Запознавање со родителите на дечкото/девојката

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Имате врска (на пример месец дена или повеќе) и девојката/дечкото сака да ги запознаете нејзините/неговите родители.
Дали тоа би било затоа што сака да ви покаже колку и/му значите или нешто друго?
Дали сметате дека со тоа сака на некој начин да ве приврзе за себе?

Кога е погоден момент да ги запознаете според вас? Некои искуства, интересни случки?

п.с. Нели има официјални и случајни (незгодни запознавања, срамежливост) :D
 
Тоа може да значи две работи :
:arrow: Сака да добие мислење од мама/тато
:arrow: Стварно сака подобро да се запознаеме и да стане „нешто“ од врската.

Добро време за запознавање...хммм...на свадба??

У ствари, нема ни добро ни лошо време за запознавање, пошто тоа не мора и ништо посебно да значи - ете, јас на пример би сакал да знам со кој е син ми/ќерка ми чисто за да знам со какви луѓе се дружи.

Али дефинитивно има добри и лоши моменти за запознавање - на пример, се враќаат твоите дома неочекувано и те укебуваат во момент на земјотресен оргазам... е тоа е лош момент. Или ве начекуваат во фино ресторанче на убава вечеричка - тоа не е толку лош момент. Под услов да си заминат на друго место.
 
Mногу е важно да станеш пријател со родителите на девојката.
Дури ти треба да создадеш ситуација за таа да те покани да ги запознаеш.
Ако евентуално девојката започне да кенка, ќе можеш да ги употребиш против неа. :D
 
Никола напиша:
Ако евентуално девојката започне да кенка, ќе можеш да ги употребиш против неа. :D
Демек ако "кенка" како што би рекол ти, лесно е да ја направат нејзе крива ако те заскаат :pos:

Туку... Можам да кажам дека моите секогаш сакаат да знаат со кого си имам работа, иако знаат дека мојот избор за мене е добар. Среќа што не се од оние кои сметаат дека е важно што мислат комшиите ако и доаѓа дечкото на ќерката дома (добро е да имаш млади родители 8) ).

Дечко ми го запознаа сосема случајно додека пиевме кафе во град, во тој момент многу се усрамив (читај: најмногу се усрамив), а тој гајле си немаше, се изнапрај муабет, а јас молчев (што ретко се случува).
Морам да признам дека супер се чувствував кога ми кажа дека сака да ме запознае со неговите.

Ако има желба да те запознае со родителите, мислам дека е знак дека не е рамнодушен/на кон тебе и сака да те знаат најблиските.

Никола напиша:
Mногу е важно да станеш пријател со родителите на девојката.
И со родителите на дечкото исто така :pos: Многу можат да ти се најдат некогаш :pos:
 
Никола напиша:
Mногу е важно да станеш пријател со родителите на девојката.
Дури ти треба да создадеш ситуација за таа да те покани да ги запознаеш.
Ако евентуално девојката започне да кенка, ќе можеш да ги употребиш против неа. :D


Никако... Ти Никола ваљда мислиш на девојката со која што си сигурен дека ќе се жениш, така? Пошто иначе што ќе ти е да ги упознаваш родителите? Од лично искуство ти кажувам. Сите родители сум ги упознавал, и сите (освен едни) ме засакаа невидено, и беа на моја страна ако имаше ситуација меѓу мене и ќерка им, ама тоа е глупо. Како прво секогаш треба да си на страна на сопственото дете, а како второ ако ти кенка тебе девојката, направи ја лом, направи едно goodbye fuck за последен пат, и шутни ја обавезно!

А нормално, кога ќе си сигурен дека ќе се жениш за неа, тоа е веќе друга работа, ама не би требало да се жениш со некоја која што во било кој момент има опасност да ти кенка...
 
Глупава работа освен ако е врска за озбилно како што кажа Делфинчо. Повеќе пати ми се десило и понепријатна ситуација здравје! Барем за мене дека сум ептен срамежлива :oops:
А секогаш ги имаш оние моменти, иииии оваа му е девојка на X, леле колку е убавааа, па нешто сите шепкаат на страна, па ти се смеат, па ти се лижат, на раце те носат ... бљак!
Да не бидам сватена погрешно, се гадам од тие ситуации затоа што траат додека си само девојка ... после си жената што за нешто е крива, што носи кратки сукњички, што не внимава на синчето како што треба и милион други работи ... знаеме сите како оди тоа :pos: :pos: :P
Значи правилниот момент е кога е повеќе од јасно дека врската навистина оди кон нешто повеќе, затоа што тогаш веќе мора :pos: :wink:
 
Да де, ама не кога е јасно дека врската станува сериозна, туку апла, веќе кога ќе ја побараш за жена и ќе и стаиш веренички прстен на рака, е тогаш треба да се упознаш со нејзините родители...

Друго е за родителите на машкото. Таму нема проблем, може упознавање од одма, ама тоа е сосема друга ситуација.

Бај д`веј ако утре-задутре моите родители приметат дека мојата жена слабо носи мини сукња ќе се побунат да зачести тоа. Различни родители има :wink:
 
Секако, секако ... и мене никој ништо не ми пререкол, но муабетот ми беше за повеќето случаеви, општо познато е колку "многу" се сакаат свекрва и невеста, па и сите други стекнати роднини со истата :osmeh: :wink:
А и за тоа, апла кога ја бараш за жена, ептен да! Само ај реков да не се отворам толку :poos: :poos: :P
 
divine напиша:
Секако, секако ... и мене никој ништо не ми пререкол, но муабетот ми беше за повеќето случаеви, општо познато е колку "многу" се сакаат свекрва и невеста, па и сите други стекнати роднини со истата :osmeh: :wink:
А и за тоа, апла кога ја бараш за жена, ептен да! Само ај реков да не се отворам толку :poos: :poos: :P

Види, тоа зависи и од снаата, Дивне...

Ти како свекрва исто ќе се поставиш кон снаите, ако едниот син ти донесе снаа како Фортуне, а другиот ти донесе снаа како Дани?
А и цела стекната роднина, исто ќе се постави?
 
Никако... Ти Никола ваљда мислиш на девојката со која што си сигурен дека ќе се жениш, така?

Не бе какво женење.. едноставно се работи за уште еден степен на контрола.
Девојките можат да зборат колку сакаат, но секогаш им е фино кога се сложува дечкото со семејството.
бидејќи потајно се надеваат дека може и нешто сериозно да биде, па ова е плус.
значи запознавањето со семејството ја продлабочува довербата и врската и можеш да сметаш дека само од тоа, добиваш бар уште еден месец ќе ебење без проблеми.

Значи целата поента е пролонгирање на раскинувањето, бидејќи кога тогаш ќе ти се смачи и сељачкото во тебе ќе излезе на виделина:)
Барем јас не сум можел да глумам долго. Ми се здосадува и нема смисла истото.
Али за нешто асолно, фамилијарно воспитано да легне човек, што се не прави :)
 
Znaci ustvari roditelite ispagjaat MAKROA poshto jas imam eden drugar... toj e makro... si imam ubav muabet so nego... t.e. e*am koga mi se e*e... :pos:
 
јас сум многу против тоа да се запознаам или да ја запознаам со моите/нејзините родители. тоа може само негативно да се одрази на целата врска бидејќи знам многу примери на другари коа она пред неговите ќе се праи светица а уствари е змија и после он ќе треба да и раскине ама поради тоа шо неговите ја запознале и она била фина девојка од фамилија му праат проблеми па има иди навам натам и оп проблеми еден куп лично сметам дека девојка ќе однесам дома да ја запознаам со моите само кога ќе планирам да ја оженам да знаат која мома снаа ќе им биде
 
FortunE напиша:
Имате врска (на пример месец дена или повеќе) и девојката/дечкото сака да ги запознаете нејзините/неговите родители.
Дали тоа би било затоа што сака да ви покаже колку и/му значите или нешто друго?
Дали сметате дека со тоа сака на некој начин да ве приврзе за себе?
:D

Месец дена врска и сака да ме запознае со родителите? Тој може многу работи да сака, ама кој ќе му ја исполни таа желба... НЕ се земаме, па збор даваме, па да се запознаеме, глупости!!! Ако дојде до случајно запознавање ок, ама вака официјално, барем црвен тепих нека ми постели :pos: А ако некој го побара тоа, ќе си речам Нема Утеха за него и ексик ,значи в крај е старомоден
 
Мало си ти срцка затоа така збориш :wink: За некоја година ке размилуваш поинаку и поинаку ке се одвиваат работите ке видиш и сама
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom