Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
`Faktor smrti` - Robert Ludlum

Deja vu приказна, но најдобро досега опишани чуства и емоции. Го тера читателот да се идентификува со јунакот и да сочуствува со неговите бол, патња, агонија! Ми се допаѓа....

На waiting list ми е `Љубовта за Ана` - Миле Илевски!
 
Дали можи некој да ми даде предлог книга? некој си психолошки роман или слична тематика ?:smir:
 
Дали можи некој да ми даде предлог книга? некој си психолошки роман или слична тематика ?:smir:

again... Keith Ablou - Denial.

Истотака би ти ги препорачал „Сенка на ветрот“ и „Марина“ иако се помалку „меки“ но сигурно не промашуваш.

Он топик

Season of passion - Danielle Steel.

Секогаш лесната и интеренсата Даниела овој пат пишува за животот на Кејт, која се мажи за еден познат фудбалер кој и` го ветува целиот свет, свет кој нејзе ќе ја вивне до ѕвездите. Истотака тој има една маана - избувливиот темперамент кој ќе биде фатален за менувањето на теко на сопствениот живот како и животот на оние кои најмногу му значат. Кејт скршена, по една трагедија го гради ѕидот на недопирливоста. Дали ќе биде доволно силна повторно да сака? да биде во светот каде ги остави последните трошки чувства? Препорачливо за оние кои го сакаат Николас Спаркс, но тука за разлика ставен е поголем акцент на луксузот и „пријатниот“ живот во него. Иако некаде на половина сум, на книгава и` давам една 7ка.
 
Волшебникот- Набоков

Набоков прв пат го сретнав во Лолита од Кјубрик, базиран на романот Лолита. Кој и да го гледал филмот, ја знае од прилика приказната на Волшебникот, зошто оваа книга му е како предвесник на Лолита.
Колку и добро да го има направено филмот Кјубрик, ако сакате да влезете во болниот ум на педофилот, треба да ја читате книгата, неверојатно добро опишано, и тоа со многу убав стил.
Волшебникот не е ни малку слична со Смрт во Венеција, освен заедничката тема, педофилија. Зошто ако кај Ман се се сведуваше на идеализација и проектирање на уметноста насекаде, Набоков се задржува на осетното, на перверзијата, на човечкото.
 
Започнувам со читање на `Salem`s lot од Стивен Кинг, во српското (наше нема) издание преведено како Salemovo. Не сум незапознаен со содржината на книгава, оти е екранизирана два пати. И двата филма ми се допаднаа. Сепак постариот ми беше некако подобар, иако многу поодамна го имам гледано, па споредбите можеби и не се толку издржани. Инаку ова е, ми се чини, втор роман на Кинг, и ако се земат предвид општите заклучоци дека првите романи на овој автор се и најдобри, моите очекувања се прилично високи. Па, да видиме...
 
Детството - Максим Горки, автобиографски роман на авторот, ова е првиот дел, вториот се вика Меѓу луѓето. Не е многу динамична приказна, ама многу е реална и сурова.
 
Романса во Рим од Георги Стоев. Само ќе кажам - ми се допаѓа, бидејќи се' уште ја немам целата прочитано. :) Од тоа што го имам можам да кажам дека е лесна за читање и релаксирачка.
 
Павао Брајша - Педагошка Комуникологија.Разговори,проблеми и конфликти во училиштата.
 
„Книга за Патот и врлината“- Лао Це во препев на Бранимир Џони Штулиќ.

Многу интересна книга, со уште поинтересен препев. Лао Це- основачот на таоизмот. Во оваа книга всушност се говори за принципот на јин и јанг, за ставовите на Це дека се' настанува од Ништо поточно секое Битие има потекло од Небитие.
Уште поинтриганто е тоа што Џони го има направено препевот, во својата доброволна илегала во Холандија, веројатно единствениот на овие простори од овој кинески философ.
 
Моментално читам „Македонски Континуитет“ од непознат автор...
 
Аз с'м на "Сбл'с'к" на Стив'н Кинг.
Изклјучителна книга, не мога да вдигна очи от неја, а ја чета за втори п'т.
Горешто ја препор'чвам.
 
Моќта на сегашниот миг-водач за духовно просветлување од Екарт Тол
Постојат многу вакви дела за духовно пронаоѓање, но добив добра препорака за Авторот, сега за сега книга ко книга...убава :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom