Статистика:Секој трет Македонец има платежна картичка

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Вкупниот број на платежни картички според последните статисктички податоци на Народна банка за август изнесува 646.070 картички. Со кеш функција се 9.674 картички, со дебитна се 319.722 картички, 153.828 имаат кредитна функција, со функција на еклектронски пари нема и со комбинирана функција се 162.846 картички
Платежните картички секојдневно стануваат се повеќе присутни во платниот промет и граѓаните почнуваат да се навикнуваат на нивното користење. Особено сега кога гарантираните чекови ја загубија својата функција во платниот промет на граѓаните им останува да ги прифатат картичките како начин на плаќање, особено за плаќање на рати
Податоците покажуваат дека бројката на трговци кои прифаќаат картички изнесува 11.979. Остварени се 1.141.406 трансакции, чија вредност достигнала 4.328.689.902,50 денари. Од овие, 1.601 трансакции се остварени во кеш, со дебина функција 530.460, со кредитна функција 213.745, со функција на електронски пари нема, а со комбинирана функција 395.600 трансакции.
Во земјава постојат 15.751 уред за прифаќање на картички од кои на продажните места се активни 15.251, а АТМ апарати има 500. Банките се вклучени во мрежите на Америцан Еџпресс, ЦАСЅС, Динерс, МАКЦАРД, МастерЦард, МК ЦАРДС, Привате, ПроЦредит, СИЛЕКС картица, СТББ картица, ТТК картица, ВИСА.

Што се со вас?
Имате ли вие картичка? ако имате каква е кредитна или дебитна?
Во која банка? колку сте задоволни од условите што ви ги нуди банката?
 
Имам маестро дебитна во прокредит, и Виса Електрон (со која може да се плаќа и преку интернет) исто од прокредит и дебитна, двете се добиваат бесплатно со отварање на сметка во прокредит. Уште не се потпирам 100% на нив, пошто нема многу продавници каде може да се плати со нив. Најчесто вадам кеш од банкомат.

Кредитните ми се некако понепотребни, уште имаат високи камати. Добра работа е што имаат (само некои) можност на рати.
 
Откога се укинаа чековите логичен е огромниот пораст на картичките. Тоа што 90% се употребуваат за вадење од банкомат а не за плаќање е друга работа и има логика.
Позитивности
1. Поголема сигурност (во случаеви на кражби, губење итн).
2. Контрола и прегледност на парите во секое време (преку Интернет и банкомати)
3. Олеснителна оклолност за во странство (девизна сметка, носење на поголема количина пари)
Негативности
1. Мал број на места каде што може да се плаќа. Освен поелитни ресторани, бутици итн тешко дека во локална продавница ќе имате корист.
2. Високи камати.
3. Недоверба
а) Многу банки знаат и да затскријат информации поврзани со колку се вистинските трошоци на поседување на кредитна картичка.
б) Лично не сум сигурен колку доверливоста на корисниците е запазена. Да не се лажеме банката знае во секој момент што од каде сте купиле и колку. Тоа е еден вид и упаѓање во приватност, особено по некои муабети што сум ги слушнал (неофицијални ама што држат вода) дека на запад некои фирми дебело плаќаат на банките во своите истражувања на пазарот и купувачките трендови.
4. Високи провизии и трошоци
а) Ако сте трговец од секоја транзакција што некој купувач ќе ја направи кај вас должни сте да и плаќате на банката одприлика 4%.
б) Ако сте купувач губите моќ на ценкање со цена, квантитет итн. Како да очекувате да се испазарите поволно со трговецот ако уште од стар он е исечен со 4% провизија што ги губи ако вие му платите со картичка.
5. Технички грешки
Иако во принцип се ретки сепак се случуваат. На пример куцате на автомат да повлечете 4000 денари а банкоматот ви вади 3,000 а од сметката на картицата ви одбива 4,000. Никако не можете да докажете поинаку. Истото знае да се случи и при плаќање т.е да биде оштетен купувачот или трговецот.
 
Moжеби ако автоматот е од Ротшилд и работи со 30% провизија :)
 
imam maestro od stopanska. jas mislev deka ke bide zanikade a ustvari i ne e taka loso. barem do sega. dobro e so pri kupuvanje ne mi zima provizija nikade, id ako vadam od bankomat na stopanksa ne mi sima provizija pak. so ne e lozo.
 
Имам Visa Classic и Master Card од Тутунска банка и не е така лошо,што знам според мене не се големи каматите ,имаш можност да плаќаш на рати,а башка што не мора да се замараш со кеш,само што немаме можност сеуште секаде да се плаќа со нив...една анти реклама за Штип,пред два месеци во ниедна пицерија неможев да платам со картица,после се оправија за Максфестот,значи ќе ни треба уште време додека се навикнеме да ги користиме максимално.
Сега за сега сеуште си носам и кеш со мене.
 
Vo Rusija naprimer vo Moskva poveke nikoj ne nosi Cash site imaat kartici...se i sekade skoro mozes da platis so niv....site trnzakcii so pari odat preku kartite(plata,honorari ,stipendii)....koga se spremav za makedonija letovo se proinformirav sto e podobro da nosam evra ili karyica i analiticarite rekoa kartica. Ne me izlazaa, mnogu zastediv.procentite za smena na valuta bea povisoki ot procentite za tranzakcii so kartickat vo Makedonija. Nemav poseben problem za plakane ili vadene pari vo Ohrid sto mnogu me izraduva....jas sum za kartici!!!
 
Убаво што имаат но, колку ги користат?

Во мојата фамилија има 3 картици, т.е. пет.
Колку всушност користиме?
0

Освен платата која ја подигнуваат моите преку картиците, досега не сме/сум ја употребиле друга. Провизија, непокриеност и немање на читачи на картички по продавници/маркети се главните виновници што овој тренд кај нас не е во пораст. На запад е друго, овде е друго.

Сакаме со оваа технологија што ја имаме ние, п1 со 14 инчни монитори, иглични печатари, изместени ваги, расипани фискални да изиграваме технолошки напредна нација. Платежни картички... обезбеди прво инфраструктура, банкомати, обезбеди читачи па ќе зборуваме за бизнисот.

Не ја научивме лекцијата со фискалните и пак ни се повторува истото. Па можеби кога ќе почниме да ја користиме на VoIP технологијата, ГПС-работење на такси превоз и плаќањето преку мобилен значи некаде 2050 ќе се среди ова со картичкиве.
 
Убаво што имаат но, колку ги користат?

Во мојата фамилија има 3 картици, т.е. пет.
Колку всушност користиме?
0

Освен платата која ја подигнуваат моите преку картиците, досега не сме/сум ја употребиле друга.

Искрено не сум баш сигурен дека доколку картичките се кредитни дека ви стојат дома без да ги користите. Тогаш зошто сте ги ваделе?
Напротив луѓето на кои не им е доволна една картичка (и “минусот“ кој им го нуди таа) вадат нова како алтернатива за нов “минус“ и нови средства.

Да се разбереме на картичката (без разлика дали е дебитна или кредитна) се плаќа годишна членарина која воопшто не е ниска. Да плаќаш членарина а дома да ти седи картичката мислам дека нема да се случи.

Од кај ти е фактов дека не се употребуваат картичките?

Цела Македонија животот од 01-31 во месецот го живее на картичка. Гледаш што вика анализава: секој трет македонец има платежна картичка. А јас ќе додадам дека не секој втор од тие му е нефукционална зошто заглавил со картичката.

Застани да чекаш ред на каса во Тинекс или Рамстор ќе видиш дека скоро секој плаќа на картичка. Од Стопанска Банка не можат да постигнат со издавање на картички.

Провизија, непокриеност и немање на читачи на картички по продавници/маркети се главните виновници што овој тренд кај нас не е во пораст. На запад е друго, овде е друго.

Сакаме со оваа технологија што ја имаме ние, п1 со 14 инчни монитори, иглични печатари, изместени ваги, расипани фискални да изиграваме технолошки напредна нација. Платежни картички... обезбеди прво инфраструктура, банкомати, обезбеди читачи па ќе зборуваме за бизнисот

Па искрено во Скопје мислам дека горе-доле поголемиот дел од трговците веќе имаат инсталирано пос-терминали за плаќање со картичка, а и инфрасруктруата на банкоматите на повеќето банкомати не е лоша
 
Од први јануари 2008 мислам дека сите вработени во македонија ќе биде задолжително платата да ја добиваат на картица.
(несум сигурен во ова) :toe:
 
Искрено не сум баш сигурен дека доколку картичките се кредитни дека ви стојат дома без да ги користите. Тогаш зошто сте ги ваделе?
Напротив луѓето на кои не им е доволна една картичка (и “минусот“ кој им го нуди таа) вадат нова како алтернатива за нов “минус“ и нови средства.

Две на кои ја примаат платата, две Виза и Прокредит. Зошто се, прашај ги моите... ваљда ќе ти одговорат.

Да се разбереме на картичката (без разлика дали е дебитна или кредитна) се плаќа годишна членарина која воопшто не е ниска. Да плаќаш членарина а дома да ти седи картичката мислам дека нема да се случи.

Ниска е, околу 1200 денари, да ја користам редовно не е некоја голема сума.

Од кај ти е фактов дека не се употребуваат картичките?

Цела Македонија животот од 01-31 во месецот го живее на картичка. Гледаш што вика анализава: секој трет македонец има платежна картичка. А јас ќе додадам дека не секој втор од тие му е нефукционална зошто заглавил со картичката.

Застани да чекаш ред на каса во Тинекс или Рамстор ќе видиш дека скоро секој плаќа на картичка. Од Стопанска Банка не можат да постигнат со издавање на картички.

Има, но еве кажи ми колку луѓе знаеш што ја користат. Да, ја користеле првиот месец, се додека не разбраа колкава е провизијата.
Точно, бидејќи мислат така ќе сврзат крај со крај но, всушност ова е уште една игра, како да се земат парите на Македончето од ништо(целам на провизијата).

Па искрено во Скопје мислам дека горе-доле поголемиот дел од трговците веќе имаат инсталирано пос-терминали за плаќање со картичка, а и инфрасруктруата на банкоматите на повеќето банкомати не е лоша

Скопје не е Македонија, Веро и Тинекс не е Македонија. Шест банкомати на 100 000 жители не се доволни. И уште ова, кога ќе има приближно толку читачи на картички, колку што има фискални каси, тогаш ќе зборуваме.
Дотогаш, ништо од бизнисот.
 
Две на кои ја примаат платата, две Виза и Прокредит. Зошто се, прашај ги моите... ваљда ќе ти одговорат.

Ниска е, околу 1200 денари, да ја користам редовно не е некоја голема сума.

Значи сепак ниска е но не за да ти стојат дома картичките, што значи дека штом ги имаат и тоа неколку значи дека ги користат и тоа многу.
Ај прашај ги па ќе ти објаснат.

Иначе btw работата што ја работа е поврзана со ова па затоа барем за користење на картички и кредити не може некој да ми каже. Точно знам колку се користат.

Камата голема, голема провизија сепак СТБ особено не може да постигне со издавање на картички и кредити.

Луѓето викаат: “во време кога и на најдобриот пријател да му позајмиш пари ќе нема да ти даде, банките се единствен спас...“е сега што банките се “лихвари„ тоа е друга работа
 
*Прво
Јас ќе им речам мојата да ја откажат, секако не сум ја искористил нити еднаш. За другите, нивна работа. Ако сакаат нека купуваат Поликолор од Чочоровска, јас не им се мешам.

*Второ
Реков, се лажи народот дека КК се новатa генерација на чекови.
Ама не се. Ете убаво рече, еден збор е клучен.

*Трето
Лихвари.
 
некој дури и по 4 има :) од различни банки :)
 
Да се разбереме на картичката (без разлика дали е дебитна или кредитна) се плаќа годишна членарина која воопшто не е ниска. Да плаќаш членарина а дома да ти седи картичката мислам дека нема да се случи.
ne se plaka clanarina na site kartici. jas imama master od stopanska i ne plakam clanarina.
*Прво

*Второ
Реков, се лажи народот дека КК се новатa генерација на чекови.
Ама не се. Ете убаво рече, еден збор е клучен.
.
ne se novara generacija na cekovi. u pravo si. kaj nas e problemot sto kk se nametnaa od ednas. ekonomistite vodat nekoja politika da gi isvrlat cekovite celosno od platniot promet. se nekako ne mi e jasno.neka ima kk ama neka ima i cekovi. ne e nevozmono toa. nemora edno so drugo da se eliminara. i kaj nas se nametnaa kk so nacinot "mora da zemes plata na kartica" sto isto taka ne mi e jasen. ako nejkat da rabotat na stariot nacin kes na raka ednostavno neka stavi pari vo banka pa ti vadi si gi kako sakas, a ne da te uslovuva na kartica. i seta taa frka so karticive se desi za godina dena i site udte nekako sme zbuneti.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom