Нема картица - нема бизнис :)

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
Ej prva prakticna rabota sto ja gledam od Vladava. Pod itno treba da go izvlece kesot od promet.
A da go pottikne toa teba pod itno da ja poednostavi rabotata so finansiite kaj trgovcite poedinci , malite DOOEL i DOO..........se sto e plateno so soodvetnata biznis kartica i na Faktura da go stavi na trosok ......duri i smetki za nova kosula :):)!!!, a ne da izmisluva ogranicuvanja i slicni gluposti.
Em poednostavuva knigovodstvo , em ima KONTROLA NA PARICNITE TOKOVI..i DUBARITE ZDRAVJE PODOBRA......!!!
PRASANJE E DALI SAKA....:)
Neka go butne Gvujo ova vo optek so pocetokot na 2008 , neka najde nacin da gi skine vizite i neka sredi e-bay ,lokalna allegro i agrarna berza, direkten elektronski pristap do berzata i trguvanjeto so akcii i neka ukine toa monopolot na posta za parcel i moze da smeta deka napravil cekor od trieset milji :):)!!!
 
Јаа мајката па да бидеме подобри од Швицарска немозе
 
Абе ајде бем ти картиците ...кеш си е кеш...пред некој ден цел центар го поминал за да најдам атм кој што може да ми уновчи, сите беа празни...а не сите продавници имаат апарати за сите картички...
 
Темава мислам дека повеќе и прилега да биде во ЕКОНОМИЈА.така?
 
Има еден проблем кој ни се влече уште од времето кога груевски беше министер за финансии.
Имено проектот НПК и национална платежна картица. Тоа требаше да биде пандан на тоа што е EC (Electronic Cash) во германија, каде секоја банка со отварање на сметка дава ЕС картица (која нормално е дебитна) и 95% од продавниците имаат апарат односно терминал на секоја каса каде може да се плати со таа картица.
На жалост поради „Х“ причини пропадна пректот, и сега секоја банак издава свои дебитни картици, кои инаку исто акко и германската ЕС служат и како Маестро. Но токму поради тоа што сите банки си вадат различни дебитни кои се добиваат со отварање на нова сметка продавниците треба да имаат по барем три или четири различни читачи на картици, што е тешка глупост и финансиски терет за помалите продавници.
Кога ќе се среди овој проблем некако, кое решение пак ќе биде нешто слично ко на почеток започнатиот проект НПК е тогаш ќе може драстично да се намали оптегот на кеш во употреба.
Инаку пред некој ден прочитав дека во Македонија до сега се издадени и функционални над 330.000 картици чинам, што во споредба со претходните години е голем скок во однос на бројот на картици во оптег (што дебитни , што кредитни). Нормално една мерка што ја познавам што е „виновна“ за ова е одлуката да исплатаат на кредитие и стипендиите на добрите студенти да иде преку отворање на нивна сметка која иде во пакет со една дебитна картица.
Инаку според истиот напис прочитав дека во македонија има околу 500 Банкомати (АТМ), мрежа која терба да се зголеми во секој случај.
Инаку многу би ми било мило кога би можел во амкедонија исто како и тука во германија да си купам смоки со картица, иако лично секогаш преферирам да имам нешто кеш во џеб.
Исто така нешто што приметив и ме изненади е дека и на населението му трба малку време да се адаптира кон новиот безготовински начин на плаќање. Имаено бев непријатно изненаден кога минатата пролет мој другар кој студира на екомски обидувајќи се да ме убеди дека на татако му подобро му е со чекови, ме праша како може да се плаќа со картица на рати, со помислата дека тоа е можно само со лекови на кои ќе се напишат датумите. Нормално јас веднаш му одговорив дека е е возможно и дека мојот татко веќе две до три години наназад со картица купува некои работи на рати, и нормлано согласно со ратата толку пари му се одземаат од сметка секој месец.
Како и да е се гледа дека населението се повеќе го прифаќа електронскиот начин на безготовинско плаќање, но за тоа треба да се среди и проблематиката со терминалите во продавниците, каде што наместо Трнот да бара АТМ кај што има пари да си извади кеш за да си купи леб и млеко од блискиот супермаркет едноставно на каса ќе може тоа го напави диркетно со картицата.
 
Абе ајде бем ти картиците ...кеш си е кеш...пред некој ден цел центар го поминал за да најдам атм кој што може да ми уновчи, сите беа празни...а не сите продавници имаат апарати за сите картички...

И јас имав слично искуство, за беља баш кога требаше да уплаќам пари за факултет, студентската служба ни работи до 15ч и јас, сметајќи дека банкоматите работат отидов 30 мин пред тоа. Ама не работеше баш ниеден банкомат на таа банка, а во банкоматите на другите банки не ми ја примаше картичката. И каснев со упис заради тие проклети банкомати! (Не се противам на развојот на општеството и технологијата, само кога веќе се прави нешто-нека го направат како што треба!) Речиси ниеден банкомат не работи 24/7, сите барем 2-3 дена во неделата се неисправни.
 
Епа мислам дека треба да внимавате сеуште од која банка вадите картица, бидејќи кај различни банки има различно развиени мрежи на банкомати, би било убаво однапред да се запознаете со општата мраж на банкомати на банката кај што сакате да отворите сметка и гистината на банкомати на таа банка во вашата близина. Од лично искуство знам дека банката со понеразвиена мрежа на банкомати може да се доведе до вакви абсурдни ситуации каде повеќето и се неоперативни, додека таа со поразвиена мрежа има помали шанси тоа да и се случи.
Намерно не спомнувам имиња на банки за тоа кој како развиена мрежа има за да не звучи како реклама.
 
Bacillus gagous - НПК беше катастрофален проект. тоа е кога мали деца ке земат нешто во свои раце, во тоа време се набави толку многу опрема што не знаеа што да и прават, дури и машина за изработка на картици кој имаше капацитет за пола Европа. На крај се случи тоа што се случи, си ја купија бугарите за евтини пари и сега си направија регионален центар. Единственото добро што излезе од оваа работа е процесинг центарот Касис, кој ги опслужува банките: НЛБ Тутунска Банка, УНИБанка, ИК Банка, Македонска Банка, ТТК Банка, КИбанка Куманово, Силекс Банка, Стопанска Банка Битола, Еуростандард Банка и Поштенска Банка. (само да напоменам тоа веќе не е во сопственост на владата) И така споени ја имаат најголемата мрежа во македонија на банкомати (најмногу од НПК што седеа неискористени)

Инаку околу бројот слушам дека секој 3 македонец имал платежна картица, што веднаш се демантира знаејки дека многу банки даваат 2 картици (Пример Уни и Тутунска даваат и Мастер и Виса) на една сметка. А најчесто граѓаните кои земале картица од една банка зимаат и од втора, за добро познатото вртење на пари :toe:

И на едно мое искуство, при купување на одреден производ кога сакав да платам со картица ми вика „децко извини ама со картица уште 5% плус ќе мора да ти пресметам заради провизијата на банката“. Епа додека имаме толку високи провизии многу од дуканчињата нема ни да помирисаат pos терминал покрај касата. А во Македонија има околу 6000 Пос терминали (кој во многу од големите продавници се дуплираат) па сега видете вие колку е тоа покриена македонската трговска мрежа за работа со картици.
П.С. јас користам картици :)
 
Јас имам искуство од запад каде што подобро е да имаш картица него кеш :). Пример, на аеродром, за во воз од аеродром до градот, ако имав картица само ќе ја поминев на апаратче и ми дава карта, без разлика која валута, ама пошто немав, морав да барам апаратче за да разменам евра во нивната валута, да барам шалтер да купам карта, и да ја поминам картата на истото апаратче.

Многу ме бендиса рекламата за картичката, како ја надоврзаа на рекламата со фискалната, браво. Се згазив од смеа. Детево пораснало и станало поитро.
 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!!

Домашно искуство со кредитни картици:

Локација: Веро во ГТЦ.
Картичка: VISA од Тутунска.

При плаќање на каса, од некои неидентификувани причини, трансакцијата е одбиена. Проблем беше до банката, оти по излегување од Веро, на банкоматот од Тутунска исто така не работеше.

Касиерката, по ставање на картицата во читачот, добива порака и испринтана белешка дека е "неуспешна трансакција -- одбиено од картичка". Ми ја дава белешката и ми вели дека ќе проба пак. По вториот обид, се случува истата ситуација. Сега, касиерката ја кине белешката, гледа дека е иста со претходната, и ја фрла позади себе, на местото каде се наоѓаат најлон кесите.

Вадам кеш за да платам. Додека чекам кусур, ја читам првата белешка, и има што да видам: моето име и презиме, целиот број на картица, и датумот на истекување. Фали уште и CVV2 кодот :nesvest:. Да биде поголема иронијата, сумата што треба да се плати е обележена со *******.

Од сметката гледам дека читачот на картици е инсталиран од Стопанска банка. Тогаш ми стана јасно како е можен ваков пропуст. Во почетокот на овој век, Стопанска имаше милионски загуби од илегални интернет трансакции од нивни издадени картици, токму поради внатрешни сигуроносни испади :uvo: . Затоа неможеше да се купува на интернет со нивни картички едно 3-4 години.

За потсетување, на интернет има сајтови на кои им се доволни овие 3 информации за да извршат наплата, а исто така има и сајтови каде адресата и CVV2 кодот, иако се барани, не се проверуваат при вршење на трансакција.

Пазете како е третирана вашата картичка од касиерите и белешките од читачот!!!
 
За ова има(ше) цела субкултура на "хакери" - трешери, т.е. собираа вакви информации од ѓубре. :)

Да, ова е сериозен пропуст.

Треба ваквите информации да ги уништуваат на „мелница“ за хартија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom