Хеликоптер во доцноримски период?

  • Креатор на темата Креатор на темата ManowaR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Во вторникот во весникот ``Време`` се појави следната статија

ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ПЛАОШНИК И ПОНАТАМУ ВОЗБУДЛИВО
Хеликоптер на доцноримски мозаик Раскошни мозаични подови од доцноримски царски период се откриени во објектот за кој археолозите сметаат дека е храм на Дионизиј на Плаошник. - Мозаиците се чудесни, толку се компактни и работени речиси без фуга меѓу каменчињата од кои се составени. Обликуваат фантастични претстави, какви што досега не сме имале на овој локалитет - некои геометриски мотиви во облик на тврдини, необично презентирани мотиви на флора и фауна и слично - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Новооткриените се различни од мозаиците од ранохристијанскиот период, кои се датирани на 5 и 6 век од нашата ера. За разлика од тие мозаици во епископскиот двор, од времето кога Лихнидос бил епископски центар, новите мозаици се постари и му се припишуваат на римскиот период - 3 и 4 век од нашата ера. - Премногу е рано да се зборува, бидејќи мозаиците се откриени минатата недела, но може да се каже дека се од доцноримскиот царски период, а можеби се и од постара хронолошка одредница, бидејќи му припаѓаат на исклучително квалитетен објект, кој би можел да биде храм на богот Дионис - божество што имало силен култ во Лихнидос - вели Кузман. Мозаиците се откриени во објектот што се наоѓа северно од обновената Светиклиментова црква, а источно од поликонхалната базилика од 5-6 век. Истражувањата на Плаошник се во тек и понатаму и, доколку временските услови го овозможат тоа, ќе продолжат до крајот на годината.
MOZAIK_3%28DIONIS%29_tif.jpg

Што мислите за ова?
 
аа, не, според насловот си помислив дека во тоа време имало хеликоптери, хехе,
Тоа на сликата може да биде било што ...не баш , ама сигурно не е некоја скица на хеликоптер,
којзнае , може тоа е некоа шема од некој котел за варење ракија (не ме фајќајте за збор)
 
Најголемата глупост што сум ја прочитал на прва страница како ударна вест во ВРЕМЕ.

Ајде бе...можеби е сосема произволна фигура.

/ : \ ако го видат ова ...ќе напишат „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ АВТОПАТ ИМАЛО!“

Кукастиот крст...Хитлер е од Плаошник...

Ајде бе ...мизерија!
 
Абе то ти е абстракна уметност секој си гледа на свој начин . А ова на се личи ама најмалку на хеликоптер :)
 
mene na nekakva lamba od tie kako na Aladin , mi lici , plus ako e helikopter kade se propelerite , :toe: !
 
За приказите на летала, на древно-египетскиот споменик (кој го видел), па и да се подразмислиш. Ама ова...обична "уљана ламба", со дршка од страната, резервоар во средина со канал за фитиљ на врвот.
 
Добро,оти по дефулт отфрлате секоја можност да биде нешто од ова точно?...Можете ли да кажете со 100% сигурност дека ова е само една рандом фигура,која потекнува од мозокот на некој креативен римјанин или македонец,што во тоа време немал шо да прави,па си рекол да нацрта нешто безвезе,колку онака да си пополни време.
Не викам дека сигурно ова е знак на вонземјани или било што,ама неможе бе веднаш да се отфрли таа претпоставка.На крај краева,уклучете ја малку фантазијата бе луге,премногу е досадно ако за се има рационално,приземјено објаснување...
 
Најголемата глупост што сум ја прочитал на прва страница како ударна вест во ВРЕМЕ.

Ајде бе...можеби е сосема произволна фигура.

/ : \ ако го видат ова ...ќе напишат „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ АВТОПАТ ИМАЛО!“

Кукастиот крст...Хитлер е од Плаошник...

Ајде бе ...мизерија!

Јас мислам дека е напишано само да се дигне публицитет на весникот. Мислам дека ова е чиста глупост а за кукастиот крст тоа е стар знак кој значи постојано движење кога подоцна нацистите го превзеле за свои цели. Ако се најдат делови кои со детално проучување и реставрација се наместат и тоа да биде некое чудо што би можело да лета дури тогаш малку би поверувал ама вака овој мозаик ми личи на многу работи ама на хеликоптер тешко.
 
lol...ako ima forma NA HELIKOPTER...ne mora da znaci deka BIL helikopter!
P.s. mer stvarno bapnale takva stvar vo VREME??? c cc kolku ne citam vesnici!
 
Уау, мене ми изгледа на механички сперматозоид. Тогаш МОРА да е тоа, бидејќи мене така ми изгледа, да?

Мех...ова е СЕ' освен хеликоптер.
 
секој има различен поглед на таа слика .. .
и да, не е хеликоптер.
 
Супер одкритие само не е хилихоптер може да е тавче за прженје јајца
 
уауууууу џинот ВО ламбата....


не, искрено, муабетов е произлезен од некој поединец . . . Човек што ја проучува идната научна фантазија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom