Средновековни сведоштва за Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Од 970 година, Византија на дел од Македонија и го наметнува туѓото политичко име "Бугарија", а Турците по 14 век, ја прекрстуваат во "Румелија".

Прекрстувања на делови од Македонија има и во 20 век.

Иако постоело само половина век, во второто македонско царство почнало консолидирањето на македонскиот народ како нова нација, која потоа минала низ неколку нови самостојни кнежества, а во средината на 20 век, се воздигна во нов облик на државен живот.

За подготовките на бунтот на Лав Торник пишува и византискиот писател Михаил Аталаит, кој вели: "Но, еден пролетен ден, додека тој бил стратег на Метилена (во Ерменија, з.м.) среде македонската војска, која подготвила бунт, се јавило незадоволство..." (исто, стр. 161).

Многу важни сведоштва за древната историја и географија на Македонија наоѓаме и во делата на византискиот император Константин Седми Багренородни (912 - 959), кој бил современик на последните бугарски владетели Симеон и Петар.
Во своето дело "За темите", овој император ни кажува како била административно поделена Македонија во минатото - на Прва и на Втора или на Долна и на Горна.

Тој пишува: "Провинцијата Македонија (Втора, з.м.) е под управа на хегемон и таа има осум градови: Стоби (кај Градско,з.м.), Аргос (Велешко, з.м.), Евстрајон (Струмичко, з.м.), Пелагонија (Битола,з.м.), Баргала (Штипско, з.м.), Календиј, Армонија и Запара (можеби Оризари з.м.)".

Ова известување на Константин Багренородни е многу важно за нас, бидејќи на беспрекорен начин го отфрла наметнатото туѓо етничко име на нашата земја. Значи, иако во тоа време северна Македонија била под бугарска власт, тој пак си ја нарекува Македонија.

Византискиот писател Георги Акрополит (13. век) наведува кои градови ги уништувал бугарскиот цар Калојан во 1206 - 1207 година. Тој пишува: "Серес во минатото бил многу голем град, но Бугаринот Јоан (Калојан, з.м.) го разрушил до темел" ("Бугарската воена уметност за време на феудализмот", 1958, стр. 414).

Веќе во 14 век, поранешниот византиски император, Македонецот Јован Кантакузин, опишувајќи ги нападите на бугарскиот цар Михаил Шишман во 1323 година, пишува: "Овде била целата војска од запад - македонската и тракиската, сите тие кои биле во градовите на исток под власта на Ромеите" (исто, стр. 428).

Алберт Аквински (12 век) во делото "Историја", следејќи го патот на крстоносецот гроф Вилхем, од Алвон на Јадранското Море, пишува: "Откако се симнал на копното, тој отишол во градот Солун, кој се наоѓа во областа Македонија" (ГИБИ, т. 8., стр. 164).

Од истиот период е и таканаречениот "Пегавски летопис", во кој бил опишана Третата крстоносна војна, на чело со Фридрих Барбароса. Откако неговите војски поминале преку Ниш и Софија, тие стигнале до "...Филипол, најголемиот град во Македонија" (исто, стр. 205).

Да спомнеме и дека македонските писатели од тоа време, исто така, знаеле дека му припаѓаат на народ, кој е различен од соседните Бугари, Грци и Срби. Така, на пример, нашиот прв печатар, кој во 1560 година отпечатил Псалтир, за себе напишал: "Јас, Јаков од пределите на Македонија, од местото наречено Софија." (М. Дринов: "Сочиненија, т. 2, стр. 495).

Македонецот Јаков не ја распространувал својата книга во Бугарија, туку само во Македонија и затоа во неговиот "Псалтир" од 1570 година, им се обратил на читателите со зборовите: "Ако некој посака од оваа света книга, сите се доставени кај Каратрифун во Скопје (исто, стр. 497).


МАКЕДОНСКОТО САМОСОЗНАНИЕ ВО 19 ВЕК

Во 1834 година мелничанецот Димитрија Калампасизи, во Букурешт на грчки јазик, објавил "Кратка практична аритметика", наменета за класните училишта во Македонија. Среде многуте претплатници бил запишан и "многу почитуваниот митрополит на Филипи и Драма и многу уважениот егзарх на Македонија, господин Герасим". За истата книга, еден од учениците во Асеновград се претплатил на истата книга под името "Димо Темистоклов, Македонец".

Во 1844/1845 година, рускиот филолог Виктор Григорович ја обиколил цела Македонија со цел да пронајде македонски книжевни споменици од Средниот век, по што, однесол во Русија "два товара ракописни книги". За време на престојот во Битола преспал кај месниот митрополит. Таму Григорович видел дека тој митрополит ја носел титулата "Митрополит Пелагониски и егзарх на горна Македонија".

Две години потоа, во 1847 година, Емануел Васкидович од Мелник, кој го отворил првото бугарско училиште во 1845 година,во Белград објавил книга за деца, под наслов "Мала енциклопедија". Предговорот на енциклопедијата тој го потпишал со: "Емануел Васкидович Македонски". А, колегата на Васкидович, кој бил роден во градот Дупница, но од родители со потекло од Кочани, своите книги ги потпишувал со "Христаки Павлович - Македонца".

Уште во времето по 148 година п.н.е. кога Рим, со помош на Грците, ја завладеал Македонија и таа ја изгубила својата државна самостојност, на нашата татковина и биле ставани најразлични имиња со единствена идеја - името Македонија засекогаш да исчезне од историјата.

Уште по нејзиното освојување, Римјаните ја разделиле на четири области, така што дури ги забраниле и меѓусебните бракови на Македонците од одделни области. Тоа било направено смислено и со цел - уништување на сите обиди за воскреснување на македонската држава. Кога се знае дека до тогаш поминале само два или три века од конечното зацртување на етничките граници на македонските племиња во една држава, илузиите нашето име да исчезне, на непријателите им изгледале можни. Уште повеќе, затоа што во средна Струма живеело сродното племе Меди, а на исток и југо-исток живееле племињата: Сатри, Беси, Бистони, Крестонци и други. Сето ова ги потхранувало надежите на непријателите дека со поделби и преименувања ќе можат да го погребат споменот на нашата прва државност и на нашите први владетели: Каран, Пердика, Архелај, Филип Втори, Александар Македонски...

За време на римското владеење одделни области од Македонија биле вклучувани и во новоформирани и новоименувани административни единици, како што биле: Илирик, Епир, Нов Епир, Дарданија, Тракија и други. Но, целта сепак не билa постигната. Подоцна, со навлегувањето на Словените, дел од Македонија бил преименуван како Славинија, а за време на краткото бугарско владеење во Котокија. Од 970 година, Византија на дел од Македонија и го наметнува туѓото политичко име "Бугарија", а Турците по 14 век, ја прекрстуваат во "Румелија". Прекрстувања на делови од Македонија има и во 20 век. Но, сите овие обиди на странците не успеаја да го отргнат споменот кај народот за својата државност и национално име, затоа што народ и држава, кои се избрани од Бога - не можат да исчезнат! Така како што не загинаа египетското, јудејското, сириското и персиското царство, така не можеше да загине ни македонското царство. И еве, единаесет векови по римската окупација на Македонија, во 968 година, се роди Втората македонска држава на цар Давид, Арон, Самуил, Гаврило Радомир и Иван Владислав. Иако постоело само половина век, во второто македонско царство почнало консолидирањето на македонскиот народ како нова нација, која потоа минала низ неколку нови самостојни кнежества, а во средината на 20 век, се воздигна во нов облик на државен живот.

И, ако некогаш обединувањето на македонските племиња започна од југо-запад и се прошири кон исток и северо-исток, тоа денес почнува од северо-запад и оди кон исток и југо-исток. Разликата е само во тоа што во далечната антика, поодделни македонски племенски кнезови правеле напори да се спротивстават на обединувањето, а денес, македонскиот народ, со верба во себе, се бори за своето обединување, бидејќи нам Македонците ни е сосема јасно дека само обединувањето ќе ни ја донесе онаа политичка, економска и културна благосостојба, која судбината и ја определила на ветената земја Македонија.
 
da ne zaboraime deka porano skoro cel svet bil nas...
 
МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ГО ЗАБОРАВААТ СВОЕТО ИМЕ

Наспроти обидите од надворешните сили да ни се замени етничкото име со политичко, сепак гледаме дека успех не е постигнат.
Причини за ова има неколку.
Некои од нив се:

1. На прво место несомнено е причината дека Македонецот никогаш не ја заборавил својата древна слава. Имињата на двата најголеми македонски цареви Филип Втори и Александар Македонски, пренесувани низ вековите, стигнале и до нас.
Овде секако се и урнатините на старите македонски престолнини Едеса (Воден) и Пела; потоа надгробните споменици, расеани речиси низ цела Македонија - сето тоа постојано го потхранувало споменот по минатото и жедта за ново воскресение на нашиот народ.

2. Значителен дел од нашата татковина, уште од крајот на 8. век, го востановил своето етничко име. Тоа е територијата на источна Македонија, која ги опфаќала следниве граници: на север стигнувала до падините на Стара Планина. На југ, по течението на р. Марица, стигнувала до Егејското Море. На запад стигнувала до околината на Солун. Оваа територија од крајот на 8. век била организирана како одделна административна тема во Византија, која го носела името Македонија. Ова име останало до крајот на византиското владеење.

3. Византија продолжувала да ги собира своите војски на етнички принцип. Така, во оваа империја, постоеле: "тракиска војска", "македонска војска", "словенска војска" итн. Овие војски биле обучувани и командувани главно од команданти Македонци, кои стекнале слава како најдобри полководци, додека нивната војска се сметала како најдобра во битките.

4. Своја заслуга имаат и македонските писатели. Како прва земја во Европа, која го прифатила христијанството, Македонија дала многу маченици во негова слава. Споменот на овие маченици бил овековечен во т.н. "житија". Во овие житија, писателите ја спомнувале својата татковина и, што е уште поважно, секогаш ја разграничувале од соседните земји и народи.

5. Се разбира дека овде се и западните хроничари кои честопати го спомнувале нашето етничко име.

Со посебна популарност биле користени и четирите книги за солунскиот чудотворец Свети Димитрија. Во нив среќаваме многу детали од политичкиот и општествено-стопанскиот живот на Македонија во Средниот век. Во "Месецословот", пишуван во времето на Василиј Втори, каде што се собрани поголемиот дел од житијата на македонските свештено-маченици, пишува дека: "...четириесетте девици-маченици биле од Адрианопол во Македонија" (ГИБИ, т. 6, стр. 48).

Од посебно значење биле и многуте географски патеписи, кои ја користеле старомакедонската топонимија. Така, на пример, Михаил Псел раскажува за востанието на Македонците во 1057 година, на чие чело бил Лав Торник. Псел, како современик на Торник, соопштува дека Македонците си биле живи и здрави и во 11. век. Тој пишува: "Тогаш околу престолнината имаше многу Македонци, главно такви, кои од памтивека живееја во Адрианопол" (исто, стр. 102). Овде Псел открива и дел од моралните квалитети на Македонците, па пишува: "Повеќето Македонци се луѓе, полни со надменост и смелост..." (исто, стр. 105).
 
Меѓу другото да надополнам на тоа што Трн го истакне погоре за сите тие обиди за преименување на МАКЕДОНИЈА,со Султанската забрана за користење на терминот Македонија, инаку кој има време и желба може и со свои очи да го види овој документ кој е изложен во галеријата Мала Станица -позади Рамстор.

sultanskanaredba1903.jpg
 
Super sto ja postirase Sultanskata zabrana, ne nosev aparat vo MS.


Zaboraviv, Trnu, dali izvadocive ti se od moderni knigi, i dali nekade barem kopii si videl od se ona sto go napisa.
 
Интересно е како пишувале нашите. Cпротивно на пропагандистичките тврдења за подоцнежниот период, посебно од времето на БГ егзархија:


8a1cdo4.jpg

Протоколна книга од манастирот "Св. Нкола"
во с. Слепче (Прилепско) (1860-1863)


Зборови:

- сребрени
- звонче
- нараќвица нова
- колан серма
- железни
- мали
- големи

Исто како денес...
 
Ме интересира еден тип Барон Константин Бели кој 1834(мислам) го издава во Виена, “Прогласот до своите еднородни Македонци’’.

Инаку типот е Барон во Хабзбушката Монархија.

Неможам да најдам нешто повеќе за него па кој знае нека постира....
 
ЗА ИСТОРИЈАТА НА КОНИКОВСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ

Jouko Lindstet (Bibl.Patr.Alex. 268)

Во трудов се разгледува еднo рано неделно евангелие на современ македонски јазик, печатено со грчки букви во Солун во 1852 г. според Ј. Иванов (1931: 181–185).
Тој ја именува оваа книга Кониковско евангелие според родното село на претпоставениот преведувач Павел Божигропски
(околу 1800–1871, Ристовски 1989)......
Во текот на зимата 2003/04 г. истражувачи од Универзитетот во
Хелсинки работејќи во Александрија, Египет, пронајдоа еден интересен двојазичен ракопис. Ракописот содржи грчко евангелие (т.н. неделно евангелие за служба) и негов словенски превод, обата напишани со грчки букви. Она што го прави овој ракопис исклучителен е неговата двојазичност, како и фактот дека и грчкиот и словенскиот текст покажуваат не црковен туку народен текст (вернакулар).[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
Словенскиот дел од текстот е најстариот меѓу големите текстови што непосредно го одразуваат живиот говор во Егејска Македонија.

Како што може да се види тој исто така го претставува најстариот познат евангелски превод на современ македонски јазик.

Претпоставката на Иванов (1931: 181) е дека Павел ги користи грчките букви за да го направи објавеното поприфатливо за грчкиот клер, но ова не е веројатно.
Кирилските букви едноставно не им биле познати на мнозинството Словени во Егејска Македонија, вклучително и свештените лица, а ова е назначено во Цареградски Вестник (Анонимен 1853) како главен мотив на Павел за да ги употреби грчките букви.

Општиот впечаток е дека намерата е да се отстранат некои од дијалектните особености на оригиналниот текст..

4. Заклучок[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
Јас претпоставувам дека ракописот е направен во долновардарскиот крај од некој што сакал да го направи Евангелието достапно за обичниот народ, на народен грчки и на народен македонски.

Македонскиот текст е подготвен токму за овој ракопис.[FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot][/FONT]

Водените знаци на хартијата во случајов се основни во неговото датирање.
Мика Хакарајнен (усно соопштение) ме извести дека тие се малку видливи и се тешки за анализа, но дека укажуваат на можноста да се од крајот на 18 или почетокот на 19 в.
Ова означува дека ракописот е стар околу 200 г., значи дека тој е најстарото од досега познатите македонски евангелија на современ јазик.



Од дијалектолошка гледна точка Кониковското евангелие не може
да биде показ на говорот на само едно село, туку пред сè на еден поширок дел на долновардарскиот регион.
И да не укажува на еден говор, тој претставува добар материјал за македонските дијалекти што се сега во процес на губење или веќе се загубени.

8fx37nn.jpg

primer kako se razoblicuva BG PROPAGANDA...
целиот текс е овде..
[FONT=&quot][/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot][/FONT]
 
3а македонскиот јазик е карактеристично што може да се пишува со било кое писмо.

Тоа го злоупотребуваат грците.
 
Dobro e site da razgledaat poveke za ova,mnogu interesno.Eve sto mozev da najdam:

The Konikovo Gospel (Bibl.Patr.Alex. 268)

A bilingual vernacular Gospel manuscript from Macedonia

(first half of the 19th century)


http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/
p001small.jpg


p004small.jpg




Jouko Lindstet (Bibl.Patr.Alex. 268)

Во трудов се разгледува еднo рано неделно евангелие на современ македонски јазик, печатено со грчки букви во Солун во 1852 г. според Ј. Иванов (1931: 181–185).
Тој ја именува оваа книга Кониковско евангелие според родното село на претпоставениот преведувач Павел Божигропски
(околу 1800–1871, Ристовски 1989)......
Во текот на зимата 2003/04 г. истражувачи од Универзитетот во
Хелсинки работејќи во Александрија, Египет, пронајдоа еден интересен двојазичен ракопис. Ракописот содржи грчко евангелие (т.н. неделно евангелие за служба) и негов словенски превод, обата напишани со грчки букви. Она што го прави овој ракопис исклучителен е неговата двојазичност, како и фактот дека и грчкиот и словенскиот текст покажуваат не црковен туку народен текст (вернакулар).

Словенскиот дел од текстот е најстариот меѓу големите текстови што непосредно го одразуваат живиот говор во Егејска Македонија.

Како што може да се види тој исто така го претставува најстариот познат евангелски превод на современ македонски јазик.

Претпоставката на Иванов (1931: 181) е дека Павел ги користи грчките букви за да го направи објавеното поприфатливо за грчкиот клер, но ова не е веројатно.
Кирилските букви едноставно не им биле познати на мнозинството Словени во Егејска Македонија, вклучително и свештените лица, а ова е назначено во Цареградски Вестник (Анонимен 1853) како главен мотив на Павел за да ги употреби грчките букви.

Општиот впечаток е дека намерата е да се отстранат некои од дијалектните особености на оригиналниот текст..

4. Заклучок

Јас претпоставувам дека ракописот е направен во долновардарскиот крај од некој што сакал да го направи Евангелието достапно за обичниот народ, на народен грчки и на народен македонски.

Македонскиот текст е подготвен токму за овој ракопис.

Водените знаци на хартијата во случајов се основни во неговото датирање.
Мика Хакарајнен (усно соопштение) ме извести дека тие се малку видливи и се тешки за анализа, но дека укажуваат на можноста да се од крајот на 18 или почетокот на 19 в.
Ова означува дека ракописот е стар околу 200 г., значи дека тој е најстарото од досега познатите македонски евангелија на современ јазик.



Од дијалектолошка гледна точка Кониковското евангелие не може
да биде показ на говорот на само едно село, туку пред сè на еден поширок дел на долновардарскиот регион.
И да не укажува на еден говор, тој претставува добар материјал за македонските дијалекти што се сега во процес на губење или веќе се загубени.

8fx37nn.jpg

primer kako se razoblicuva BG PROPAGANDA...
целиот текс е овде..
 
Edno da vi e jasno bez razlika dali ste grci srbi ili bugari Makedonija treba da bide cela i kako takva da bide faktor vo regionov.Bez razlika sto znaat site "sosedi" deka nema sansa da se obedinat Vardar, Egej i Pirin,stravot e dlaboko vrezan vo nivnite koski ,vo nivnoto bitie, od pkolenija ,deka dokolku MAKEDONIJA stane celosna drzava , bilo koj narod koj zivee vo nea nema da se zeme vo predvid.Imeto Makedonija vo niv vleva strav i nemir deka ke bidat zaboraveni vo istorijata kako obicni smrtnici.Zatoa na site ni e jasno deka Makedonija dodeka ne bide cela nema da se smirat iskonskite pobudi sakale ili ne.Vprocem Makedonija e na Makedoncite i na nikoj drug.Zatoa site vie koi se cuvstvuvate Makedonci krenete go glasot protiv tiranite i protiv onie koi ve negiraat,i kazete na poln glas deka nie ne sme bugari srbi niti grci i deka tie se varvari za nas,no nasata nesreka e da patime od posilnite.



MAKEDONIJA KOLKU GORDO ZVUCI
 
009496206-big.jpg


Од книгата на Joрдан Иванов (1915)-преводот на текста и обjаснуването на авторот:
009496208-big.jpg
 
"Histoire de Constantinople" - 1657 г

"Historia Byzantina" - 1680 г.


от Шарл Дјуфрен Дјуканж


Нјаколко десетилетија преди това Мавро Орбини издава прочутија си труд
за царството на славјаните, представлјавашта вс'штност
историја на средновековната б'лгарска д'ржава.

И странно зашто ник'де не се споменава за... македонска д'ржава. :toe:
 
павелмк ајде види под буквата М што пишува.
Ама верно да ми пренесеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom