Методија Шаторов-Шарло -- неправедно оцрнет во Македонската историја

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
КПЈ не е партија на "соседна земја", а партијата на Југославија, во чиј предели била и Вардарска Македонија. КПМ е наследник на "ПККПЈМ" - локален огранок на КПЈ.

Шарло е сакал македонските комунисти да бидат дел од партија на друга земја, а не на онаа во која живеат/живееле. Бугарска партија, а не југословенска.

Зошто решил така Шарло, под услов идеолошки двете партии се исти, а се разликуваат само национално, тоа сам можеш да процениш.
 
КПЈ не е партија на "соседна земја", а партијата на Југославија, во чиј предели била и Вардарска Македонија. КПМ е наследник на "ПККПЈМ" - локален огранок на КПЈ.

Кога не ме разбираш што сум напишал, подобро не ме цитирај.

Македонија не била рамноправна членка во предвоена Југославија, па оттаму ниту можела да ја смета Југославија за своја легитимна држава, ниту пак КПМ како што и ти напиша била независна, туку раководена од соседството.

Единствената придобивка после војната беше што Македонија доби автономија на територијата која ја анексираше Србија после балканските војни и стана федеративна членка на СФРЈ.
Нешто кое беше за цел на многумина активисти и во Бугарија и во Грција, но никогаш не се оствари.
 
Во предвоена Југославија немало Македонија, туку Вардарска Бановина. Македонија не била една целина, за да може да прифати или да не прифати Југославија како легитимна држава. Самата идеја за автономна Македонија се роди во Царството Бугарија.
 
Во предвоена Југославија немало Македонија, туку Вардарска Бановина. Македонија не била една целина, за да може да прифати или да не прифати Југославија како легитимна држава. Самата идеја за автономна Македонија се роди во Царството Бугарија.


%D0%92%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%2C_1905%29.jpg


Као што пишува на татарската википедија за Македонците во Србија и нивниот весник за Автономна Македонија.

Цитирам
Македонскијат клуб е с'рбоманска организација на македонската емиграција в С'рбија.
А ПОТОА Пишува дека Србите ја забраниле организацијата и весникот!

А била србоманска организација која е забранета од Срби?!?

Бугари, до толку ли сте забегани?! :facepalm:
 
Ни на крај памет не ми е да се конфронтирам со тебе а посебно да го делам твоето мислење. Гледам, дека ако не го подржувам твоето мислење ќе го повторуваш она што знам дека ќе кажеш за документи и факти.

Останувам на моето и верувам исто така во други документи и факти кои останале запишани од други кажувања како што ти мислиш дека се релевантни и оригинал твоите иако верувам во поединечни некои факти во твоите пренесени според за тебе релевантните и оригинал документи а ти не веруваш во ничии други освен само во оние за кои мислиш дека се релевантни.
Повели постирај или цитирај ги тие "други документи и факти" на темава.


Gevara напиша:
Само ако си фер и искрен : зошто тој Шарло голем македонец сакал да ја припои ПК на КПЈ за Македонија кон БРП(к). Ако малку се размисли ќе се дојде до заклучок дека таквиот негов потег претставува чекор кон вечниот сон на големо бугарашите кои за жал низ цела Бугарија имаат направено негови споменици и ден денес го величат како бугарин.... не дај боже.

Не го оспорувам комплет неговото делување за кое во некои работи имал право на мора да признаеш дека затранил и за некои негови потези не може да има опрост.

Да се негираат други кажувања за неговиот однос во некои моменти а да се земаат во предвид како факти други за оправдување фрлајќи ги другите во ѓубре, треба илјадници документи и книги да се стават во карантин во кои е напишано спротивното за него.
Веќе ти посочив неколку работи тука од кои е кристално јасно за што станува збор, ама ти очигледно настапуваш со предрасуда и воопшто не ги читаш моите и другите постови на темава.

Уште на првата страна на темава е споменат еден од клучните ДОКУМЕНТИ чиј автор е Методија Шаторов-Шарло, а се вика "Писмо до Стојан"

Се работи за повик до Македонците напишан и проширен од Шарло во мај 1941 година!

Еве цитати од тој повик испечатени во 2007 г. на задната корица од зборникот (чија предна корица ја постирав во еден предходен пост на темава) со рефератите и дискусиите од семинарот одржан во 2005 г.
Повели ти или некој од Бугариве овде нека проба на човек што ги напишал овие редови нека му залепи "бугарштина"

Sarlo_Pismo-do-Stojana_maj-1941.jpg
 
Во предвоена Југославија немало Македонија, туку Вардарска Бановина. Македонија не била една целина, за да може да прифати или да не прифати Југославија како легитимна држава. Самата идеја за автономна Македонија се роди во Царството Бугарија.

Бугар,

Фактот дека сосила се правиш глуп нема да не натера да го дефокусираме муабетот бидејќи досега не ви одговара текот на дискусијата.

Зачувај ги твоите провокации да намамиш некој друг на некој друг форум.

Сметај дека си официјално опоменат.
 
Оваа слика е обична комунистичка пропаганда.

"Дури и немаат право да бидат селски кметови".

Kоj беше кмет на Скопjе? Kоj беше кмет на Охрид? Kоj беше кмет на Крушево?
А од 1918 до 1941 имаше ли барем еден кмет на Скопjе коj да не беше "-ич" (иќ)?

Шарло користи обична комунистичка пропаганда - односно лаги.
 
Ете по којзнае кој пат овде на kajgana на дело ја гледаме турко-монголската шизофренија.

Во два последователни поста со разлика од само 45 мин. "штипскава" бугаризирана србенда (Љубомир Милетиќ) прво пробува да го присвојува, за веднаш потоада плука по Шарло! :pos:

По истиот шизофрен терк им е правена и целата измислена "историја".
Ама па што да се очекува од нација што до ден денешен не си го знае произходот...

Но да ги оставиме на страна бугарските шизофрении и да продолжиме со постирање важни работи за темата.

Пред одржувањето на гореспоменатиот собир-семинар за животот и делото на Методија Шаторов-Шарло, на 64-годишнината (во 2005 г., одредот е формиран во август 1941 г.) од формирањето на скопскиот партизански одред, којшто го организираше и на терен го исфрли токму Шарло, еден од борците директно вклучен во него ги разјасни работите околу Шарло.

Kamuran_Tahir_za_Sarlo_Dnevnik_23-aug-2005.jpg


http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2842&stID=61533

Написот е од весникот Дневник од 23 август 2005 г., датата на линкот е грешна (нешто не е во ред со архивата на старите броеви на Дневник)

Ќамуран Тахир беше етнички Турчин, но сепак голем и искрен македонски патриот.
 
Дали ова што го напиша, ти делува логички издржано?
Ова напишано за тебе ти делува логички издржано:
* зошто тој Шарло голем македонец сакал да ја припои ПК на КПЈ за Македонија кон БРП(к)
Ти го болдираш со цевено само КПЈ.
Поради состојбата во Македонија, нашите членувале во партиите на соседните земји, како што и самиот напиша - КПЈ (СХС), бидејќи КПМ како таква не ни постоела до пред војната.
Доколку не било проблем да се членува во Српската КП, зошто би било проблем тоа да биде Бугарската КП?
Каде напишав (СХС). Расправаме не за постоењето на КПМ пред војната туку за време втората светска војна.
Од ова произглегува дека ти ги оправдуваш српските вазали за Македонија, како што ти би ги нарекол ’големо србоманите’ во редовите на комунистичката партија од Македонија, но сите останати ги квалификуваш како неподобни.
Каде ги оправдав српските вазали во Македонија спрема твоето сите комунистички партии во СФРЈ републиките беа српски вазали оти бевме заедничка држава 46 години после војната.
Кои сите останати ??, врховистите, белогардејците, В.Михајловистите, Сан стефанистите, балистите, тие ли останати се подобни.
Ова е веќе втор случај да ги застапуваш просрпските гледишта, претходно ги бранеше за режимот и убиствата во Македонија, а сега ги фаворизираш како „боље“ Македонци оние кои им служеле на српските интереси, како Колишевски и оние кои само заземале спротивна страна од бугарската КП.
Македонштината ја покажав на друго место 1991 исто и моите родители 1940-1945. За информација за тебе како голем македонец а јас после твоето етикетирање (оти на тебе се е дозволено)голем србоман дедоми бил гонет од србската кралска власт затоа што бил против "краљевината Југославија", тоа неколку пати го имам спомнато само се оглушуваш и се правиш дека не си прочитал и запомтил.
Сите останати без да ти трепне око, ги нарекуваш “големо бугараши“, без разлика на нивната јасно изразена свест за припадност и недвосмислена позиција околу македонската нација и државност, во однос на соседните држави.
За кои сите останати се однесува и го тврдиш ова? за врховистите, белогардејците, В.Михајловистите, Сан стефанистите, балистите, за тие ли останати ?.
Да ти биде јасно, дека истрчување со такви квалификации, те прави идентичен со Бугарите на форумов.
Сум имал подобри професори од тебе, не треба ти да ме учиш за јаснотии и патриотизам оти потекнивам од патриотска Македонска фамилија тоа да го запомтиш.
Идентичен со бугарските врховисти прави други НЕ мене, РАЗБРА .
Не заслужуваш ништо повеќе во третманот отколу тие.
Ти можеш да ме нарекуваш како сакаш и чуваш во твојата психа и да им се допаѓа твоето некому. Никогаш не можеш да го погазиш и минимизираш моето убедување и мојот македонски патриотизам ниту да го избришаш запишаното за Шарло и плусот и минусот. Искрен човек кој сака да ја разбере и свати историјата е оној кој ги зема во предвид сите фактити не само едната страна.
Ова е веќе втор случај да ги застапуваш просрпските гледишта, претходно ги бранеше за режимот и убиствата во Македонија,
Не е убаво како модератор да измислуваш и некому да ги лепиш таквите измислици освен ако не ти се причинува. Само тврдев дека Македонија никогаш не водела војнички активна војна од агресија од страна на Србија.
Доколку не било проблем да се членува во Српската КП, зошто би било проблем тоа да биде Бугарската КП?
Нов историски податок. Ова треба да остане забележано.
Немаше Српска КП во втората светска војна туку КПЈ во која членуваа сите комунисти од заедничката Југославија кои се нарекуваа КП од републиката во која делуваа.

Ако Апостолски ги измислил тие работи за Шарло кои ки напишувал а јас ги пренесувам според неговите пишувања, ова нему треба да му се каже: ,,како Колишевски и оние кои само заземале спротивна страна од бугарската КП.,,
 
Ако на темава беа малку зборовите на самиот Шарло од повиците до македонскиот народ и досега постираните сведоштва на директни учесници во настаните како Антун Колендиќ и Ќамуран Тахир (членови на Скопскиот Партизански Одред) за да убедат некого дека сите обвинувања на сметка на Шарло што се напечатиле низ годините после НОБ се само лаги и измислици, еве доставувам уште една "три-партитна" специјалка од луѓе што со години во повоена Македонија беа во самиот врв.

Цветко Узуновски-Абас објаснува кој, зошто и како ја припоил ПК на КП во Македонија кон БКП(к), и како и кога е вратена во рамките на КПЈ:

Cvetko_Uzunovski-Abas_za_Sarlo-1.jpg

Cvetko_Uzunovski-Abas_za_Sarlo-2.jpg





Борко Темелковски:

Borko_Temelkovski_za_Sarlo.jpg





Вера Ацева:

Vera_Aceva_za_Sarlo.jpg



Деловите се извадени од објавените дискусии на погоре посочените при одржување на тркалезни маси за улогата на "Скопје во НОВ 1941-1945" одржани помеѓу 1985-1990 година.
 
Интересно
Cvetko_Uzunovski-Abas_za_Sarlo-2.jpg

Значи Сталин решил дека по војната Југославија ќе биде цела и тоа е причината за враќање на КПМ во КПЈ.
 
:facepalm: Бугар, немаш ти капацитет да ги разбереш глобалните политики на големите светски играчи како СССР или Велика Британија од тоа време.

Затоа наместо да се занимаваш со за тебе недостижни работи, посвети се малку повеќе на откривање на твојот бугарски произход.
 
Ајде да видиме што мисли Цветко Узуновски за Шаторов:

Теоријата (на Шарло), дека бугарската фашистичка војска не била окупаторска и актот да се предаде оружјето на окупаторската власт ... отворено го негира националниот прашање на Македонија и во неговата душа великобугарска Македонија значеше само една бугарска периферија, каде што живеат Бугари, а не Македонци, со свои одделни национални отлики и чувства ... Оттука е јасно зошто Шаторовото раководство покани македонскиот народ преку листови за менување на бугарската фашистичка власт, а не за вооружена борба за исселување на бугарските окупатори од нашата земја.



21 декември 1943: Темпо:

Шарловото раководство всушност беше шовинистично националистичко раководство. Тие мислеа дека македонскиот народ е бугарски и дека македонскиот народ е роб од великосрпски хегемонија и треба да помине кон Бугарија. Главниот нивен слоган е: надвор сите немакедонци од Македонија! ... Од сите документи е избришано она J . Всушност тие не сакаа Југославија без оглед на тоа каква е таа. Тоа беше тесно шовинистично мислење, националистичко. Кога изби војната, првото решение на ова упатство беше одделување од Југославија, од Тито ... Тие разгласиха дека Македонија со доаѓањето на Бугарите е ослободена ... Со помош на Коминтерната ликвидираа Шарло и неговото раководство, сепак, не успеавме да ликвидираме трагите од една таква политика дури и кај најдобрите активисти ... Во Македонија активистите токму обратно работеа. И по други прашања зема мислењето на Шарловото раководство... Во еден партиски документ се наоѓа слоган: "Долу Филов"! Значи Македонија не е окупирана, а само Филов да падне и ослободена Македонија е веќе тука! Понатаму во цела Југославија се создаваат НАРОДНООСВОБОДИТЕЛНИ комитети во Македонија се создаваат народни комитети. Значи: Македонија е ослободена.

(Македонизм'т и с'противата на Македонија срешту него
Коста Ц'рнушанов, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", Софија, 1992)
 
:facepalm:

Каде и кога личностите што си ги посочил ги рекле или напишале тие цитати?


BTW, еве како Коста Црнушанов го опишува односот на бугарските "ослободители" кон Македонците во Втората светска војна:

,,Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена ,,мајката македонска”! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде... Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70... Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот... Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците.”
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom