БЕГСТВОТО НА ПАВЕЛ ХРИСТОВ
Струга е неговиот роден град.
Кога влегол да ја види старата мајка, во куќата се собрале толку многу луѓе што дрвената градба почнала да крцка.
По средбата започнале подготвките за одбрана.
Од Струга, Матов заминал за Охрид, каде во еден хотел во близина на стариот и легендарен чинар имал средба со градските првенци.
Тука тој се сретнал и со членот на Битолскиот револуционерен округ Павел Христов, кој бил во состав на петчлената охридска револуционерна власт, кому му објаснил дека не треба да се има надеж оти други држави ќе се вмешаат во настаните, дека востаниците самите ќе треба да се држат додека можат и дека дотогашните успеси всушност се должат пред се' на првичната паника кај Србите.
'На мое чудење, Павле западна во необјаснива паника и започна да крешти дека требало да се бега за Албанија, а дека народот треба да се крие кој каде ќе стигне.
Тоа негово поведение ме извади од такт и му се извикав, вадејќи го оружјето, не само за да го заплашам, туку и за да го обвинам за создавање паника и за предавство.
Работата тука се смири, но за овој скандал бргу се расчу меѓу охриѓани, па вечерта, два чуна преполни со луѓе од градот го преминаа езерото, заминаа за селото Лин, а оттаму за Елбасан.
Најбројни меѓу нив беа охридските учени, а место имаше и за самиот Павел Христов', сведочи Матов.
Всушност, нему јасно му било дека веќе во старт востанието било осудено на пропаст.
Тоа успеало да мобилизира не повеќе од 4.000 борци и со таа сила, без оглед на логистиката од народот, не можело да се справи и спротивстави на контраударот на српската војска.
На дваесеттина километри источно од Охрид бил формиран одбранбен бедем на височините на Петрово и Буково.
Востаниците четири пати успевале да ги натераат на повлекување српските војници кои од 16 септември настапувале од реонот на Ресен, но тоа било се' што можело да се стори.
Според Милан Матов, бедемот кај Петрово бил пробиен кога Србите со стратегиска измама убиле 27 востаници, а потоа уште толку од митралеско гнездо.
Кај Буково, тој ја оценил позицијата како слаба и таму битката со Србите се водела не повеќе од два часа по што востаниците се повлекле.
Една од грешките можеби ја направил токму Чаулев кога ги поделил востаниците на три дела, но не бил без значење и ударот од зад грб што кај Голак Планина на востаниците им бил зададен од грчките војски.
Наскоро Охрид, Струга, Кичево и Дебар одново паднале во рацете на Србија, што довело до масовен бегалски бран кој само од дебарската околија броел околу 30.000 луѓе кои се растуриле низ улиците на Тирана, Каваја и Елбасан.
До темел биле запалени 60-тина села, а, на пример, при влегувањето во Охрид, српските сили обесиле 40 видни граѓани.
Наскоро Чаулев издал наредба за расформирање на четите, а тој исчезнал.
Милан Матов заминал за Албанија каде дознал дека мајка му во Струга била претепана, а куќата ограбена и срамнета со земја.
Оттаму тој отишол во Трст, па со 'Ориент експрес' за Бугарија.
Така завршила оваа епизода од македонското минато, која, како и Тиквешкото востание кренато неколку месеци порано, со децении е поттурнувана под килим.
Причините за тоа се различни, но меѓу клучните е таа што се смета дека станува збор за обид за поделба на Вардарска Македонија меѓу Албанија и Бугарија и тоа што водачите на востанието како Чаулев и Матов во своите записи и спомени од тоа време говорат за бугарско население.
Инаку, првиот е роден охриѓанец, а вториот, како што рековме, стружанец.
И двајцата сме ги отпишале од нашата историја заради 'бугарштина' иако во исто време, 1913 година, Крсте Мисирков барал обновување на Сан-Стефанска Бугарија, сметајќи го тоа за помало зло од поделбата на земјата што ја сметал за своја татковина.
► Милан МАТОВ
АСЛИ БУГАРИН СРЕДЕ БИТОЛА
Милан Апостолов Матов е уште еден од забранетите револуционери во Македонија заради неговата бугарштина. Роден е во Струга во 1875 година. На 20 годишна возраст станал член на ВМРО. Од 1900 година бил член на струшкиот Околиски комитет. Во 1902 година бил уапсен и лежел во затворот во Охрид до март 1903 година. Учествувал во Илинденското востание во четата на Л. Групчев. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година. Во 1905 година станал челн на Битолскиот окружен револуционерен комитет, а од 1907 година бил претседател на Комитетот. Co вакво досие, се јавува како еден од водачите на Охридското востание. Бил познат како човек од кого тешко се добивало милост. Подоцна се повлекол во Бугарија, каде умрел во 1962 година.
► Лутањето на Чаулев
САМО СССР НЕМА ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ НАМЕРИ КОН МАКЕДОНИЈА
Интересна е проскрибицијата на Чаулев од страна на социјалистичка Македонија, со оглед на тоа што тој човек од 1911 година станал член на раководството на ВМОРО.
Co Тодор Александров и Александар Протоѓеров потписиик е на Двкларацијата на ЦК на ВМРО од 29 април 1924 година во која се вели дека ако ослободувањето на Македонија зависи од меѓународната ситуација, единствена сила на која може да се потпре е СССР:
Македонија смета исклучиво на моралната поддршка на европските револуциоиерни и прогресивни струи, a најглавно на целосната моралка, материјална и политичка поддршка на СССР, која денес е единствена држава која се бори за ослободување на сите напатени народи, за вистинско самоопределување и федерирање и која во својата балканска политика не пројавува никакви империјалистички цели'.
Добрите односи на Чаулев со Александров и Протоѓеров не траеле долго, а како минувало времето тој еволуирал во ставовите кон слободата на Македонија, па, по Првата светска војна сметал дека таа може да се оствари под заштита на Друштвото на народите или под заштита на некоја од големите сили. Како алтернатива на ваквото решние, предлагал 'автономна Македонија како одделна единица во федерална Југославија'.
Во време кога доживува разочарување во поглед на политиката на Бугарија и тамошните политички партии кон Македонија, Чаулев напишал:
Се признава caмо онаа револуција која се потпира врз своите сили и се стреми да постигне целосна победа'.
Од тој период е и писмото до Протоѓеров во кое вели:
Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци, инаку сите ќе не' осудуваат'.
Всушност, приказната за Чаулев е приказна за лутањето во однос на националното прашање присутно кај речиси секој македонски револуционер од почетокот на минатиот век.
На пример, пошироката наша јавност малку знае дека Ѓорче Петров во 1907 година се населил во Варна, каде според Тодор Александров ги изнајмил морските бањи и бил соптственик на своднички хотел, а подоцна бил чиновник во бугарското Министерство за внатрешни работи'.
Според нашите денешни стандарди, тој човек би требало да го ословуваме со некој синоним на зборот удбаш' (како што ги почестуваме сите кадри на југословенско-македонската комунистичка полиција), но сето тоа не ни пречи да го оценуваме неговото дело и од подруг агол, агол што е битен за Македонија.
Впрочем, токму Чаулев е потписник на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО од 6 мај 1924 година, еден извонредно вреден документ чиј почеток гласи:
Манифест до македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до македоиските револуционери.
Браќа Македонци!...'.
Потписник на овој Манифест, покрај Чаулев е и Протоѓеров, кој се потпишал и во името на Тодор Александров.
Последните двајца подоцна се откажале од потписите на Манифестот, но Чаулев останал верен на овој документ, а се смета дека токму тој потпис е причина што во декември 1924 година, Ванчо Михајлов испратил еден од своите терористи во Милано, пo што на 42 годишна возраст бил ликвидиран.
Како што потоа напишал Димитар Влахов,
'Чаулев беше убиен затоа што сакаше чесно да му служи на својот народ, затоа што сакаше македонската револуционерна организација да ги продолжи своите традиции.
Тој народ, кому Чаулев сакал чесно да му служи, денес не знае речиси ништо за него.
Пишува Дарко ЈАНЕВСКИ
п.с....
бидејќи сте ја затвориле темата без писание..