Дали се графитите уметност

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување

Дали графитите ги сметате за уметност или не?

  • Да

    Гласови: 183 93,4%
  • Не

    Гласови: 13 6,6%

  • Вкупно гласачи
    196
Абе поим неам на кој е стилот...дојде..ај да го нацртаме...и го нацртавме...то...Можеби е на STR...незнам...али jbg...
 
Доколку имаат одредена доза на пристојност - да! Графити од типот Б.Ц пе*ер (не велам дека не е :)) не се никаква уметност!
 
Графити = Вандализам , ништо повеке колку сака нека биде фино нацртано! ПОЗДРАВ!:tv:
 
уметност се нормално... ама не сите :) а тие шо викаат дека не се уметност нека се изјаснат зашто мислат така ме интересира
 
И сеуште не е спомнат Banksy на темава?

Инаку, (нешто ми говори дека и претходно го имам ставено ова на форумов...)

ЗА УМЕТНОСТА

Неколку милиони пати сум се чудел зошто не можам да дојдам до општо прифатена дефиниција на уметноста. И исто толку милиони пати сум удирал во тешкиот ѕид на сопствената фрустирачка немоќ да се најде ЗБОРОТ што ќе ја артикулира моќта (и проклето несовладливиот порив) на уметниците да му прозборат на секого. Мојот душевен гуру Алберт Ајнптајн изјавил во потврда на ова: ’Вистинската уметност се карактеризира со неодоливата потреба на креативниот артист.’ Браво, мајсторе! Ама, што е самата вистинска уметност?

Меѓутоа, не се откажав и барав. Шетав низ галериите на убавите мисли на многу големи искористувачи на умот. Најпрво, дојдов до онаа одвратно здодевната и експлоатирана аксиома дека ’уметноста е израз на личната перцепција на реалноста од страна на уметникот’. Тоа никогаш не ми кажувало ништо и сè уште не ми открива ниту еден единствен слој од почвата низ која копам во мојата потрага по јасно објаснување.

Потоа, ја сретнав мислата на Хипократ, кој заклучил дека Vita brevis, ars longa. Човек-мисла, голем по сите критичари и параметри. Па, си велам, кој сум јас да не му поверувам веднаш и тогаш. Сепак, ниту тоа не ми кажува ништо за суштината на уметноста, освен тоа дека остава трајни траги.

По него, Аристотел – патопоказателот и судботворецот на Великиот Александар - во себе и на глас рекол дека ’уметноста го надополнува она што природата не може да го доведе до завршница’. А зошто, се прашувам, некој воопшто би се дрзнал да ја подобрува веќе совршената природа и нејзините процеси? Не ќе да е ниту ова дефиницијата прифатлива за мене.

Слична е и дефиницијата во Речникот на американското наследство: ’човекови напори да ја имитираат, дополнат, изменат или да и се спротивстават на природата’. Пази, да и се спротивстават?!? Не, не е за мене, јас си ја сакам мајката природа. А, поготово не, зашто еден великан како Оскар Вајлд рекол дека, ’колку и да е парадоксално, животот многу повеќе ја имитира уметноста одошто уметноста животот.’

Еден дијаграм во Визуелниот поимник (Thinkmap.com) го објаснува зборот ’уметност’ преку четирите главни конотации и значења што зборот ги предизвикува: ’производи на човековата креација’, ’фотографии или други презентации во публикација (т.е. нематеријален израз)’, ’создавање убави или значајни нешта’ и ’супериорна стручност која се стекнува преку студирање, фалби и опсервации’. Ова е веќе нешто поблизу до објаснување, меѓутоа буди цел рој потпрашања.

Џон Лок од Британија, пак, рекол: ’Она што е статично и повторливо е здодевно. Она што е динамично и случаен избор е збунувачко. Меѓу тие две нешта лежи уметноста.’ Интересно, ама не и најјасно.

Еве и еден мал куриозитет: Јапонците и американските Индијанци воопшто и немале збор за уметноста пред да го увезат концептот од Европа. Што, па зарем дотогаш немале уметност?!? Не, користеле пошироки поими, како материјална или визуелна култура. Хммм...

И, конечно, еден признат уметник вака се искажал: ’Да ви кажам ли кои се двата квалитета на едно уметничко дело? Прво, мора да биде неопишиво, а второ, не смее да може да се имитира.’ Па, штом еден Реноар вели така, тогаш...

И така натаму и така наваму: препрочитувањето и толкувањето на дефинициите на сите други старогрчки, староримски, староиндиски и сите други стари и современи мислители може да доведе до девалвација дури и на она што размислувачките философи од тоа и од ова време го поставиле како емпириски докажан инпут и како резултат на несомнено долгите прошетки низ лавиринтите на магиите на Создателот.

Бев се решил да се откажам и едноставно да уживам во уметноста, без да кршам мозок околу илјадата ’зошто’ и илјадниците можни ’затоа’.

Кога, одеднаш и неочекувано, ја слушнав ДЕФИНИЦИЈАТА: ’Уметноста е сè она што ќе те натера да размислиш’, ми рече пред некој ден еден мој пријател. И тоа, никој друг туку мојот осумнаесетгодишен внук! Ете ти: нуркаш по историјата и ја антиципираш иднината, лупајќи ја главата од мудростите на старците, а тоа требало само да се погледне во сегашноста, во сознанијата на младите.

Во ред, човек навистина учи додека е жив.

Ако сака, де.

А, Banksy мене ме има замислено повеќе пати. И покрај тоа што можеби малку му се изживеани метафорите...

Маwечко напиша:
Уметност- нешто кое не може секој да го направи ( пишување проза/поезија, добар музичар=уметник, сликар, оној што толку вешто прави грнчиња... бла бла да не продолжувам )
Mawечко, тоа за кое што зборуваш, е вештина. И спортистите се вешти, прават нешто што неможе да се направи, па ретко кој од нив е уметник.:)
 

Attachments

  • ratapult.jpg
    ratapult.jpg
    123,4 KB · Прегледи: 65
  • balloongirl_alwayshope.jpg
    balloongirl_alwayshope.jpg
    125,7 KB · Прегледи: 63
  • flower01.jpg
    flower01.jpg
    164,8 KB · Прегледи: 62
  • soldierbeth01.jpg
    soldierbeth01.jpg
    138,8 KB · Прегледи: 61
Колку се убави последните слики аплоадирани од KohlBass :icon_cool ... само ќе ве замолам, ако аплоадирате слики, да бидат од нашево поднебје, да не бидат цртани од некои светско познати графити цртачи. Инаку да спомнам за мојот град, последниве 3 години многу ретко се црта во Струмица, останаа само двајца (фантастични) графити цртачи, сите се повлекоа, а овие денови ќе се прошетам убаво низ Струмица и ќе сликам некои интересни графити, па ќе имате можност да ги видите. Поздрав
 
Колку се убави последните слики аплоадирани од KohlBass :icon_cool ... само ќе ве замолам, ако аплоадирате слики, да бидат од нашево поднебје, да не бидат цртани од некои светско познати графити цртачи. Инаку да спомнам за мојот град, последниве 3 години многу ретко се црта во Струмица, останаа само двајца (фантастични) графити цртачи, сите се повлекоа, а овие денови ќе се прошетам убаво низ Струмица и ќе сликам некои интересни графити, па ќе имате можност да ги видите. Поздрав

Далеку од тоа дека нема кај нас убави графити, но овие ги искористив за да аргументирам дека сепак, графитите се уметност. Инаку, има еден кој ме фасцинираше, позади школото Гоце Делчев во центар, на влез од една гаража. Се надевам дека ќе успеам да го сликам наскоро и да го ставам.
 
Имаше едно цртано клипче на нет од многу одамна (ако некој го најде нека прати линк) кај што еден уметник поставува вентилатор кој дува вон кон еден ѕид, тој слекува гаки и сере , а на ѕидот види чудо прекрасен „пејсаж“ !

Што е финтава овде..... Денес секој може да нарече , па барем и една цртка (дури и гомно) дека е уметност... но прашањето е - што е што?

Така и кај графитиве... Не може некој што пишал БЦ Пичка ти матер (ама баш нака убаво обоено и се) или шо знам.. Грујо е педер.... да се нарече дека е тоа уметност.. безвезе..

Графитите, лично јас, ги опврзувам со карпестата уметност и пештерските мотиви од праисторијата - пораки за времето во кое авторот живее и еден субјективен израз на средината која го опкружува..
 
мешате поими луге. .. препрочитајте постовите и 1 најважно и размислете. ..

МЕДДЛЕ не е важно шо е зборот важно е стилот и допирот и осетот.
Може и мона лиза била курва па види убаво е излезена и ремек дело.

Гледајте малце надвор од кутијата ебаго.

поз
 
Графитите, лично јас, ги опврзувам со карпестата уметност и пештерските мотиви од праисторијата - пораки за времето во кое авторот живее и еден субјективен израз на средината која го опкружува..

Тоа е твоето мислење за графитите нели

ја го коментирав горниот дел... демек не си ги поднесувал графитите со политичко значење или слични срања.
ја не сум видел убаво нацртан графит со секој можен детаЉ, ептен посветено време на него и да писе БЦ пичка ти матер? ти? посири слика или така мора се да мешате со политика.
лајк ај сед, не се мисли на такви графити со глупави пораки напишани за 2 мин.
 
хехехеххех.

Епа друже тоа е погрешно ме сфати.. жаламако звучеше така груб мојот кометар али секако дека не алудирав на тоа дека графитите се срање и дека ги деградирам со некаков си израз на карпеста уметност и сл. ..

Јас само го споредив приодот, онака како што мене ми наликува, секоако позитивно... и секоак .. тоа ми се допаѓа.. :)

Инаку хаха неам видено таков некој графит фала богу (но не е лоша идеја, знаеш, :) само доколку е долично изработено,,, да има баланс меѓу идејата и сликата.. хехехех).

Ми смета што некои луѓе преку таквите натписи по ѕидовите ја вулгаризираат убавината на графитите и ги ставаат во ист кош. Фала богу како што прочитав овде ... нема таки луѓе, но нека се појави од негде некој таков, баш ме интересира негово мислење....
 
Нема веза, недоразбирање стана. .. иначе за идеата :pos: :pos:

a таквите натписи шо викаш ја вулганизираат убавината на графитите т.е безвезалните шарања по ѕидови, имаш тема у чек дис аут. Оди читај има многу бисери xD
 
normal_DSC00116.JPG

normal_DSC00118.JPG

normal_DSC00122.JPG


Крадено од галерија од анонимно момче... Графити во Охрид.
 
Е аман бе друже !!!!!!!

Хмм кога ке ти залетне залак од ручекот го сметаш за уметност!? Јас иначе кликнав не!:nenene:


Друже, аман бе не биди буквалиста ! Не мешај баби и жаби.....
 
Графити уметност

Респект до сите вас што ја поддржувате графити уметноста,но жално е тоа што не ја разбирате во што се состои и што е графити стилот на живеење.
Ќе се обидам да ви објаснам на сите што ќе прочитаат во што се состои овој урбан феномен.

Графити уметниците како што вели Drax не сакаат да бидат рок ѕвезди,филмски ѕвезди или некои големи луѓе туку сакаат да бидам „некој“.Не сакаат да се експонираат и да станат славни,туку ликот кој го измислиле во графити светот,е веќе тој да биде популарен.
Futura 2000 вели за своите почетоци „...имав потреба за комуникација“.Секој уметник сака да ја претстави својата порака и да ја предаде на општеството,или пак да се претстави себеси пред другите.
Графити имало уште и пред сериозните графити уметници да се појават на јавната сцена и секогаш ќе има.Секогаш ќе постои некој тип што ќе проба да го напише своето име или името на својата девојка.Сеуште се сеќавам иако бев мал,зад на баба ми зградата имаше со големи букви напишано„Ана те сакам.Јосе“,или пак некој политички пратеник што ќе плати некои дечишта од 3то одд да одат низ град и да го пишуваат неговото има и неговиот број.Се што спаѓа во урбана порака е графит,но сепак има разлика кој колку вреди.Ни јас самиот не се сложувам на оние политички пароли,но и тие ни предаваат некоја политичка порака.

Графити културата се состои од неколку работи кои треба да се забележат.

Tagging

Prime вели „A tag is a really Short,Sharp,Shock“ и ова може да се земе за една дефиниција.
Се започнало од тагот и секој графити уметник започнува најпрвен да го става својот таг наоколу.Тоа е еден вид на обележување на територија.Сведоци можеме да бидеме понекогаш на цели ѕидови на кои има само тагови,но доколку ти си никој и ништо во графити светот нема твојот таг да се одвојува од другите,туку оној таг што ќе биде на некој кој веќе има направено име за себе и кој заслужува респект за својата работа.Каде и да отидеш,дури и некој почитуван артист интересно е да да напише својот таг на некој ѕид,да се претстави себеси и своето едновечерно движење.
ПС.Во графити културата и меѓу иметниците има непишано правило,никогаш да не се тагува чист ѕид бидејќи таму може да се изработи цело дело(peace).

Bombing
Тоа се графитите што ги гледаме најчесто по возовите.Брзи „дебели“ тагови,во 2-3 бои изработени,без дизајн и „зачинување“ на буквите.Еден графити артист „бомбардира“ колку да си го крева рејтингот во графити општеството.Најчесто со вакви графити почнуваат оние што се Toys.

Peaces
Овие „дела“ имаат најголема уметничка вредност и овие грефити неможе да ги прави секој.Потребен е талент пред се,прецизност и многу потрошени спрејови(искуство).За да се направи уметнички вредно дело потребни се саати од работа и најчесто повеќе луѓе(се разбира многу зависи големината на графитот).Тука можат да се најдат сенки,претопување на бои,техники на транспарентност итн.итн.Има премногу техники,финти што се применуваат при цртањето,употребата на спрејови,боја.Буквите се внимателно дизајнирани,украсени,боите се внимателно одбрани и се користат многу спрејови и разни бои.

Една изрека: It starts with a marker,it ends up with a whole car

Возови и ѕидови

Многу денеска го почитувам она old school движење,каде што се бои по возовите.Лесто е да најдеш ѕид и да го направиш убав,но back in the days ако ја немаш својата работа и на возовите и многу никогаш нема да направеше име за себе.Секој графити артист сака да го види своето дело како „патува“ низ овој систем.
И пред се смета кога веќе има премалку легални места за ширење на оваа култура,би било навистина фер да се лигализираат графитите на возовите бидејќи на никој не му сметаат.
Но факт е тоа дека како што може да се работи на ѕид никаде на друго место неможе.

Kings & Toys
Вака се дели она што го дискутиравте во однос на професионалноста.
Kings се оние кои имаат изградено име зад себе со бројна работа низ улиците.А Toys се оние почетници кои сеуште неможат скроз сами да си го избришат газот туку треба некој да им подаде теолетна.
Ова наубаво го сфатив кога цело лето 2002 го поминав боејќи низ улиците низ Солун и на еден графит во една населба го имаше македонското знаме но во сино-бела комбинација со крстот на средината,односно македонското знаме во грчки стил.Целото дело беше работа на една група М13 која можеше да се сретне низ цел Солун.
Изреволтиран од ова на нивниот графит оставив порака „Thess is owrs“ и го направив нашето знаме како што е редот и нормално го оставив мојот таг.После една недела брз мој графит типците ми го „украсиле“ со карикатури и грчки знамиња и ми оставиле порака „Kazoo don't be such a toy,do it with style & don't live in fantasy“.Иако бев изреволтиран стварно типците знаеја што работат и како да се понашаат во овој урбан свет.Штета што целата работа од ова лето ми е на VHS касета,но ќе се потрудам да ја ставам на CD и ќе закачам некои слики од тука што сум ги правел.

Веќе со години не сум работел ништо надвор освен собата што ја бојам секое лето,но за да направиш едно „дело“ потребни ти се минимум 2000 денари за спрејови и боја и тука немаме специјализирани продавници за овој потрошен материјал па мораме да купуваме авто лакови и некои третокласни спрејови,наместо Belton,Montana.
Проблем е и тоа што многу од графитите се чистат.
И потребни ни е легални места каде што можеме да се ирзазуваме себеси.
Ајде помладите генерации нека земат спреј во рака и нека породолжат да ја носат и развиваат графити културата во Македонија бидејќи немаме мн развиена сцена,а имаме многу талентирани артисти.

ПС.За крај..доколку сте повеќе заинтересирани за оваа уметност прочитајте од книгите на Banksy или гледајте го документарецот Kings & Toys да видете всушност како размислува еден графити уметник и каков е неговиот живот.Пишете ми пвт доколку сакате линкови до торенти.

Една кампања: Остави ме да се изразам себеси :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom