Најдобрите шоумени во Македонија

па освен Тони и Весна Бејби на никој друг не ми текнува!доколку може така да се наречат!
а некој кој страшно ме нервира и ми е антипатичен е Лила!
 
Па јас би ги одвоил Игор Џамбазов пред се и Тони Михајловси.
 
Абе Игор Џамбазов немат конкуренција. После неколку празни места е Тони Михајловски, после пак неколку празни места па следува некој трет
 
На Игор Џамбазов му нема замена според мене.
И Кумановецот Тони е добар, гледав една емисија кога двајцата беа гости. Интересно беше и ме задржа пред ТВ подолго отколку што имам навика да седам. :)
Им симнувам капа и на двајцата.
 
Игор Џамбазов-Џандар збира,па и на Бинго мава опасни муабето
Тони Михајловски-Златна бубамара,Опуштено добро го мада нема смеа како што имаше на бубамара
Трендо-добро го водеше Милионерот(ваљда е и тоа шоу)
Боле 13-гадна појава-лош за око ама ваков таков им шљака опасни прашања на гостите не запаѓа во клишеа што ги гледаме на секоја друга телевизија
дефинитивно брат од нив нема подобри
 
Шо толку тој Трендо?Ич не ми се бендисва мене..Многу антипатичен чоек..
 
Весна бејби ја сакав едно време многу. Сега не толку. Игор Џамбазов. Исто. Добро не ви е тапа човеков? Не лажи со истите фрази едно шест години. Не е повеќе креативен. Едно време беше глумец, музичар, шоумен, сега е само досаден водител на бинго, а бинго верувам дека сега сеуште играат само нашите баби и дедовци. Или се лажам? Тони Михајловски го сакам, оти внесува промени. Различен е и секогаш пробува нешто ново. Го гледаме како водител на различни емисии. И да Трендо, не е шоумен. Трндо ми оставил најголем впечаток како колумнист и толку.
 
Вучич и Бокица-13ка, ебаго :pos:

Ем се простаци дибидус, ем туку кењаат на телеФизија упорно цел живот,без стоп. Подобро шоу од тоа каде?

Или пак,ако збораме озбилно, тогаш Весна-Бејби ја бива стварно за осмислување на нешто ново и интересно како шо беше Вртелешка на почетокот,ама ми се чини дека не е истрајна за подолго време. Прави глупи промени, кој шо емисиите ги водат до пропаст.
 
Игор нормално дека би го ставил тука а и Тони ме воодушевува понекогаш,незнам дали слушавте лани радио рос кога коментираа со дејан светското ептеееееееееееееен беше јако:zver: а опуштено е ок али некако мн вештачка ми е бидејќи е многу кината емисијана а исто би го навел и Марко -дај побрзај незнам зошто нема нов циклус есенва а го бива и за студиска емисија дечково.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom