Охридското "востание" во 1913 година - воен сојуз помеѓу Македонците и Албанците

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
(превземено од http://kicevo.blog.com.mk)

Заборавеното и забранетото востание во југозападниот дел од Македонија од септември 1913 година, еден месец по Букурешкиот договор. ВМОРО во соработка со вооружените македонски Албанци креваат востание против српските војски. Ова е веројатно првиот воен сојуз помеѓу ВМОРО и Албанците. Востанието добива тајна поддршка и од штотуку формираната албанска држава.

ПРЕД-ТОЛКУВАЊЕ

Секогаш е комплицирано кога почнуваат да се отвараат историските страници на Балканот. Тоа е така заради тоа што секој од нас има свои сопствени погледи, помалку или повеќе поткрепени со факти. Комплицирана за разбирање е историјата на балканските народи. Скоро секогаш завршува со рововска битка и доза на омраза кон другиот. За себе сметам оти сум солиден познавач на состојбите. Неретко кога влегувам во овие дискусии на крај сум излегувал етикетиран. Но не сум ништо повеќе и ништо помалку од Македонец. Лично не чувствувам баш никаква нетрпеливост кон ниеден народ, но сум нетолерантен кон луѓето кои ефтино ја продаваат сопствената земја и идентитет, односно оние кои ги бележиме со наставките –фили/мани. Македонија не е ништо повеќе моја, отколку што е и за еден Албанец, Србин, Влав... Само да ви потенцирам пред некој да се дрзне да ми залепи .фил - .ман, добро знам кој сум, што сум и зошто сум Македонец, наспроти многуте кои македонскиот идентитет го бранат со чиста патетика и навреди кон опонентот. Би им препорачал ако веќе се волни да влегуваат во вакви дискусии, да читнат и да разберат тоа што го читаат и да ги гледаат сите камчиња во мозаикот без да занемарат она што не им се допаѓа. Македонија има феноменална историја, но не сме феномени па да немаме црни дамки. А ги имаме...

Јас немам никакви стравови да и погледнам во лице на историјата на мојот народ, со сите светли и темни страни кои ги има. Македонската историја додатно е трауматизирана во периодот после Втората светска војна кога се вршени идеолошки интервенции на најголем дел на поновата историја и особено на ВМРО. Цели генерации се изучувани со овие „филтри“. Најмногу ме провоцира сатанизирањето на еден дел (идеолошката десница) на ВМРО наспроти редовно шминканите и испрани идеолошки левичари на Организацијата. Вистината е дека сите тие луѓе дејствувале заедно со помали или поголеми разлики, но секогаш со ист идеал. Карактеристично за голем дел од Нив е „националното лутање“ почнувајќи од самиот Гоце Делчев, првиот Апостол на ВМРО, па натаму. И на никој од нив сето ова не им го брише делото за кое се жртвувале и јас како Македонец неможам и не смејам да се дрзнам да им замерам.

Интервенциите во историјата секогаш се покажале како лоши (и повеќе од тоа), па затоа на мојот народ допрва му следува соочување со сопствената историја и сето она кое низ годините било затскривано како „политички неподобно“ според процените на македонските комунисти. Македонецот мора да се подготви и да и погледне во очи на историјата на сопствениот народ. Дотогаш само ќе ни се исмеваат сите отстрана кога, неретко, патетично ја браниме сопствената историја, без да знаеме зошто е тоа така, односно да ја сватиме суштината на настаните.

МИРНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ДА НЕМА НАТАМОШНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ

Имало иницијативи кои биле испраќани од бегалците кои го напуштиле овој дел на Македонија. Во него, како што се зборува Македонците биле подложени на едно многу потешко робство отколку Турското, овој пат под власт на Србите и Грците и дека Букурешкиот договор е многу голема грешка. Оваа иницијатива од преку 150 000 бегалци била доставена до Едвард Греј председател на Лондонската конференција, и до полномошните министри на Русија, Англија, Австро-Унгарија, Италија и Франција во Софија. Несомнено сите Македонци, без разлика на нивото на самосвест, биле свесни за погубноста на договорот од Букурешт. Повеќе им одговарало, кога веќе неможе да се издејствува создавање на независна македонска држава, останување на целовитоста на македонската земја под бугарска власт, за што своевремено се залагал и големиот Крсте Петков Мисирков.

Втора иницијатива со цел да се спречи натамошно крвопролевање, направила тричлена делегација составено од професорите Љубомир Милетич, Иван Георгов и Александар Балабанов кои во името на Ц.К. на ВМРО на властите на влијателните европски држави од тоа време им ја изложиле погубноста на Букурешкиот договор. Европските власти не пројавиле никаква волја за ревизија на договорот...

Веројатно одамна се спремале Македонија да им служи како паричка за поткусурување за придобивањето на интересите на балканските земји за големата воја која ќе отпочне веќе следната 1914 година...

ОХРИДСКОТО ВОСТАНИЕ, ВОЕН СОЈУЗ ПОМЕЃУ ВМРО И АЛБАНЦИТЕ ЗА ПРОТЕРУВАЊЕ НА СРБИТЕ


118f2q1.jpg


Охридското востание многумина и не знаат оти воопшто се случило. Било затскривано зад сцената, пред се од идеолошки причини. Моите кичевчани, а и сите во Македонија треба да знаат многу добро за него (а ретко кој воопшто знае за него). Се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1200 луѓе од српската војска и домашните соработници на српските власти и еден месец по потпишувањето на катастрофалниот Букурешки договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев* и стружанецот Милан Матов**, брат на Христо Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава. Биле формирани тела со мешан состав.

Еве што напишал војводата Петар Чаулев во своите мемоари:

„Во Дебар востанието веќе беше кренато. Ноќта на 11 септември окружниот управител Кирковиќ се извлече од градот заедно со митрополитот Варнава и со другите чиновници и се упати кон Охрид. Гледката беше колку пријатна, толку страшна, кога гледа човек како разјарениот народ од сите околни села, вооружен кој со што имал, трча кон градот и оттаму кон село Горенци каде очајно се бореа српските војници. Секој беше уверен дека победата е на страната на народот, не само затоа што беше поброен од војската, туку и затоа што беше мотивиран и беше готов да се фрли во оган, макар и со празни раце.

Дебар ликуваше, Македонското знаме се вееше на секој прозорец. Двеста-триста заробени српски војници тивко без никој да ги вознемирува, ги водеа низ градот. Други ги прибираа убиените и ранетите меѓу кои видов еден офицер, кој, според сведочењето беше погоден со седум куршуми. Народот весело и гордо се движеше по улиците и секој се загледуваше по ќошињата со цел да најде некој убиен војник и да му го земе оружјето.“


Идејата на востанието било да го сврти вниманието на светската јавност за направената грешка со Букурешкиот мировен договор со кој Македонија е поделена помеѓу соседите. Планот бил самото востание да биде посериозно подготвено, но по се изгледа револтот од населението кон новите окупатори бил преголем и едноставно вивнал. Требало да се крене во Октомври наместо во Септември. Требало да обезбеди и посериозна помош од штотуку формираната албанска држава (1912 година). Револуционерот Милан Матов тоа време престојува во Албанија каде се обидувал да воспостави сериозни врски со албанските власти и да обезбеди што поголема поддршка од нив. Еве што тој пишува во своите мемоари:

„Така минуваше мојот престој во Елбасан, во постојана грижа за создавање организација со довчерашните непријатели и во подготовка на еден метеж чии рамки не се гледаа. Тоа траеше до ноќта меѓу 12 и 13 септември кога ме разбудија силни викотници: 'станувајте веднаш, во Македонија се крена востание'. Дури неможев да поверувам оти подготвителните мерки дадоа толку брзи резултати“
 
Почетокот на востанието било многу случаен. Една чета вооружени Албанци налетала на српска единица кај селото Епискупија и се судриле со нив. Гласот за овој судир набргу се проширил по што населението едноставно се кренало на оружје. Србите се повлекле од Дебар и тоа е веста што дошла до Матов. На прашањето на албанскиот министер, христијанин, Лев Носи и Сакиф паша, што да се прави, Матов кој тие денови бил во нивно друштво одговорил:

„Нема потреба од многу мислење. Веднаш треба да се поткрепи започнатото востание со луѓе и оружје, а политички, со јасна поддршка на албанската држава“

Ја добил нивната согласност, но не и согласноста на Исмаил Кемал бег кој се плашел од ризикот за војна со Србија на која младата Албанија не била подготвена. Но сепак понудил секаква тајна поддршка на востанието во пари, луѓе и оружје против Србија во Македонија. Со ова е ставен неформален печат на веројатно првиот историски сојуз помеѓу ВМРО и Албанија, бидејќи сметале оти во тоа време имаат заеднички непријател во експанзионистичка Србија.

Матов по ова се подготвува за на пат, назад во Македонија порачувајќи им на своите албански домаќини, нарекувајќи ги 'албански пријатели', да се подготват самите, а со тоа и градот за прием на многу бегалци. Ова наишло на чудење кај Албанците бидејќи верувале оти нема да се дозволи повторно заземање на ослободените територии од Србите. Но околностите биле сосем поинакви и за остварување на овие желби, според Матов, биле потребни 300 000 луѓе под оружје. Албанците верувале оти Европа ќе ги одврати Србите од поход кон изгубените територии, но тоа било само наивно размислување.

Во ослободениот Дебар набргу била воспоставена револуционерна власт од двајца Албанци и еден Македонец, Али Пустина, Риза беј и Христо Атанасов. На 13 септември востаничките чети влегуваат во Охрид. За ова во своите мемоари Чаулев пишува:

„Од пред извесно време се обединивме со Албанците и со македонските Албанци, но тие како народ се лесно избувливи, па избрзавме со востанието. За востанието не сме виновни ние, колку српските предизвикувачки дејствија, кои едноставно беа неиздржливи. На 1 септември народот очекуваше да се отворат училишта, но видовме дека тоа веќе не се наши. Црквите опустеа зашто никој не сакаше да влезе во нив кога ќе чуеше дека внетре има српски поп, а посебно не сакаа да чујат за владиката Варнава. Кога се случи анексијата, Србите ги разурнаа сите џамии. Трговијата сосема опусте. Нашиот селанец порано купуваше ока сол за еден грош, сега треба да даде шест гроша. За нецела година народот оголе. Нема работа тука но никого не пуштаат да оди во странство. Неколку србомани во градот се се' и сешто. Казните и тепањето станаа сосема вообичаена работа. Честа и животите на луѓето се во рацете на тие луѓе.“

Чаулев бил против заземањето на градовите, но неможел да ја спречи желбата на востаниците. Самиот тој бил еуфорично дочекан со радосни извици во родниот Охрид пред насолбаните толпи народ.

Матов кој во тоа време бил тргнат кон Струга пишува:

„Четниците се одмораа, а јас напишав еден повик до населението на реонотсо што го поканив да се крене на оружје и да се присоедини кон нашиот одред. Се собраа повеќе од 200 луѓе макар лошо вооружени. Благајникот на четата, Абдула, го извади од ранецот албанското знаме, црвена боја со црн орел и го закачи на еден стап на кој имаше и цвеќе. Кога се приближивме кон Сруга го посоветував да стави една полумесечина од жолта тенеќија, бидејќи голем дел од населението ја немаше заборавено турската власт и не е навикнат на албанскиот орел. Кога минавме крај селото Враништа, кое беше христијанско, кон нас се приклучија многумина од месното население. Луѓето почнаа да ме прашуваат што сме ја развеале таа црна кокошка, мислејќи на албанскиот орел и нели е подобро наместо неа да го развееме црвениот лав? Јас се свртев и погледнав: освен старите другари, во одредот сите други беа луѓе кои порано ме гонеле во потера, но сега ситуацијата налагаше заедно да се бориме против поробувачот“.

ВОЕНИ ДЕЈСТВИЈА

o6y8eq.jpg


По првичниот успех во Битола почнуваат да се собираат српските војски. Војводата Чаулев наредува востаниците најнапред да го ослободат Кичево, а потоа да тргнат кон Битола. На пат кон Кичево, востаничките војски се судруваат со веќе настапувачките српски војски и во месноста Петрино (меѓу Ресен и Охрид) водат огорчена битка која трае две деноноќија, 17 и 18 септември. Овие позиции ги бранат војводите Антон Шибаков и Нестор Георгиев. Подоцна србите ја пробиваат оваа позиција но со големи жртви на обете страни. Петар Чаулев во исто време води огорчени битки со Србите кај село Иванчишта, кичевско во регионот Копачка. Тука ги разбива Србите по што на 17 септември востаниците влегуваат во ослободеното Кичево. Цела територија од Дрим, Охридското езеро, до Кичево е слободна!

На 18 септември востаниците одат на југ кон Галичица каде последно ќе се судрат со српско-грчките војски.
 
ЗАДУШУВАЊЕТО НА ВОСТАНИЕТО

Во струга Матов се сретнал со својата мајка. Куќата била толку преполнета со луѓе што старите греди почнале да попуштаат. Оттаму заминува кон Охрид каде се среќава со градските првенци кај стариот Чинар. Тука се среќава со Павел Христов, член на Битолскиот револуционерен округ и еден од петте члена на охридската револуционерна власт. Тука Матов ја објаснува реалната слика на востанието и дека првичните успеси се само поради првичната паника создадена кај Србите, како и дека не очекува било која држава да се вмеша во овие настани. На ова Христов почнал необјасниво да крева паника и почнал да зборува без тек дека треба да се бега кон Албанија, дека народот треба да се евакуира и да се крие кај ќе стигне. Тоа неоправдано поведение на Христов го извадило од такт Матов кој му вперил пиштол во лице обвинувајќи го за создавање паника и за предавство. Тука работата се смирила но веќе пукнал муабет помеѓу охриѓани за текот на настаните. Тоа резултирало што истата ноќ два преполни чунови со бегалци го напуштиле Охрид заминувајќи кон селото Лин во Албанија. Помеѓу нив и Павел Христов...

И нему и на многумина им било јасно оти востанието од старт било осудено на пропаст. Како и Илинденското десет години пред тоа, така и ова било кренато предвреме, и не успеало да мобилизира повеќе од 4000 луѓе. И со таа сила покрај сета логистика од народот било невозможно да се спротистават на српската регуларна војска и домашните србомански формации. На дваесетина километри источно од Охрид бил формиран одбрамбен бедем на височините на Петрово и Буково. Востаниците четири пати успеале да ги одбијат Србите, кои до 16 септември настапувале од Ресен, но тоа било се' што можело да се стори.

Според Милан Матов, бедемот кај Петрово бил пробиен кога Србите со стратегиска измама убиле 27 востаници, а потоа уште толку од митралеско гнездо. Кај Буково позицијата ја отценил како слаба и по нецели 2 часа востаниците се повлекле. Една од грешките можеби ја направил самиот Чаулев кога ги поделил востаниците на 3 дела, но не бил без значење и ударот од зад грб, зададен од грчките војски кај Голак Планина. Наскоро Дебар, Струга, Охрид и Кичево биле повторно заземени од Србите. Четите биле расформирани.

СРПСКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА

По влегувањето на Србите на овие простори настанал егзодус на 30 000 луѓе кои се дале во бегство пред српските убиства и пљачки. Биле убиени 100 луѓе само во Кичево и кичевско, македонски и албански првенци. 150 луѓе се жестоко претепани, кој каде бил дофатен. 17 од нив умираат од повредите. Во селото Пласница се убиени 46 луѓе а 5 куќи се изгорени до темел. Во битолско Ѓавато се убиени 40 луѓе, а труповите им се фрлани во бунари. Во Битола се затворени и ѕверски мачени 46 граѓани од кои 11 свештеници. Во Охрид биле веднаш обесени 40 видни граѓани, 8 свештеници и 5 учители. Покрај нив биле убиени уште 150 граѓани. Убиени се уште 500 Турци и Албанци. Голем дел од убиените се фрлени во длабокиот сув бунар до Имарет џамијата (се наоѓала врз темелите на светиклиментовиот храм на Плаошник). Потоа бунарот е затрпан со камења. Не знам дали е откриена оваа масовна гробница. Во одбраната на Дебар се убиени 300 востаници а стотици граѓани се убиени. Жените и децата од овие региони биле фрлани во огин, а мажите цивили биле редени во редици и така стрелани од зад грб. 80 села биле изгорени до темел. Ѕверства имало и надвор од овој регион. Така во кочанско се убиени 201 човек а 107 се жестоко малтретирани. Во Делчевско се убиени 212 луѓе, 87 се изчезнати. Во Пехчево 134 убиени. Матов бега во Албанија каде дознава дека Србите ја претепале мајка му, а куќата му била целосно опљачкана и срамнета со земја. Од Албанија оди во Трст каде со 'Ориент експрес' оди за Бугарија каде умира во 1962 година. Така завршува уште една крвава епизода од македонската историја.
n4vac5.jpg


*Охридскиот војвода, Петар Чаулев е еден од „забранетите“ македонски војводи, заради неговата првична „бугарштина“. Со еволуирањето на неговите погледи и гледајќи ја голата борба на соседите на Македонија, Чаулев се свести (како и мнозинството македонски војводи) за при крајот на својот живот да го потпише исклучително значајниот Мајски манифест на Ц.К. на ВМРО од 6 мај 1924 година, кој го потпишал заедно со Тодор Александров (во име на Александров се потпишал Александар Протоѓеров) во кој почетокот гласи: „МАНИФЕСТ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДО ОРГАНИЗИРАНОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО НАСЕЛЕНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ДО МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ. БРАЌА МАКЕДОНЦИ!...“

Овој потпис се смета дека и значел негова смртна пресуда зашто заради него Ванчо Михајлов праќа луѓе во Милано каде го убиваат на 42 годишна возраст...

wso6qp.jpg


**Милан Апостолов Матов, Македонец деклариран како „Бугарин“, заради што е ставен „на црната листа“ и игнориран од македонската историја. Роден е во Струга 1875 година. На 20 години влегува во ВМРО. Од 1900 година станува член на струшкиот Околиски комитет. Во 1902 е уапсен и лежи во затворот во Охрид до март 1903. Учествувал во Илинденското востание во четата на Л. Групчев. Делегат е на Прилепскиот конгрес во 1904. Во 1905 станува член на Битолскиот револуционерен округ, а во 1907 претседател. Со овој бекграунд се јавува како еден од водачите на Охридското востание. Бил познат како човек од кој тешко се добивала милост. Се повлекува во Бугарија и умира на 62 години.
 
Џабе го пишуеш ова бе друже... ете ти го Свидн ќе коментира дека уствари Србите се најдобри пријатели на Македонија, и дека сето ова е бајка, србите само сакаат да ја видат Македонија во добро светло. Друг некој ќе прокоментира дека тоа уствари е вина на СДС а третиот ќе каже ВМРО се криви. АБЦ ќе се убаци ко љута пиперка у граФ и ќе каже дека востанието ќе било поефикасно доколку се умешале и тутунарите.

Што ми е поентата. Кој има перо и мастило, има и МОЌ. Многу работи се испревртени, од некогаш, па и ден денеска. Одамна тропам дека Македонците, и Албанците секогаш заедно си ги решавале проблемите. Целата таа работа отиде јабана после втората светска војна (читај Југославија). Албанците беа ставени во карантин во времето на Југославија, нека тврди Свидн или кој сака друг дека тогаш имало повеќе научници, жими таквото. Народот во тој период беше контролиран преку црквата и џамијата (па и ден денеска). Ми текнува на времето кога оџите тврдеа дека телевизор е голем грев да имаш дома, дека тоа е дело на џаволот. Греота е да се иде во школо, дека таму ти го перат мозокот. Демагогија.

Доколку се ископа повеќе во историјата ќе испадне моето. Албанците и Македонците (според моја некоја теорија) имаат блиски предци, барем ако ништо друго, со слична култура, и слични табиети. Разликите кои ги гледаме денеска, се како резултат од времето на Југославија па наваму. Ама кој да копа по таа пуста историја? Кога на некого му одговара да биде се така бледо, и нејасно.

Кој има перо и мастило, има МОЌ. Така се контролира народ. Така беше контролиран и албанскиот народ, кој остана неук за тоа време, остана по џамии. Па и денешно време 70% од фраерите низ град не знаат да ти набројат 10 албански писатели пред 19тиот век. Перо и мастило.
 
Милан Апостолов Матов, Македонец деклариран како „Бугарин“, заради што е ставен „на црната листа“ и игнориран од македонската историја. Роден е во Струга 1875 година. На 20 години влегува во ВМРО. Од 1900 година станува член на струшкиот Околиски комитет. Во 1902 е уапсен и лежи во затворот во Охрид до март 1903. Учествувал во Илинденското востание во четата на Л. Групчев. Делегат е на Прилепскиот конгрес во 1904. Во 1905 станува член на Битолскиот револуционерен округ, а во 1907 претседател. Со овој бекграунд се јавува како еден од водачите на Охридското востание. Бил познат како човек од кој тешко се добивала милост. Се повлекува во Бугарија и умира на 62 години.
Имаме премногу наши луѓе што се уште се на таа „црна листа„, што ја спомнуваш. Доколку Македонија се уште беше во државен сојуз со Србија, тоа до некаде би било разбирливо. Но Македонија сега е независна држава. Зошто се уште имаме наши луѓе на таа „црна листа„. Како да ја избелиме?
И така сме еден грст народ. Зошто ги отуѓуваме најголемите патриоти, кои се бореле за слободата на Македонија?
 
Петар Чаулев : "Дебар ликуваше, Македонското знаме се вееше на секој прозорец"

Сакам да прашам, знае ли некој кое е било Македонското знаме во 1913г. ? Благодарам!
 
Сакам да прашам, знае ли некој кое е било Македонското знаме во 1913г. ? Благодарам!

Сигурно различно од Бугарското.
Молам!
 
Pa jas ne bi mnogu da filozofiram,nitu da prefrlam topka i da `pejam` za toa zosto ustvari site makedonski vostanija `slucajno` se izbrzani...i koj toa i za kakva cel gi instruiral tie lugje i im `podaril` sigurna smrt.
FAKT E DEKA srpskata armija pred I Svetska Vojna i posle atentatot nad Aleksandar Karadjordjevic ima vrsheno sistematski teror koj sto na svoi plekji go imaat oseteno mnogu makedonci.
Fakt e deka takviot odnos na linija na pomal otpor ima generirano mnogu preselnici od `starite kraishta` vo Bugarija...pa so dobar del od nivnite vnuci i u momentov se raspravam koj e makedonec a koj bugarin,i deka ednoto so drugoto ne moze da nosi znak na ravenstvo.
Fakt e i deka imale cela mreza na cetnici na koi sto pokraj borbite so kontracetnicite ufrleni od Bugarija (za koja sto cel bile oformeni i plateni) mnogu im se bendisuvalo da ubivaat,palat i siluvaat nedolzni selani!
Fakt e i deka bez Vasilije Trbic site ostanati krvnici bile cisti makedonci.
Fakt e i deka podelenosta,neukosta,neznaenjeto i tugjata ideologija vo odsustvo na dovolno cvrsta domicilna takva se najgolem problem i neprijatel na makedonecot.
I konecno:
Fakt e deka ako u skoro vreme ne se napravi bela kniga na interesi,pocituvani istoriski i kulturni nastani,celi i nacela so eden zbor na makedonskata drzava...ke izgnieme odvnatre...sto e mnogu potesko,pozalno i posramno nesto otkolku site do eden da zagineme za nasata drzava.
Site ovie fakti...se samo parce hartija ili malku prostor vo net prostranstvoto...ako nema koj da gi pocituva i sproveduva.
A jas,iako dosta sum procital i moze slobodno da kazam deka znam...:toe: ne sum toj sto smee da bide orovodec u toa oro!
Moe e i delimicno iskreno i od srce da se izvinam za postapkite na nekoi zverovi pred 100 godini!
Nereshitelnosta,predavstvata i bratoubistvata...ja rusat Makedonija.
 
... Одамна тропам дека Македонците, и Албанците секогаш заедно си ги решавале проблемите.


.... Албанците и Македонците (според моја некоја теорија) имаат блиски предци, барем ако ништо друго, со слична култура, и слични табиети. Разликите кои ги гледаме денеска, се како резултат од времето на Југославија па наваму. Ама кој да копа по таа пуста историја? Кога на некого му одговара да биде се така бледо, и нејасно.

малку сколија (ука) и логика (логика) дава можност да се разберат многу работи.

Во право си за перо и мастило, само што перото и мастилото некоаш шират несогласие и омраза :)

Логично дека имаме исти предци, само како што Французите го добија името по Франките, така вие го примивте името и дел од јазикот на Арбанезите/Албанците, за кои точно се знае кога и од каде се донесени.

За Илирите и „Илирскиот„ Елемент во денешните Албанци ке зборуваме на некоја друга тема.

околу топикот:

не би рекол дека е прв воен сојуз. Прво ги пеглавме педерите Атински, бевме заедно и до Индија и Египет, а и Турците сме ги толчеле долго заедно...

Ах тој Телевизоро, то лажливо перо и мастило, им го е..а умот на луѓето...
 
Македонците никогаш не се бореле под знамето на бугарија, освен во Балканската братоубиствена војна...тогаш било „убивај или ќе бидеш убиен“....

Значи во поновата Македонска историја ние сретнуваме три автентични знамиња:

Знамето на Илинденското востание, Крушевската република 1903:
Sg3201.gif


Мијачкото знаме:
Mijacko_Zname.jpg


Знамето на Македонската колонија во Петроград:
SG4011.JPG


Прво, теоријата дека Македонските револуционери се бореле за „припојување кон бугарија“ ти ја побива Крушевското знаме на кое јасно се гледа целосна Македонија со граници јасно истакнати со црвена боја, знак на единство.

Второ, Црвената боја ја сретнуваш кај сите три знамиња, но никаде нема ниту зелена, ниту бела.

Трето, единствениот агумент кој постои во сите, потполно во сите артефакти е содржувањето на СОНЦЕТО! СОНЦЕТО е вечниот Македонски симбол, сонцето го означува НЕПОКОРОТ! Симбол кој бугарија никогаш ниту го користела, ниту може да се сретне по „автентичните“ бугарски „артефакти“...

Знамињата со кои располагате и кои наводно биле веени од страна на Македонците се со сомнителни извори...впрочем како и Битолската плоча...ФАЛСИФИКАТИ.

И конкретно, отидовме Оф-топик....Не е темата за знамињата туку за Македонско-Албанскиот сојуз против србите во Охридското востание.
 
Никогаш Македонците во своите борби не се бореле под бугарското знаме, па не се ни исклучоци ни Охридското ниту Тиквешкото востание!


Знамето на Разлошкото востание 1876 година...

Sg2201.jpg


Црвено-жолта комбинација, главна карактеристика за Македонија. Лавот и златни булки кои го симболизираат жарот на сонцето. Нема бугарски знак.

Вистинското знаме направено од Рајна Поп-Георгиева
Sg3207.jpg


Нема бугарски знак.

thumbs_zagorichani_zname.jpg

Знамето од Загоричани, 1903...НИкаде нема бугарски знак.


Ти требаат ли уште?

П.С. Немој ни случајно да си играл на таа карта дека во Пиринска Македонија немало разорувања затоа што највлијателните луѓе од МРО се убиени точно во то дел по нарачка на Бугарскиот царски двор заради нивното „СЕПАРАТИСТИЧКО“ делување!
 
Jas go poznavam vostanieto kako Ohridska buna, dobro e da se pisuva i da se razoblicuvaat i poantmu nekoi ostulati koi dosega ne se dozvoluvase voopsto nitu diskusija.
Uste eden dokaz deka so albancite isto kako i so hrvatite makedonecot raka pod raka se borel protiv nivniot zaednicki neprijatel srbite !
E sega ostanuva na nas dali e si izvleceme pouka od istorijata ili ne.
 
Jas go poznavam vostanieto kako Ohridska buna, dobro e da se pisuva i da se razoblicuvaat i poantmu nekoi ostulati koi dosega ne se dozvoluvase voopsto nitu diskusija.
Uste eden dokaz deka so albancite isto kako i so hrvatite makedonecot raka pod raka se borel protiv nivniot zaednicki neprijatel srbite !
E sega ostanuva na nas dali e si izvleceme pouka od istorijata ili ne.

Малце вон-тема што имале Македонецот и Хрватот заедничко и во кој наврат..???
 
Малце вон-тема што имале Македонецот и Хрватот заедничко и во кој наврат..???

Na primer Srpskite teritorijalni pretenzii.. i kon Hrvatska i kon Makedonija. Potoa fabrikuvanjeto na istorijata i podmetnuvanje na nacionalistickite srpski tezi.
Dodeka Srpskite istoricari i politicari vodeni od idejata za golema srbija ja pishuvale svojata srpska istorija pravejki ne nas srbi i preku nashata makedonska istorija da si sozdadat nekoj link do slavata.
A Hrvatite pak..kako i crnogorcite..slovencite.. bidejki nemale nikogas nikakvi teritorijalni pretenzii kon nas.. rabotite gi prikazuvale od realna gledna tocka i nikogas ne posegnale dali po nashata istorija ili po bilo sto. Skoro site nie bevme zrtvi na srpskiot nacionalizam..
 
Малце вон-тема што имале Македонецот и Хрватот заедничко и во кој наврат..???
Атентатот на Кралот на Југославија односно Србија, Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј од страна на Владо Черноземски т.е. ВМРО во соработка со усташката организација на Анте Павелиќ...

http://tmar.biz/mahatma/atentati.htm
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom