zEk0
Селектор
Романтичар напиша:Здраво другар. :wink:
Вака, сме дискутирале на многу форуми, секогаш се било во рамките на коректното иако навиваме за ривалски клубови, па така и нека продолжи. Ретко ги читам ваквите теми, а уште помалку претпочитам да одговарам на нив меѓутоа овој пат не можев да останам рамнодушен.
Имено, јувентус е еден од најпопуларните фудбалски клубови во светот и убедливо најпопуларниот во Италија. Ова последново колку и да не ми се допаѓа сепак е факт, илјадници пати докажан преку најразлични истражувања и анкети на чизмата. Меѓутоа, факт е и дека навивачи на јувентус во градот Торино речиси и да нема. Отсекогаш 90% од популацијата на овој град му била наклонета на Торо, кој се смета за вистинскиот торински клуб, исто како што поголем дел од граѓаните на Манчестер навиваат за Сити, а не за Јунајтед. Ова ќе ти го потврди секој објективен Италијанец, и секој упатен ултрас ширум светот. Оддалеченоста на Деле Алпи не е никакво оправдување бидејќи стадионот не е ништо поблиску за навивачите на Торино кој сепак одлично го исполнуваат на натпреварите од Сериа Б, за разлика од црно-белите кои имаа бедни 12.000 гледачи против гигант каков што е Баерн од кои околу 4.000 беа Германци. Да не зборувам за мизерните 4.000 гледачи ми се чини против Макаби - отприлика исто колку и просечната посетеност на Брегалница Штип и Влазрими. :icon_mrgr Некој ќе рече дека противникот бил крајно неатрактивен, меѓутоа за домашен натпревар во ЛШ на гигант како јувентус, посетата од 4.000 гледачи како и да ја свртиш е резил.
Во Италија постои една многу позната изрека која гласи: Torino e stata e restera Granata што во слободен превод би значело Торино бил и ќе остане Граната. Чиста вистина. :wink:
За допингот нема што да се дискутира, после сведочењето на Зидан и пронаоѓањето на подземна допинг-клиника во близина на Деле Алпи мислам дека секој коментар би бил излишен.
И како можеш да кажеш дека не те интересира тоа што некој бил мафијаш?! Дали не те интересираат страдањата на илјадници луѓе се додека твојот омилен клуб бележи добри резултати? Мислам дека сепак и твојот коментар беше нечовечен. Дали знаеш дека со огромна помош на фамилијата ањели за претседател на Торино беше поставен човек од нивните редови, навивач на јувентус, чија единствена цел беше систематското уништување на клубот - процес кој ањели и чиминели успешно го извршуваа со години? Дали знаеш дека во Торино веќе долго време се води тивка и конспиративна политика под патронат на фамилијата ањели чија (успешно остварена) цел беше Торино да се најде во денешнава катастрофална ситуација? Сепак, тоа е веќе некоја друга тема на која не и е местото овде.
И како што напиша еден мудар човек... Во Торино постојат два клуба, еден е богат и моќен, а другиот не е толку богат но затоа е полн со достоинство, гордост и храброст на кои побогатиот клуб може само да му завидува бидејќи парите не можат да купат карактер, традиција и чесност.
Па затоа... Forza Toro per sempre!
Секогаш сум подготвен за здрава дискусија. Најпрво за навивачите. Веднаш ќе ти кажам дека сум добро информиран и знам дека мнозинството во Торино НЕ навива за Јувентус. Сакав само да потенцирам погоре дека Јуве има многу навивачи (за разлика од нешто друго што се тврдеше на форумов), можеби спомнав дека има повеќе навивачи во Торино, но тоа било грешка. За тоа дека не е оправдување оддалеченоста на Деле Алпи, ќе покаже токму следната сезона која Јуве ќе ја игра на Комунале, како и таа после неа кога ќе се вратиме на новиот и реновиран Деле Алпи (Јувентус Арена ќе се вика), така што за тоа, да почекаме и да видиме, времето ќе покаже.
За допингот, мислам дека добро ја објаснив целата ситуација. Судот одлучи, некој може да верува, некој може да не верува. Тоа е индивидуално. Никој во Јуве не демантираше дека биле земани разни супстанци, спорот беше дали тие биле легални или нелегални.
Е сега доаѓаме и до градот Торино и фамилијата Ањели. Веднаш да ти кажам дека во овој дел многу си ги згрешил работите. Најпрво, јас во претходните дискусии се згрозив од фактот што некој човек може да се радува на смртта на друг човек (каков и да бил). А за тоа дека фамилијата Ањели биле мафијаши, најверојатно дека е така. Сепак, ти прашуваш: ““Дали не те интересираат страдањата на илјадници луѓе се додека твојот омилен клуб бележи добри резултати?““ Јас ќе ти одговорам: ова не се 60-тите и 70-тите, Ањели и пријателите не шетаат со пиштоли и не убиваат луѓе. Тие се едноставно во кругот на неколку десетици ултра-богати луѓе кои ги држат сите конци во Италија (меѓу кои се и Франко Сенси, Силвио Берлускони....) и кои другите ги нарекуваат мафија. Не сум баш сигурен кој точно страдал од фамилијата Ањели?!
За тоа со Торино исто така не можам да коментирам бидејќи не знам како е и што е....ако можеш да објасниш и да ми дадеш некои линкови каде да прочитам, ќе искоментирам и за тоа.
Инаку, гледај деновиве на Телма ќе фатиш еден документарен филм за Торино кој го емитуваат во пресрет на Зимските Олимписки Игри. Гледај го и после ќе зборуваме за заслугата која фамилијата Ањели ја има во развојот на Торино од проста индустриска провинција во модерен град и откако ќе го изгледаш (инаку е правен од страна на БиБиСи, да не помислиш дека од Ањели го правеле) повторно искоментирај за “страдањата“ на илјадниците луѓе.:raz:
Поздрав.