pearl
..~..~..~..~..~..~..
- Член од
- 20 август 2005
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.962
Искрено кажано, јас сум малку збунета од начинот на функционирање на кредитните картички кај нас, барем од она што ми го кажале луѓето што ги употребуваат. Не можам да го сфатам оној делот кој вели дека мораш да покриеш (да кажеме) 10% од месечниот долг, а ако сакаш да го платиш и остатокот од 90%, тогаш банката наплаќа казна. Тоа никако не ми влегува во памет. Испаѓа дека таа (банката) на сила сака да ми го одолговлекува долгот, само за да ми наплаќа камата подолго време.
Од она што јас го знам, функцијата на кредитните картички треба да биде бескаматно кредитирање (до еден месец) од страна на банката, се' додека си го покриваш долгот на време. Ако не можеш да достасаш, тогаш треба да се наплати камата. Но, никако не може банката да ми наплати казна, бидејќи сакам да го покријам целиот долг.