Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
сакам да читам ама не знам која да почнам. ај предложете ми некоја како за моја возраст...фала од напред :pipi:
 
сакам да читам ама не знам која да почнам. ај предложете ми некоја како за моја возраст...фала од напред :pipi:
,,Папата Јована". Книга за жена-папа и ранохристијанските убедувања дека една жена нема право да биде црковно лице, ниту да се образува. :smir:
 
,,Папата Јована". Книга за жена-папа и ранохристијанските убедувања дека една жена нема право да биде црковно лице, ниту да се образува. :smir:

Некако несоодветна тема на 16 години...жена-папа...рано-христијанство...се сомневам дека би ја читал...
Јас на тие години ја читав Гроф Монте Кристо...ја препорачувам на членот кој праша за препорака...нема да зажали...одлично дело...
 
Седум дена за вечност од Марк Леви. Бог и ѓаволот се обложуваат и ги праќаат своите најдобри агенти на задачата. Оној кој ќе победи ќе раководи со светот цел милениум... Сепак агентите Лукас и Зофија се сретнуваат...
 
„Убиство во Ориент Експрес“ од Агата Кристи.
Интересно крими романче, со омилениот херој на Агата, Херкул Поаро, што се чита во еден здив.
 
Нема врска, напротив, стилот на писателката е многу читлив. Книгата е соодветна за шеснаесетгодишници како и за 40-годишници.
 
Во моментот ја читам Захир од Коелјо ми имаше уште таа останато и сега гледам колку сум пропуштил факт е дека постарите книги на коелјо се многу по квалитетни од новите. Можеби не е за секој така разликата во новите и старите книги е тоа што старите книги повеќе се психолошки а Захир е врв на тие психолошки романи од Пауло Коелјо
 
Kaко голем фан на серијата Gossip Girl, денес тркнав до ТРИ и си ја купив "Знаеш дека ме сакаш", од серијалот Озборувачка на американската посателка Сесили Фон Зигизер. Уште во автобус проголтав 20- тина страници, интересна е, ништо спектакуларно, но доволно задржжува внимание кога читаш за драги и веќе проучени ликови (во моментов оние од GG).
 
Седум дена за вечност од Марк Леви. Бог и ѓаволот се обложуваат и ги праќаат своите најдобри агенти на задачата. Оној кој ќе победи ќе раководи со светот цел милениум... Сепак агентите Лукас и Зофија се сретнуваат...
Еј која книга, сум ја критикувала добар пола саат.
Ај да не почнувам.:smir:

Сепак, мислам ќе ја дочиташ до крај заради помислата шо би се десило на БИТНИОТ крај нели. Значи, добра фора ни напраил авторот: Иако е глупа книгата, све се врти околу тоа као ќе испадне на крај и затоа и успеваме да ја дочитаме. Пусто љубопитство.
 
Инаку ја завршив книгата и мене навистина ми се допадна, си најдов јас смисла и ми докажа една моја теорија, ама тоа веќе преминува во филозофија. :)
Книгата нема многу страни, доколку имаше повеќе ќе беше побогата со описи и слично, вака нема.
Сепак мене многу ми се свиѓа... :)
Прашање на вкус, сепак.:smir:
 
Ја прочитав Вистински Верник пред некое време(од Никола Спаркс).Нова негова книга, дефинитивно ми се допадна:).Мислев дека ќе биде досадна заради насловот, но напротив се изненадив.Можеби беше монотона, но само на кратки моменти, има некои случки кои никогаш не би очекувала дека ќе се случат, а се на наредната страна:).Me likes it:).

Сега ја читам, Дневникот на Ана Франк.Штета што како на некои други не ми ја дале за лектира ниту во основно ниту во средно.Како и да е, едвај ја најдов, почнав со читање и засега е добра:).Со повеќе впечатоци-за неколку дена:).
 
„Убиство во Ориент Експрес“ од Агата Кристи.
Интересно крими романче, со омилениот херој на Агата, Херкул Поаро, што се чита во еден здив.

Еј, и ја фатив оваа да ја читам (=
 
Пеперутка-Сашо Тасевски.Денес ја дочитав.Книгата ми остави голем впечаток иако многу мина ја критикуваат,се работи за вкус сепак секој чоек башка будала нели?
Патем книга од која што ме воодушевија повеќе реченици во неа,како личен дневник на курва... пишувана е на чист скопски сленг,има интересни мисли... нешта кои ги кажува типкава се случуваше да ме изнасмеат,многу работи запаметив добро,едноставно таа го дели нашето искуство со нас а ние со тоа стануваме побогати на некој начин затоа што луѓето многу добро освен од грешките,учиме еден од друг.Сашо Тасевски како реално да го насликал животот,секоја му чест.Му симнувам капа за книгава.
 
Во последно време сакав да се навртам малку на детска или тинејџерска книга и ја земав Сама од Горјан Петревски.Се изначудив на книгата, на скриените пораки и мисли.И по толку време книгата ме натера да плачам.Сто пати да ја читам верувам дека секогаш ке наогам нешто во нејзе длабоко скриено, а сепак е корисно да се знае.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom