Дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Еве га на Кумановски!

Наредан д’н, една субота отсабајле, она га отвори прозор и виде га небо, прекрасно, плаво. Осеќаше се весела и среќна. Отиде у купатило (може и WC), после накуде њојан шкаф, сас жељу да се направи ептен убава. Погледна ги полице и нешто ву привлече пажњу.
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.

Струмички

Следнио ден, една сабота насабајле, она го отвори џамо и го виде небото прекрасно сино. Се осети радосна и среќна. Ојде у купатилто, после накај нејнио шкаф, сакаше да се напраа ного увва. Погледна ги полиците и нешто и привлече внимание.
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.


Ова е новиот текст... да го видиме дијалектното шаренило на македонскиот јазик повторно ве молам... :helou:

Битолски дијалект чеда,

Другио ден, една сабота насабајле, та го отвори џамо и го виде небото сино убо. Ќефој се осети.
Ојде в купатило (клозет), после до шкафо нејзин, со желба да се напрај многу уба. Ги виде полиците и ја заинтересира нешто.
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.


Ова е новиот текст... да го видиме дијалектното шаренило на македонскиот јазик повторно ве молам... :helou:

Ај и јас на Битолски, на мојначин.

Другиоден, сабота сабајле, та го отвори џамо и го виде убото сино небо. Осети дека е в крај ќефој.
Ојде во вц, после то до шкафот, и сакаше да се пицни в крај.
Ги виде полиците и нешто му се виде интересно.
 
Мора да признам дека верзијата на Тамара е пофаца. Можи слободно лајна да јадам. :smir:
 
Ај да видиме една верзија на охридски дијалект, малку ќе претерам со зборовите.
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.
Утредента, една с'бота сабајлечки, таја го отвори пенџерето и го опули небото ептен убо сино. Целата беше ќејфој (очигледно сите го употребуваме овој збор).
Ојде в купатило, после кун шкафон, и све само за ногу да се накинџурит. Фрли опуљ кун полиците и нешчо ја заинтересира.
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

На Прилепски:

Го крена наливо од'маса и проба да напиши нешто, шо било. Ама знајше дека бакнежо шо и го поклони го запира во то. Само на не мислеше. Г'искина листо еднашка, двапати, трипати, четирипати и по петтио пат конечно г'остај. Сонцето конечно го'огре. Срејчен е дека е жив, радосен дека че продолжи со живото и уморен од сета приказна....

Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.

На Прилепски:

Другио ден, една сабота сабајле, та г'отвори пенџерето и го виде небото убо плаво. Се почувствува весела и срејчна.
Појде до купатило, после до нејзинио шкаф, сакаше да се напрај многу уба. Ги виде полиците и нешто и привлече внимание(падна в'очи).
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.

"Другиот ден, една с'бота сабајле, таа г'отвори прозорот и го виде небото убоо плаво. Се осети весела и среќна. Отиде в купатило, после кај својот шкаф, со желба да се напрај многу убаа. Ги погледна полиците и нешто му ја привлече пажњата."
Е баш да видам дали ќе го препознаете дијелектов?
ете,добив критика што изигрувам овде нешто. :) дијалектов е гостиварски демек. :) Само не сум сигурна дали е пажња или внимание. ма пажња ќе да е. :)
 
Друѓијут ден,една с'бута сабале,таа гу утвори џамут и гу виде неабто прекрасно сијно.Са усети весела и среќна.Утиде ду нужникут(бањата),после ду шкафут,су желба да са направе ного убава.Ѓи виде полицте и нешто кути да виде.
воа е на гевгелијски
 
Малку офтопик е клипчево ама ако ЧИСТ ПРИЛЕПСКИ дијалект да слушнете....[media]http://www.youtube.com/watch?v=S-S9CJP7HK0[/media]
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.


на прилепски...

Другио’ден, една сабота насабајле, та го отвори џамо и му с’опули на небото, шубо, плаво... Се осети ногу весела, срејчна.
Појде в купатило, па до-шкаф, сакајчи многу убаа да се напрај. Му с’ опули на полиците и нешто ја задума.


п.с. текстов го пишував во 2 минути, а подобрената верзија че ја пуштам ко че имам време појче. однапред се извинувам за некој пропусти.

п.п.с. ај дајте некој поголем и поинтересен текст, со појче заебани зборчина (кои би звучеле смешно во повеќе дијалектни варијанти)
 
На Пехчевски (Малешевски)...

Наредние ден, една сабота сабајле, она го отвори џамо и виде убавото сино небо. Осишчаше се весело и сречно. Ојде фоф купатилото, па после наке шкафо сос желба да се напраи ептен убава. Погледна ги полиците и нешчо и привлече вниманието.
 
Форчн на ВАРОШКИ малку го кажа, ај јас ќе пробам дебрчко-охридски :)

Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.
Другиот ден, една Сабота насабајле, та го отвори пенџерето и го виде небото апла убо плаво. Се осети весела и среќна. Ојде во вецето, па кун шкафот, за да се напрајт поуба. Ги џорна полиците и нешо и привлече вниманије. :)

Ај на Радовишки да пробам :S

Следнио ден, една Сабота сабајле, она го отвори пенџерето и виде го небото прекрасно, сино. Почуствува се весело и среќно. Отиде у вецето, па накај својо шкаф, со желба да се направе по убава. Погледна ги полиците и виде нешто шо и го привлече вниманието.

Ај на Дебрчки (не Дебарски :))

Денов шчо дојде, сабота на сабајле, го уотвори пенџерето и го виде то небото плаво, убо. Си рече, ај шчо ми је убо ем стреќно. Уојде фклозет, па кун тој ормарот, за да се напрајт шчо поуба да изглеат. Само шчо ги виде полиците и нешчо уодма е штрекна во умот.


:)
 
Следниот ден, една сабота наутро, таа го отвори прозорецот и го виде небото прекрасно сино. Се почувствува весела и среќна.
Отиде во бањата, потоа кон својот шкаф, со желба да се направи мошне убава. Ги погледна полиците и нешто и привлече внимание.

Ова е новиот текст... да го видиме дијалектното шаренило на македонскиот јазик повторно ве молам... :helou:

Струмичко-Радовски-Алексовски(Кукуш) т.е. бежански
Сори Ѓурѓе ама не са воздржах...а и различно сеј струмички со бежански нели...ак питаш мене секо село своја политика и јазик ама ај...

Н` друѓио ден у с`бутта сабајлето, она гу утвори џамо и гу виде убуфто сино небо. Малко куту радуст д` г` тепише а и среќња си беше. Ујде у купатилто, после ујде н`к`ј шкафо(дулапо), з` д` с` направе ного убува. Пуглидна тиа рафтуфто и нешто и гу привлече вниманието.

:gorda:
*со поцрнатите букви се обидов да го доловам акцентот:helou:
п.с. Абе освен со опис дај и со мааалко повеке глаголе....оти кај нас например има глаголе шо ги сврзувиме су предлојзто на пример „јајго„ т.е. „еве го„ или „кеј„ „ке е „
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom