема безбедност и голем број други новитети.
„Windows 7 е оперативен систем од кој Мајкрософт има големи очекувања, оперативен систем кој треба да го олесни начинот на кој корисниците работат и комуницираат со својот компјутер, оперативен систем кој ќе биде побрз, подоверлив и побезбеден од своите претходници, и оперативен систем којшто ќе има нови начини на интеракција со корисникот, преку една од клучните карактеристики, преку допир“, рече Илијанчо Гаговски, директор на Мајкрософт Македонија.

По речиси три години наговарање на корисниците од XP да преминат на Vista, Microsoft одлучи да издаде нова верзија од својот оперативен систем. Windows 7 денеска ќе го добие своето официјално претставување, истовремено кога започнува и продажбата на новиот OS. Станува збор за голема надградба на Windows после Vista-та, која на пазарот се појави во јануари 2007-та година. За разлика од тешката Vista, која им создаваше главоболки на сопствениците на „побавни“ компјутери, Windows 7 оперативниот систем би требало без проблем да работи на сите компјутери, без разлика дали се поевтини или поскапи, со послаби или посилни карактеристики. Тоа е навистина значаен напредок, имајќи предвид дека повеќето корисници кои сакаат да преминат од XP OS на Vista пред тоа мораа да купат нов компјутер или некој негов дел. Во споредба со Vista, Windows 7 работи многу побрзо, системот се подига за само неколку секунди, а побрзо е и спојувањето со безжичната Wi-Fi мрежа. Олеснато е и пребарувањето датотеки на компјутерот, резултатите се појавуваат побрзо и се групирани во категории кои го олеснуваат пребарувањето. Microsoft ги предупреди корисниците дека во првите неколку недели може да дојде до проблеми во функционирањето на системот имајќи предвид дека сè уште не се решени сите багови, а потребно е да се изработат и прилагодат уште некои driver-и. Новите Windows изданија добија многу добри оцени од корисниците кои го инсталираа оперативниот систем во пробниот период, а со нивните оцени се согласија и експертите. Сите тие се согласуваат дека Vista-та треба да се замени со многу подобрата и побрзата „седмица“. Оперативниот систем Microsoft Windows и понатаму држи 90 отсто од пазарот, а компанијата тврди дека нејзиниот OS го користат повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Без разлика на големиот удел, Microsoft стана мета на критики поради лошо прифатената Vista, а Европската комисија и американскиот Депратмент за правосудство го обвинија Microsoft за монополско однесување Во врат на Microsoft му дишат и главните конкуренти, Apple и Linux, односно Ubuntu кој ужива голема популарност кај корисниците кои сакаат да користат бесплатен оперативен систем и софтвер. Од овие причини новите Windows изданија мораа да бидат подобри од оние на Vista и поради кои Microsoft сите сили ги насочи кон развој на оперативен систем кој на корисниците ќе им овозможи полесно и подобро користење. - Windows 7 е се што Vista-та требаше да биде, па дури и повеќе од тоа, изјави директорот на компанијата AMD, додека Алекс Грузен од Dell новите Windows изданија ги нарече „револуционерни“. Без разлика на сјајните критики, сите се согласни дека во последните неколку години се развија бројни бесплатни оперативни системи и програми кои на корисниците им нудат квалитет и што е најважно, алтернатива. Тоа сигурно ќе го намали уделот на Windows на пазарот и за некое време ќе биде начната доминацијата на овој оперативен систем.
 
Windows 7 е веќе достапен и во Македонија така да оние што имаат желба да си го купат Windows 7 тоа можат да го сторат во Login Systems или да си го порачат преку нивната веб страна.
Линк до Login Systems
 
Microsoft го претстави новиот видео сервис

Она што некогаш беше познато како MSN Video од денес има ново име – Bing Video. Освен сменетиот наслов, новиот видео сервис на Microsoft доживеа и некои козметички и формални промени.

Bing Video на посетителите ќе им ги понуди сите поставени видеа на MSN Video, но и оние од сервисот Hulu, ABC, YouTube и слични, а според службените извори, нивниот број ќе изнесува повеќе од 300.

Од Microsoft истакнуваат дека повеќе од 80 отсто од корисниците на интернет се во потрага по видео содржини, а секој од нив месечно троши осум часа на прегледување на тие содржини. Поради тоа софтверскиот гигант одлучи да понуди квалитетен избор на квалитетни видеа.

http://www.bing.com/videos
 
Испробајте го новиот Internet Explorer 9
Иако и понатаму е најдоминантниот веб пребарувач на светот, Internet Explorer од месец во месец ја губи трката на пазарот. Поради тоа Microsoft планира со новата верзија 9 на својот прелистувач да го смени текот на настаните и со тоа да ја задржи доминацијата. о текот на вчерашниот ден Microsoft на својата конференција Mix, која деновиве се одржува во Лас Вегас, во присуство на програмери и учесници од секој дел на светот, ја понуди бесплатната верзија на Internet Explorer 9.

Пребарувачот не е ни близу до завршен производ, но првите впечатоци се одлични.

Internet Explorer 9 е претставен во преглед верзија, која во идните месеци ќе се претвори во бета.

Според извршните луѓе на Microsoft, Internet Explorer 9 треба да донесе поддршка за сите нови веб стандарди како што се HTML5 и CSS3, подобрување во управувањето со видео, графичките и текстуалните содржини како и зголемено уживање во сурфањето.

Бесплатната верзија на Internet Explorer 9 можете да ја преземете тука.
 
Благодарение на Windows 7, Microsoft руши рекорди

Нашите бизнис корисници почнуваат да ги обновуваат своите компјутери и со тоа ја продолжуваат големата побарувачка за оперативниот систем Windows 7, објави оперативниот директор на Microsoft, Кевин Тарнер.
Американскиот софтверски гигант извести дека првото тромесечје од оваа година остварил рекордно високи приходи благодарение на големата продажба на оперативниот систем Windows 7.

За три месеци компанијата забележала раст за 35 отсто, односно 4.01 милијарди долари.

- Windows 7 и понатаму е најмоќниот водич на растот, но силен раст е забележан и во другите области, вклучувајќи го и пребарувањето на Bing. Побарувачката за нашиот оперативен систем се зголемува, па поради тоа можеме да бидеме задоволни, рече Кевин.

Microsoft го лансираше Windows 7 во октомври. Оперативните системи на Microsoft се вградени во повеќе од 90 отсто од компјутерите во светот, со што уделот на Windows 7 надмина 10 отсто. Ова значи дека Windows 7 е најпродаваниот оперативен систем на Windows во историјата на оваа компанија.
 
Секој час се продаваат 25.000 копии од најновиот Windows

Ширум светот до сега се испорачани 150 милиони лиценци за оперативниот систем Windows 7, кој го произведува Microsoft, соопшти денес американскиот софтверски гигант.


windows711.JPG
Секоја секунда се продаваат седум копии од Windows 7, пренесуваат француските електронски медиуми.

Се работи, како што истакнува Microsoft, за досега најбрзо продадена верзии на познатиот оперативен систем Windows.


windows7.3.jpg
Microsoft подготвува сервисен пакет за корекција на проблемите и подобрување за Windows 7 и серверот Windows Server 2008 R2.
 
Мајкрософт виндоус лајв есеншалс 2011 конечно излезе од бета-верзија

Мајкрософт виндоус лајв есеншалс 2011“ е подготвен за своето деби. Компанијата најави дека платформата премина од тест-фаза во финално издание

Со помош на продуктивната платформа од бесплатни апликации се средуваат фотографиите и видеозаписите, се споделуваат документи помеѓу различни компјутери. „Клик ту зум ин“ е новиот додаток кој е најавен заедно со „Дел“ компјутерите кои ќе бидат продадени за време на празничната сезона.

„Виндоус лајв есеншлс 2011“ е дизајнирана да помогне многу полесно да се поврзе вашиот компјутер со сервисите што секојдневно ги користите. Оваа платформа ќе бара од корисникот да има компјутер кој ќе работи на новиот оперативен систем Виндоус 7 или Виста, а процесорот да биде 1,6 гигахерци или појак.

Интересна карактеристика на платформата е и отвореноста кон другите сервиси, како Фликер и Јутјуб. Многу нови функции го красат „Мајкрософт виндоус лајв есеншалс 2011“, како што е хардверски подобрената работа на програмите за уредување на видео и фотографии. Ако користите Виндоус икс-пе нема да можете да ги користите новините на оваа платформа и за тоа ќе ви се потребни Виста или Виндоус 7 оперативните системи.
 
Microsoft и Facebook се здружија против Google

Софтверскиот гигант Microsoft официјално објави дека ќе соработува со најпопуларната друштвена мрежа на светот додавајќи ги Facebook статусите на интернет пребарувачот Bing. Како резултат на тоа корисниците со помош на Bing ќе можат да видат што им се допаднало на нивните пријатели, односно на што имаат стиснато „like“.

Во следните недели додека корисниците на Bing ќе пребаруваат поими или вести, ќе им се појавуваат и текстови кои нивните пријатели ги споделиле на Facebook или пак само кликнале дека им се допаднале.

- Рестораните, филмовите, музичките видеа и се останато што правите на Facebook ќе биде видливо на Bing, објавија од Microsoft.

Bing веќе ја користи опцијата на Facebook „instant personalization“, која веб страниците ќе реди според интересите на корисникот на Facebook и неговите пријатели.

Интернет експертите ширум светот објавија дека со здружувањето на Microsoft и Facebook всушност значи заедничко објавување на војна на овие две компании со Google.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom