Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Екипата на Металург ја забележа втората победа на подготовките во Анталија,денес беше совладан словачкиот клуб Кошице.По првичниот пораз од романски Отелул Галати,Металург забележа две победи во серија.Овој викенд беше совладан бугарскиот третолигаш Минор Бобов дол со 1-0,додека денес беше совладана четвртопласираната екипа во Словачката супер лига Кошице.Според информациите од Анталија,Кошице ја имал иницијативата во текот на целиот натпревар,но голманот Манчевски со неколку прекрасни интервенции не дозволил да биде совладан.Единствениот гол бил постигнат во 56 минута кога по брз контра напад по десната страна,Баже Илијоски ја сместил топката во мрежата на словаците.
 
Екипата на Металург ја забележа втората победа на подготовките во Анталија,денес беше совладан словачкиот клуб Кошице.По првичниот пораз од романски Отелул Галати,Металург забележа две победи во серија.Овој викенд беше совладан бугарскиот третолигаш Минор Бобов дол со 1-0,додека денес беше совладана четвртопласираната екипа во Словачката супер лига Кошице.Според информациите од Анталија,Кошице ја имал иницијативата во текот на целиот натпревар,но голманот Манчевски со неколку прекрасни интервенции не дозволил да биде совладан.Единствениот гол бил постигнат во 56 минута кога по брз контра напад по десната страна,Баже Илијоски ја сместил топката во мрежата на словаците.


Ајдеее Баже Илијоскииииии!!!!

Да се надеваме дека ќе се направи и навивачка група како што му доликува на Металург со овие играчи.Да се врати страста на Железарница!
 
Металург демолиран со 0-6 од белоруските младинци

Металург, третиот македонски фудбалски прволигаш што се наоѓа на зимските подготовки во Анталија, вчера беше демолиран со 0-6 во контролниот дуел со младата селекција на Белорусија до 21 година.Резултатот беше сосема неочекуван од амбициозниот клуб од Автокоманда ако се знае дека на претходните две пријателски средби во турската медитеранска база обезбеди победи против Кошице и Мињор.
 
Ајдеее Баже Илијоскииииии!!!!

Да се надеваме дека ќе се направи и навивачка група како што му доликува на Металург со овие играчи.Да се врати страста на Железарница!


Ете ги Пирати тие треба да навиваат за Металург:helou:
 
Ете ги Пирати тие треба да навиваат за Металург:helou:
Пирати навиваат за Скопје,додека Металург имаше своја навивачка група,но за жал траеше само една полусезона и тоа кога играше Металург во 3 лига.Да се надеваме дека пак би се оформила.
 
Како се викаше порано навивачката група ? Не ми текнува цело време се мислам :)
 
E bas me interesira kako se vikala zosto 1 pat slusam deka imalo navivacka grupa za Metalurg . Ako znae nekoj neka pise !!! :toe:
 
Стара гарда али како што напоменав краток век на траење имаше:nesvest::nesvest::nesvest:



Металург подобар од Таврија


Македонскиот фудбалски прволигаш Металург обезбеди уште еден успешен резултат на зимските подготовки во Анталија,откако со 3-2 обезбеди победа против украинската Таврија. Ова е трета победа од четирите контролни средби на тимот од Автокоманда во турската медитеранска база. Со заслужената победа против Таврија, Металург се извади за дебаклот од 0-6 против младинската селекција на Белорусија од претходниот ден. Металург на првите два тест-натпревара оствари победи против бугарскиот Мињор и словачкиот Кошице.

Резултатот уште во 2. минута го отвори Спасоевиќ со удар со глава. Водството беше удвоено во 20. минута преку Поповски. Максимално водство следуваше во 25. минута со погодокот на Ѓуриќ преку слободен удар од 20-ина метри.Украинците намалија во 60 и 70 минута, а при првиот гол, противничкиот напаѓач Гигиадзе три пати го изведувал пеналот, откако биле повторени првите два удара од белата точка што голманот Манчевски успешно ги одбранил.

- Ризикував израмнување со тоа што од 70. минута го променив поголемиот дел од екипата, но добро се држевме до крајот и мислам дека можевме да победиме со поголема гол-разлика - изјави тренерот Ѓоре Јовановски.
 
Металург 1 победи со 2-0, но Металург 2 загуби со 0-3

Амбициозниот скопски прволигаш Металург прокоцка предност од два гола против петтопласираниот узбекистански клуб Машал и загуби со 2-3 на седмата контрола на „железарците“ во турското монденско летувалиште Анталија, каде што се на подготовки до петок.

Металург играл одлично 75 минути од мечот, а потоа паднал во финишот откако тренерот Ѓоре Јовановски го сменил комплетниот тим на теренот. Металург до водството стигнал преку Бојан Спасојевиќ по одлична асистенција на Баже Илијоски и со голот од пенал на центарфорот Илијоски по прекршокот врз Стефановиќ.

- Одлично одигравме во тие 75 минути. Имавме игра, можевме да дадеме уште три-четири гола, но потоа паднавме. Го плативме данокот на неискуството, затоа што дел од играчите првпат играат вакви мечеви - рапортираше Јовановски од Анталија.

Ова беше четврти пораз на Металург, кој досега загуби и од романските Оцелул Галаци (1-3) и Снагов (1-3), како и од надежната младинска репрезентација на Белорусија(0-6). Победени беа бугарски Мињор (1-0), словачко Кошице (1-0) и украинска Таврија (3-2). Последниот осми меч, Металург ќе го одигра в четврток, против Австријката Адмира Вакер.

Јовановски е презадоволен од подготовките по кои, за разлика од минатата полусезона, во оваа „железарците“ ќе имаат нов лик. Полека и српските засилувања се аклиматизираат на тимот, а и екипата се уигрува, откако беше направена коренита промена на кадарот. За вчерашниот меч, само голманот Манчевски и Бразилецот Нено не беа во комбинација поради ситни повреди.

Во првиот дел, Јовановски излезе на мегдан на Узбекистанците со Тасевски, Бишевац, Ѓоргиевски, Докниќ, Јовановски, Цветановски, Шабани, Ѓуриќ, Стефановиќ, Спасојевиќ и Илијоски. Во второто полувреме играа уште Наумовски, Дончевски, Донев, Милушев, Михајловиќ, Јашаровски, Смокоски, Ѓурчевски, Поповски, Велковски и Стојановски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom